Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
кој се овие лансбури и фрипонг ???
младинци се некој или пак да не ги купивте сезонава ??? топџии ?
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Арсенал оваа сезона нека се помират за титула,очајни се,премногу повреди ( не знам како успеваат толку да се повредат),психички неподготвени ( 2 црвени на 2 меча),и нема креативност,нема кој да гради игра освен Насри( а ако си ојде и тој не знам што ќе се дешава).Тој Фринпонг или како и да се вика,има талент но нема мозок,па нека се надеват дека барем ќе бидат во топ 5-6 ....
Ливерпул одигра добро но видовме дека со Суарез се многу поопасни,овој Керол за ништо не го бива,џабе парите фрлени за него.....
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
19.08

DAILY MIRROR
• Играчот на Арсенал, Самир Насри преминува во Манчестер Сити – но вели дека повеќе би сакал да премине во Манчестер Јунајтед, Барселона или Реал Мадрид.
• Новиот играч на Ливерпул, Хосе Енрике вели дека играчите на Њукасл се несигурни за својата иднина и сакаат да го напуштат клубот.
• Понудата на КПР од 4 милиони фунти за Скот Паркер беше одбиена од ко-сопственикот на Вест Хем, Дејдив Суливан. Тој вели дека понудата од 4 милиони футни е еднаква на тоа клубот да достави понуда од 12 милиони фунти за Вејн Руни.
• Блекбурн ја договорија висината на оштета на напаѓачот на Хофенхајм, Ведад Ивишевиќ, а денеска се надеваат дека тоа ќе го направат и со Симон Вукчевиќ.
THE SUN
• Челзи и понатаму атакува кон Лука Модриќ, а сега се подготвени да достават 30 милиони фунти плус Јуси Бенајун.
• Јунајтед се уште го посакува Весли Снајдер и се подготвени да чекаат до последната минута за негов ангажман.
• Болтон се надева дека ќе го комплетира трансферот на Давид НГог пред натпреварот со Манчестер Сити во недела.
• Фулам подготвува понуда за Брајан Руиз од Твенте.
• Тотенхем се надеваат дека ќе го ангажираат Ласана Диара од Реал Мадрид за 6 милиони фунти.
• Норвич и КПР водат во трката за играчот на Хал, Џими Булард.
• ФА се надева дека одложениот натпревар Англија – Холандија ќе се одигра во февруари 2012 година.
DAILY STAR
• Блекбурн се уште е во трката за ангажман на Раул од Шалке.
DAILY MAIL
• Челзи ќе достават 28 милиони фунти за Хуан Мата од Валенсија и подготуваат подобрена понуда за Лука Модриќ.
• Рајо Валекано се интересира за Роке Санта Круз од Манчестер Сити.

20.08

DAILY MIRROR
• Самир Насри е на работ на трансфер во Манчестер Сити вреден 22 милиони фунти.
• Карлос Тевез доби препорака од Сити дека треба да се бори за место во тимот.
• Алберто Аквилани и Марио Балотели се на листата на трансфер желби на Милан.
• Амбициозниот КПР ќе му понуди неверојатни 4 милиони фунти по сезона на Шон Рајт Филипс.
• Монако се обидува да го ангажира Гаел Живет од Блекбурн.
• Играчот на Тотенхем, Себастиен Басонг е цел на Бурсаспор.
THE SUN
• Сем Алардајс верува дека Фабио Капело се обидува да го наговори Скот Паркер на заминување од Вест Хем.
• Лацио се вклучи во трката за играчот на Манчестер Сити, Шон Рајт Филипс.
• Нил Ворнок верува дека може да ја добие битката за задржување на Адел Тарабт.
DAILY STAR
• Арсенал му препорачал на Самир Насри: Додека клубот те плаќа, ќе играш за него.
• Карлос Тевез доби предупредување дека неговото место во тимот не загарантирано.
DAILY EXPRESS
• Арсен Венгер вели дека може да го напушти Арсенал доколку не ја добие поддршката од фановите.
• КПР се верува дека ќе ја зголеми понудата за Скот Паркер.
DAILY MAIL
• Роберто Манчини е подготвен во неделниот натпревар со Болтон во нападот да започне со Кун Агуеро и Карлос Тевез.
• Милан го посакува Питер Крауч на позајмица.:pos::pos:
• Сандерленд се интересира за напаѓачот на Фрајбург, Демба Папис Сисе.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.774
Поени од реакции
12.110
кој се овие лансбури и фрипонг ???
младинци се некој или пак да не ги купивте сезонава ??? топџии ?
Нивни се од младинците
--- надополнето: Aug 20, 2011 2:46 PM ---
Арсенал оваа сезона нека се помират за титула,очајни се,премногу повреди ( не знам како успеваат толку да се повредат),психички неподготвени ( 2 црвени на 2 меча),и нема креативност,нема кој да гради игра освен Насри( а ако си ојде и тој не знам што ќе се дешава).Тој Фринпонг или како и да се вика,има талент но нема мозок,па нека се надеват дека барем ќе бидат во топ 5-6 ....
Ливерпул одигра добро но видовме дека со Суарез се многу поопасни,овој Керол за ништо не го бива,џабе парите фрлени за него.....
Абе види.....за онаква игра треба и такви играчи. Физички слаби но технички спремни. Затоа и имаат повреди. И Барселона да игра во Премиер Лига слично ќе ја снајде со повредите. Со таква игра и такви играчи во ПЛ тешко тешко до титула. Плус дечишта се сите и тоа е додатен проблем за Венгер.Мора да пазарат
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Нивни се од младинците
--- надополнето: Aug 20, 2011 2:46 PM ---

Абе види.....за онаква игра треба и такви играчи. Физички слаби но технички спремни. Затоа и имаат повреди. И Барселона да игра во Премиер Лига слично ќе ја снајде со повредите. Со таква игра и такви играчи во ПЛ тешко тешко до титула. Плус дечишта се сите и тоа е додатен проблем за Венгер.Мора да пазарат
Не е во тоа работата,дека физички се слаби,какви дуели имаше во овој меч?Ако мислиш на темпото кое се игра во Премиер Лига ондак мислам дека не треба да влијае тоа во повредите,ајде 1 или 2 или 3,но 7-8 ? Мислиш дека фудбалерите на Блекбурн или Виган се по спремни за вакви игри?Не верувам дека тоа е така,едноставно или немаат среќа или нешто друго е работа....А за да имаш толку младинци во тимот ондак мора да имаш многу искусни играчи....
 

UnitedFan

Red Devil
Член од
15 август 2011
Мислења
140
Поени од реакции
44
Посран беше само составот на Арсенал. Ливерпул немаше ни целосна иницијатива каква што мораше да ја држи против таков среден ред на Арсенал. Голот падна по исклучување на играч и тоа од тешко сомнителна ситуација.

Подобри бевме да, ама мораше ем порано да се даде гол, ем да им се покаже на тие пилците од Арсенал како се игра.
Точно.Арсенал ќе се мачат сезонава,дали и во првите 10 ќе бидат вака.Ливерпул не покажаа ама баш ништо со победава според мене,quote од Twitter-"Are Liverpool title contenders for outrunning 10 tired Arsenal teenagers?"
Wenger-КУПУВАЈ!
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.774
Поени од реакции
12.110
Не е во тоа работата,дека физички се слаби,какви дуели имаше во овој меч?Ако мислиш на темпото кое се игра во Премиер Лига ондак мислам дека не треба да влијае тоа во повредите,ајде 1 или 2 или 3,но 7-8 ? Мислиш дека фудбалерите на Блекбурн или Виган се по спремни за вакви игри?Не верувам дека тоа е така,едноставно или немаат среќа или нешто друго е работа....А за да имаш толку младинци во тимот ондак мора да имаш многу искусни играчи....
Абе сепак се деца. Не можеш со деца во ПЛ да играш. Ајде Ливерпул и не беа многу груби. Ама кога ќе играат со Стоук,Сандерленд итн инт посебно со првиве ќе јадат ќотек како на кик бокс да биле
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Абе сепак се деца. Не можеш со деца во ПЛ да играш. Ајде Ливерпул и не беа многу груби. Ама кога ќе играат со Стоук,Сандерленд итн инт посебно со првиве ќе јадат ќотек како на кик бокс да биле
Е да,за ова во право си,не само во Пл туку и во која лига да си мислам дека тешко е да направиш нешто со тимот во кој имаш многу младинци,едноставно искуство мора да имаш.И јас сум за што повеќе младинци да играат во прв состав ама не и по секоја цена....
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
момци шо е работа со myp2p.eu само кај мене не го отвара или ?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
BREAKING NEWS: Torres has retired from professional football after finding out Heskey has scored more goals than him this season.
 
А

Анноун

Гостин
Брејкинг Њуз , до 7.15 денеска , Торес ќе даде два гола на полувреме и тогаш ќе почнеш да мислиш оти бербатов најчесто влегува во игра само на тренинзите на јунајтед.

не да го отекоа со торес овие комплексни навивачи на Манчестер од 142 килограми кои по цел ден дремат на компјутер и мислат "јаки" фори .. јајцата ни ги отекоа.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Шала на страна, ако игра Торес со истото темпо како во првото коло, денеска очекувам 1-2 гола од него. Време е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom