Чек малце, прво ми го кажуваш дека Тевез со тој гол против Виган ја донел титулата и бил важен а после ми префрлаш зашто сум го спомнувала Роналдо и одбранбеното трио? Секако дека целиот тим е важен за освојување на една титула, колектив е, не се работи за индивидуален спорт. Ама ти прв почна со тоа како Тевез ја донел титулата.
Второ, никаде јас го немам обвинето Тевез за предавство. Каде го кажав тоа? Имало и поглавни од тимов што си заминувале и никогаш не сум ги обвинила за предавство и што па не. Секако дека ќе беше подобро да останеше Тевез таа сезона кога Роналдо отиде во Реал Мадрид и имавме дефицит во офанзивата. Ама зборам за сезоната од кога си отиде. Сега со тие 20 гола на Ернандез во првата сезона ама воопшто не ми е криво, може да оди каде сака.
Тоа што го му префрлам на Тевез е фактот што највеќе ми е криво кога гледам спортисти со потенцијал како се уништуваат самите себеси поради мрза ли, дали поради пари, дали поради некој што стои во заднина, не е битно. Дури и овој што го носам на аватар направи таква глупост пред 4 години и еве го сега пробува да се врати, ама не е исто кога одиш накај 30 години и пробуваш да се вратиш. Да не се случи можеби истото со Карлитос?
Да е до мене, можеше и Руни да отиде зимава во Сити ако сакаше, немаше да го обвинам за предавство. За кукавичлак? Можеби. Треба да стане лидер на новата генерација а тој бара трансфер. Е сега и тоа со трансферот беше мамка од агентот негов ама нели, како што ти не веруваш на BBC дека имало барање за трансфер на Стиви, така и јас нема да верувам на ова.
Као тебе до потенцијалот на Тевез ти е? Ма не, друга е работата. Сепак тој замина да игра во „Шити“, нели?
Може ќе се согласам дека јас прв почнав за Тевез, но тоа е заради навредите кои ги испраќаа (други, не ти) кон Тевез, играч кој Ви ја донесе титулата и беше „црвен ѓавол“. Што и да направил, заслужува повеќе од респект. Или додека е кај вас е сјаен, а после е копиле и вампир и сл. Значи, секој го гледате објективно доколку не е на Олд Трафорд. Секако...
А доколку тврдиш дека колективот е тој кој носи резултати, немој да величаш (величате) поединци, лајк Кантона. Сепак, вашата филозофија се темели на манчестер Јунајтед, на тимот, не на поединци. Зошто тогаш тој е Крал? Сепак, треба да ми одговори Ерик д Кинг, афкорс.
Останатото е јасно...
Една крава дадела 20 литра млеко и на краајта го истурила со ногата. Таа ти е работта и со Тевез. И головите на Роналдо да беа на неговото конто, а го направеше истото пак немаше да биде различно од сега. Он се стави сам пред сите играче, му беше мака шо беше помалко ценен од други, а не ни беше квалитетен как них (чити Роналдо). Он се постави НАД цел клуб. Си се прецени самио. Имаше „голема гордост“. Поголема и од таа на Јунајтед. Го немаше тва трпение шо го има Овен на клупата, шо го има Ошеј цела кариера, шо го има Браун, Гибсон, Фостер шо го имаше. А у секој случај Ферги ќе го смираше. Он си ојде сам. Мислеше дадел 3 значајни гола и може да се рамне со Роналдо. Па и ојде кај комшиките...
Не вреде да се праве маабет за него, исто как шо не вреде тема ПЛ да га труеме со теми за Јунајтед. Зашо? Оти некој посерко сакал нас да не науче оти незнааме шо е комплекс.
Со такви како тебе се среќавам цела учебна година. Јасни ми се. Поготово тие од Латинска Македонија, какоХ ти бее генералееХ. Нејќам да трошам време.
Чудно изгледа, ама едини здрав и прав навијач да ви е девојче, ми изгледа чудно. (нејќам да звучам шовинистички, секако)
Ама ти, сепак си генералХ на манчестер фааановее ааа?
Тевез ни донел титула и треба да го обожаваме, а Кантона кој ни донел 4 итоа во период кога не бевме најмоќен тим во Англија треба да го мразиме. Многу логично. Што ти прави комплекс значи.
Се обложувам дека немаш повеќе од 14 години. Гледам по овој коментар, се разбира.
Кој рече бе, главо празна, дека не треба да го почитуваш Кантона?
И сега имаш уште една дефиниција за комплекс, а?