Мурињо стана тренер на Челзи кога во Манчестер дојде смена на генерациите, сличното го стигна ни помалку ни повеќе и Арсенал. Самиот Манчестер тогаш беше очаен, испадна по групи од ЛШ дури една сезона. Конкуренцијата тогаш беа послаба. Анчелоти дојде како менаџер на Челзи кога Манчестер имаше освоени три титули по ред, Арсенал почна да се издига, Тотенхем и Сити инвестираа на големо и земаа излез во Европа
А го забораваш тоа што сезоната ја заврши еден поен пред Манчестер, која доминација еј, и кога му се случи дебакл со Интер, ете баш со Мурињо.
Неможеш да споредуваш работа на Анчелоти и Мурињо, вториов е кока-кола за Карло.
Не е дека не сум задоволен од таа сезона, секоја чест, освои Дабл, напиша уште нешто во историјата на Челзи, но не на тој начин како Мурињо за да би се највеќе плашела од него.
Ќе се умешеам у муабетов...
Мислам дека многу го потценувате Анчелоти, човекот не е толку лош колку што вие го спуштате. Како прво работеше под огромен притисок и очекуваа сите од него трофеи со таков речиси никаков тим. Да, лани со тој тим го извади максимумот, но тоа еднаш се гледа.
Вас филмот ви беше ко на Интер, имаме шампионски тим, не ни треба никој и ништо, ќе им е*еме мајката пак на сите. Годинава Челзи имаше слаб тим, многу слаб за да ја одбрани титулата. Многу од играчите се во одминати години од својот зенит, дел од нив преценети (Микел, Калу), и можеби најважното... мнооогу слаба клупа, дури и премногу слаба за тим кој се бори за титулата. Значи на почетокот додека сите првотимци беа здрави, Челзи даваше голови ко од шала, али коа се повредија еден, двајца, Челзи падна у огрмона криза. Епа неможете од МекЕкран кому сеуште брада не му пораснала да очекувате да ви ја донесе титулата...
По мое мислење, Јунајтед титулата ја освои најмногу благодарение на долгата клупа. Факт е дека Јунајтед има најголем избор на замени во тимот. Можеби не се тоа некој ултра талентирани играчи, но знаат да изиграат 2-3 утакмици против послаби екипи.
Мислам дека премногу чуда очекувавте од Анчелоти, можеби и тој потфрли во некој поглед (пред се заради огромниот притисок), но вината треба да ја споделите и со играчите и бордот, кој мораше да донесе поголемо засилување од Бенајун...
Со самото тоа што беше назначен за тренер на Челзи следуваше огромен притисок, секако и во било кој друг голем клуб, значи ако е човек што лесно потпаѓа на притисоци ондак што ќе ни е? Нели? Многу јасно.
Тој во првата сезона имаше компактен тим, одлична клупа, и помошник кој е легенда на Челзи и знаеше како дишеше клубот, во втората сезона можеби не си прочитал но на Анчелоти на располагање му беа 80 милони за засилувања но тој рече дека нема потреба Челзи да се засилува дека играта ќе ја базира на младите играчи, ќе форсира млади играчи, дрн дрн, а што се случи, пак истрошените легенди и ветерани во Челзи играа секој пат прв тим, и покрај тоа што се влечеа ко сардини на терен.
Во право си, но сепак Анчелоти имаше избор пред почетокот на сезоната.
За Манчестер не коментирам, веќе се имам произнесено на темава, секоја чест, посебно за Фергусон.
Не го критикувам јас само Анчелоти, го критикувам Абрамович, доколку си ме читал во фан-клубот ќе сфатиш за што зборувам, сум го критикувал бордот, играчите, се по ред.