Balkan hip-hop & R'N'B Fest vol.1 @ Метрополис арена - 05.02.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Возраст
35
БМ продукција го најави првиот и досега најголем балкански фестивал под име "Balkan hip-hop & R'N'B Fest vol.1", кој...

... ќе се одржи во Метрополис Арена на 05.02.2011 год, ден Сабота.

Настанот ќе започне во 21.00 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Ќе настапат познати и звучни имиња од целата балканска Hip Hop & R'n'B естрада како...

EDO MAAJKA - Босна
CONNECT - Хрватска
UPSURT и LORA KARADZOVA - Бугарија
SAF, TOKSIKOLOGIJA - Македонија
DJ PLAYA, GRU, CVIJA, MARCHELO, ANA MASULOVIC, STRUKA, LUD - Србија

Повеќе информации наскоро...

balkanhop1.jpg
 
па доста звучни имиња се најавени не ми се верува да бидне ова баш со сите овие имиња
 
Точно е, потврдено е..
Twitter Facebook
Официјални твитер и фејсбук профили на Марчело потврдуваат...
 
интересно... сепак не... блгариве и токсикологија ќе ебат атмосфера ама САФ цел ко шо рече Драган е немогуче така да не фала
 
Сега приметив и Едо Маајка потврдил присуство.

Стварно ќе да е ова :)
 
Продажбата на билети стартува на 15-ти јануари во сите продажни салони Тобако и Тogether и кафулето Ало, ало (Кеј 13-ти ноември).

Еве ги цените:

Од 15-ти до 31-ви јануари - 290 денари
Од 1-ви до 5-ти февруари - 390 денари
На благајната на Сајмиште - 490 денари
 
Ќе настапат познати и звучни имиња од целата балканска Hip Hop & R'n'B естрада како...

CVIJA, ANA MASULOVIC,
[/B]
Oва не е никаков хип-хоп..Овие настапуваат во Милениум и Шкорпион .


На Едо и Марчело сум бил безброј пати. Токсикологија нејќам да ги слушам, Конект, Гру, такоџе. За Струка можда би се прелажал ама не вреди нешто посебно за тие пари.

Збркајте за Прти Беге, Севен, Болесна Брача, Контра и слични артисти што не биле никогаш овде... Не овие да ги носите на Зона радио што ги пуштаат ебате...
 
Ај... празна темааа... а фин фестивалчич беше ова.

Ме мрзи да пишувам, само ќе споделам една-две-три фотки :)

За почеток срдечен поздрав од Дино Дрого Дрого Дрого...
IMG_7271.jpg


Е сеа не се сеќавам дали сетот на Гоце беше пред или после Дино Дрого..
IMG_7320.jpg


Овие Цвија и Ана не ги ставам на форум. Додуша Ана има добар г’з ал да не ја трупам темава со фотки

Гру беше арен :) Рецитираше Имам 30 ал још увек ме желе... како и уште 5-6 души у цела публика на Саем :) Тука не го рачунаме Сури од студени нозе, него никоја не го сака :pos:
IMG_7608.jpg


А имаше малолетнички, и тоа премногу...
IMG_7624.jpg


Еве ги и Упсурт со танчарките
IMG_8154.jpg


Мада мене повеќе ми се свиѓа кога се само танчарките
IMG_8306.jpg


Сакате да видите каква беше реакцијата на публиката ?
IMG_8478.jpg


Едо Маајка оствари многу ТоБ контакат со публика
IMG_8530.jpg


Овие на следната слика нешто многу вриштеа чекерауц... нешо домаќини разбрав биле...
IMG_8852.jpg


Коннект беа ТоБ. Еден од момците од се прошета да се поздраи со публика.
IMG_9085.jpg


И за крај ѕверот, јас бев преморен и заминав... сабајле читав по ФБ дека развалил. Јас седев до моменто кога се качи на конструкцијата горе кон лај-шоу елементите
IMG_9141.jpg


И имаш и едни двајца со јакни цело време беа.. не ги знам, бркав жени па не ги забележав многу-многу
IMG_7739.jpg
 
Oва не е никаков хип-хоп..Овие настапуваат во Милениум и Шкорпион .


На Едо и Марчело сум бил безброј пати. Токсикологија нејќам да ги слушам, Конект, Гру, такоџе. За Струка можда би се прелажал ама не вреди нешто посебно за тие пари.

Збркајте за Прти Беге, Севен, Болесна Брача, Контра и слични артисти што не биле никогаш овде... Не овие да ги носите на Зона радио што ги пуштаат ебате...
и ја би за ова :)

--- надополнето ---

а тонка на овие од 4та слика дан им зеде нешо број телефонски случајно? :)
сеедно знам дека Едо има ломено и Марчело стандард... Френки фали тука :)
 
..вредеше што останав до крај! Вредеше! Беше совршено ... додуше на почетокот беше досадно,досадно и досадно.Кога дојдоа упсурт,групава од Бугарија...јаоо машкава популација што беше присутна се тепаше за во прв ред,а ако не со тепање тогаш со обидите како "можам ли да пројдам до напред, од организацијава што го организира ова сум" ..ауууу хахахах..ама добро,сеа,машки.Тоа е.Едо беше срце , само одеднаш се појави на бина со ранец, торби и шише вода во раце ... интересно.И кога почна,развали.Конект беше така-така.Ама сепак,врв на се беше Марчело,Ненси и Министар.Најбоље трио са брееееј ! Ги сакам ! хихи ...иако имав чуство како да беа само 20 души во салата сепак развалија,напраеја Бум иако беше 5 наутро.

Се на се,супер беше. Инаку,пишав само за оние кои ми оставија впечаток,ама и останатите беа супер.
 
Се случи и оној долго очекуван и веќе подолг период најавуван фестивал, за прв пат во Македонија кој успеа да ги собере сите фанови на хип хоп и r’n’b музиката на едно место – Мeтрополис aрена. Balkan Hip-Hop фестивал кој ги соедини најдобрите балкански хип хоп артисти во едно.

Повеќе на cOoLTuRa.mk

А на следниот линк уште неколку фотографии кои не ги ставив тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom