Барам игра.. т.е. "Која беше играва..?"

  • Креатор на темата Креатор на темата Esobar
  • Време на започнување Време на започнување
Играта ја играв мноогу порано беше со едно топче, треба да поминваш полигони, кои се на небо и ако љуфниш паѓаш долу на земја.. стара игра за PC кој ќе ја најди нека пиши тука...:cuc: (y)
 
Играта ја играв мноогу порано беше со едно топче, треба да поминваш полигони, кои се на небо и ако љуфниш паѓаш долу на земја.. стара игра за PC кој ќе ја најди нека пиши тука...:cuc: (y)

ваљда на оваа мислиш marble blast?

Како се викаше онаа играта со ресторанот? Значи има едно животно кое е всужност келнер(едно бело животно беше)и идат во костум облечени машки и женски. А ако им угодиш се смеат.
Како се вика играва, носталгија ми е.
 
Snowy Lunch Rush ?
 
Порано негде 1996/1998 година, на телевизија (не ми текнува која беше, важно сега веќе не постои) секое сабајле даваа видео игри. Имаше да бираш 4 игри, знам едната мислам дека беше со авиончиња, додека пак другата беше Ромео и Јулија (очигледно). Секој пат Јулија се наоѓа на различна височина во тврдината кај што престојува, а Ромео ќе мораше да скока директно на балкон кај нејзе. Интересна беше затоа што имаше некои ќе го наместеа Ромео да летне над небото, или пак да се клизне на самото место кај што стои. Кога немаше да доскокне до балконот, Ромео ќе се слупаше во замокот, и ќе пропаднеше доле во водата, а Јулија почнуваше да плаче.

Толку се сеќавам од играва, ако некој знае која беше, ќе му бидам благодарен доживотно :pipi:
 
абе тие беа со телефон да ги играш, лелелел колку се палев, ама коа дојде сметката.. :icon_lol:
ми буди интересни спомени
 
абе тие беа со телефон да ги играш, лелелел колку се палев, ама коа дојде сметката.. :icon_lol:
ми буди интересни спомени

Да де, заборавив да спомнам дека преку телефон се играа, нешто како Тајни Агент Изи што беше пред 10-ина години кај нас. Само оваа беше со 2D графика :icon_mrgr:... Цел живот ја барам играва
 
Барам една игра.. многу одамна ја играв.. може има 8-9 години..
Не се сеќавам на се точно.. ама финтата беше шеташ по различни места (градини, канцеларии) и секаде околу тебе има цигари, и ти треба да ги изгасиш цигарите (валда)..
Ако може да помогне.. цело време се слуша звук на кашлање од време на време.. :D
 
Имам многу матни сеќавања од една игра што ја играв на Sega Genesis.
Првиот левел беше на покриви од куќи скокаш од покрив на покрив а куќите беа во кинеско/јапонски стил. Мислам дека можеше да одбереш (или пак како што идеа стазите така и јунакот се менуваше, шознам) меѓу 3 јунаци едниот беше самурај со меч, другиот имаше пиштол и третиот мислам дека беше нинџа. И имаше нешто ко балончиња летаа горе или беа бонуси или те носеа на друг покрив каде што не можеш да скокнеш.
Знам дека описов е забеган ама се надевам дека ќе му текне на некој. :D
 
Од дамна ја имам играно на првиот компјутер што го имав, пентиум 2ка нешто така. Играта беше со колички возење, ама онакви играчки колички, не вистински коли. И не, не беше Revolt или како и да се викаше таа. Не беше голема игра, неколку мапи беа, и неколку колички. Пекол игра, многу се палев ко мал. :D
 
RC Racers Deluxe Traxxas Edition ?
 
RC Racers Deluxe Traxxas Edition ?
Не е оваа. :(
Али ваква беше, од птичја перспектива се гледаа работите, имаше повеќе стази, можеше и двајца да ја играат. Со брат ми се убивавме од играње.
Мислам дека никој ја нема играно играва, скептик сум дека некој може да ја најде, зашто сигурно беше 90тите негде играта.
Имаше една црна количка и една жолто/портокалова и тие две колички беа најбрзи.

EDIT: Отворив листа на Wikipedia за сите игри со тркање од 70тите до сега и ја најдов.
Ignition се викала. :D
 
Последно уредено од модератор:
Барам една игра,онлајн се играше си правиш карактерче и се бориш со други противници и освојуваш секакво оружје? Помош?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom