Да, ама според играчите што ги имаме многу попаметно ни е да одиме на гол плус, отколку да не примиме гол. Имаме страшен офанзивен потенцијал, а со 3-5-2 се гушат пола од играчите. И ќе се деси меч како против Вила, Стоук и Саутемптон кога ја имаме топката преку 60% посто од времето, а уствари не сме направиле една вистинска шанса, не сме изработиле една фудбалска акција.
Прво му беа повредите проблем, сега ова. Па нека си почне со поофанзивна формација (ова посебно важи против послабите екипи и сите мечеви на домашен терен), па после евентуално водство нека додаде уште еден дефанзивец. Иам некое чувство дека ова му е некој хир на ван Гал, да се фали после оти го вратил тимот во ЛШ со 3-5-2.