Позицијата голман е специфична знајш и сам зошто, а можиш да си го потврдиш тоа со фактот што Арсенал го доведе Леман вон трансфер период пошто остана само со еден голман, шо не е дозволено ако имаш пет повредени напаѓачи на пример, или дефанзивци, небитно. Оди на сајтот на Челзи, една од последните статии со изјави на Анчелоти да видиш како вика дека „од неговите напаѓачи бара тимска игра и отворање простор и за Френк Лампард“. Твојата поделба на должности да ја наречам, знајш кога паѓа во вода комплетно? Кога имаш противници како Манчестер Сити денеска, против кој мораш да напаѓаш со 9 или 10 играчи за да постигниш нешто - така шо Тери мора да оди лево крило, Рамирес на десно крило, Лампард напаѓач, Есиен полушпиц, Луиз последен на средина, итн, итн, итн.... Тоа го можат само универзалци, на шо Торес ќе му треба време да се навикни со оглед на тоа како функционираше Ливерпул и до кај стаса заради тоа. Додуша денеска го гледав второто полувреме против Сандерленд, така да се поправа и Ливерпул, ама уште му е рано.
Торес од Ливерпул е одамна незадоволен. Тоа шо Челзи дури зимово се реши да притисни е друга работа. Торес ко шо кажал во интервју, смета дека на Ливерпул ќе му треба еден подолг период за пак да се врати кај шо беше, а тој не е во години кај шо можи да чека (денеска напраел 27 години). За сакан не знам се уште, ама почитуван е и на Стемфорд Бриџ, максимално. Од сите, освен од Малуда можеби.