Оригиналната грчка песна е Лаика или Лаико стил што во Грција е пандан на српскиот Турбо-фолк. Со други зборови - не е на граница меѓу поп и турбо-фолк, туку е турбо-фолк. А имаше моменти и во изведбата и на Лукијан каде вибратото и мене ко да ме пренесуваше во друго студио во Шимановце. За изведбата на Харис Ќато пак да не праиме муабет - речиси ко да гледав Гранд парада!
ЗАКЛУЧОК: Емина нема поим од музика! Дури и некои од нејзините песни се Турбо-фолк, и изгледа до крај ќе ја гледаме како го фура овој стил кај нејзините кандидати.
Па добро, прво напишав дека ми е малце турбофолкерска песна, па после избришав, викам ај да не бидам ептен груба, па малце дипломатски ја променив.

Искрено, Лукијан многу подобро ја изведе од овие Тропико бенд, дали и заради тоа што ја направија поспора, па не делуваше така кога тој ја пееше. Мене песнава ми беше позната кога ја чув, но не ја знаев, ја укуцав после на ЈуТуб и кога ја чув од Тропико некако се разочарав.

Вака додека Лукијан ја пееше ми делуваше како многу поубава песна. А да, имаше моменти со вибрато, ама тука не го обвинувам толку Лукијан колку Емина, бидејќи песната сама по себе е таква, со оглед на тоа што имаше добро и ја обработи. Еве погоре ја ставив и акустичната преработка, таму па ептен добро звучи песната, мислиш најголем поп хит е, т.е балада.

За Емина генерално се согласувам, некако им ги утка песните. На Харис му даде песна од Чола. 13 годишно дете пее песна од 60 годишна легенда на овие простори, а на претходната му го даде Џастин Бибер (кај е тој ужасен, па уште најужасна песна му даде, таа песна според мене уопште не е ни наменета за пеење во живо). Варијации милион.
А штета Лукијан и Алекса со малку подобри песни кои ќе им одговараат на гласот и темпераментот можат да дадат одлични изведби.
Лукијан има глас, тоа е неспорно, ама некако ми се гледа загубено кога пее матрица која не е акустична. На прошлите 2 вечери не беше нешто нај нај, а кај куќата на Емина одлично ја испеа All of me од Џон Леџенд која е акустика само на пиано, таа стварно ја згрми. Го следам на Јутјуб баш и неговите кавери се топ, ама ми се чини дека има слобода и може да се контролира кога има само акустика, а на цела матрица некако ми гледа како да не може да го вметне својот глас. Ќе видиме наредната недела баш ако има уште еднаш целосна матрица како ќе се покаже.
Се согласувам, ама некако и матриците генерално на натпреварувачите знаат да бидат чудни. На пример на матрицата кај Даниел на моменти кога ги имаше “пратечките вокали“, тие беа и прегласни, среќа што (според мене барем) Даниел одлично се снајде.
А не знам зошто толку Армин го форсираат во Доктори, на пример во Цесарица, Урош многу подобар беше од Армин, а верувам дека и другите подобро ќе ја испеаа од Армин. Прошлата Армин ми ја уништи Story of my life. А тоа е песна што многу ја сакам. Не е дека има лош глас дечкото, ама ми има некако пискав глас, не ми е толку за да биде водач на групата.
Има некоја ѕвезда, не дека пее нешто којзнае како, просечно. Вонсериски глас и не е пресуден, ова е Икс фактор.
А бе кажи си ко човек, презгоден е и преубав и има харизма, што се стегаш.

Јас си признавам дека кога ќе излезе, првата минута не го ни слушам што пее...
