OdMitico
Rajko Mitic
- Член од
- 4 мај 2008
- Мислења
- 1.303
- Поени од реакции
- 248
Ирската полиција со години се обидуваше да го фати мистериозниот Полјак кој направил бројни сообраќајни прекршоци во Ирска. Ирците конечно успеаа...и се посрамотија.
Полјаците се меѓу најбројните имигранти во Ирска и таму ги работаат речиси сите работи поврзани со одржување и сервисирање. Затоа не е ни чудо што ирската полиција често си има работа и со шоферите од Полска. Еден таков возач, Prawo Jazdy, со години насобрал еден куп казни но полицијата никогаш не успеа да го пронајде и да ги наплати. Секој пат кога ирските џандари ќе го запишеле неговото име поради пребрзо возење или погрешно паркирање, мистериозниот Prawo имал возачка дозвола со различна адреса.
Кој знае уште колку долго Ирците ќе мачеле мака над овој мистериозен случај за најпознатиот полски шофер, доколку не откриеа конечно дека Prawo Jazdy на полски значи - возачка дозвола
Еден полицаец проверил во компјутерските архиви и открил дека во системот постојат повеќе од 50-мина казнети возачи со име и презиме Prawo Jazdy, секој со различна адреса. Па, полицајците наместо името на возачот во пријавата запишувале "возачка дозвола" на полски, и нормално, коректната адреса на човекот.
Не се сомневаме дека сега сите ирски полицајци знаат барем два збора на полски, но не би не изненадило доколку се појави некој нов Prawo можеби кај нас, во Македонија
Извор