Бактерија Листерија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е можно да се пријави некаде затоа што јадев месо од друга месарница и имав последици слични на оваа бактерија имам и месо да го носат во лабараторија :D ако знае некој?
Па треба да прашаш во здраствените установи. Колку години имаш иначе, и дали си здрав? Како што имам чуено новороденчиња и стари луѓе над 50-60 напаѓа, или доколку имаш слаб имунитет.
 
не е само Листерија , има и други можни болести во месото ....
 
Што со оние што јаделе производи од Екстра меин и баш нивниот свински врат ? Тоа да ми кажат овие што сеа ќе повлекуваат сувомеснатото...
 
прееска имаше на вести од канал 5...кумановци гајле си немат од производите на Екстра меин., добри биле. Што е работата, дали Листеријата дошла однадвор или пак кумановци стекнале имунитет :confused:, незнам...
 
прееска имаше на вести од канал 5...кумановци гајле си немат од производите на Екстра меин., добри биле. Што е работата, дали Листеријата дошла однадвор или пак кумановци стекнале имунитет :confused:, незнам...
па најверојатно затоа што имаат доверба, а и се знае дека е местенка целата работа, е сега дали некој несакал да плаќа рекет, дали се фаворизира друга фирма, ќе видиме, времето ќе покаже
 
http://grid.mk/read/news/508284086/...erija-e-vo-teshka-sostojba-i-dishe-na-aparati
Новиот заразен од листерија е во тешка состојба и дише на апарати

Маж на 46-годишна возраст од Неготино е заразен од листерија. Тој од 3 август бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопјена, добил пролив и се разболел од бронхопневмонија, а потоа и од менингоенцефалитис и сега е во тешка здравствена состојба и дише на апарати.
****************************​
ekstramein.jpg


Компанијата „Екстра Меин“ од Куманово ги информира граѓаните дека по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство повлекува од продажба неколку свои производи:

Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07632; Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07633; Македонски колбас – вакуум – лот број 07329;
Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07369 и Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07370.

- Доколку имате купено некој од горенаведените производи, ве молиме да го вратите во малопродажниот објект од каде што е купен, по што ќе бидат вратени средствата за купениот производ, информира „Екстра Меин“.

Компанијата попладнево негираше дека во нејзините месни производи има листерија и соопшти дека ќе бара суперанализа во реномирана светска институција и на изолат и на типизација.
http://press24.mk/vnimavajte-ako-im...stra-mein-vednash-da-gi-vratite-vo-prodavnica
 
Последно уредено од модератор:
Кумановци и млеко продаваат? Воз ќе помине, ако некој не умре, никј нема да забележи. Кај зелениот пазар се продава роба на земја, раширен е кон Макпетрол. Битпазар се продава зеленчук и овошје до автобуската, чаирскиот пазар е на главната улица околу бензинската пумпа до зградите, се продава бостан и домати на самата раскрсница близу општината Чаир...и кога ќе се зачудат агенцииве ко божем швеѓани се.
Само мало дополнување.
Во Македонија ИМА современа лабораторија
Не знам, оваа информација ја прочитав од професор на Земјоделски.
Еве друг текст од самите професори или овде Скапи апарати фаќаат пајажина ....
ако информациите не се точни, некој треба да ги демантира
 
Последно уредено:
И што се случува ако си јадел и се сомневаш?
Крв ли треба да дадеш и да ти направат анализа?
 
Листеријата ја најдов како зооноза. Ако е до толку распространета и опасна, а со оглед на тоа што еден од изворите е и добитокот, дали не е лошо да се вршат проверки и за оваа бактерија?
 
Последно уредено:
па најверојатно затоа што имаат доверба, а и се знае дека е местенка целата работа, е сега дали некој несакал да плаќа рекет, дали се фаворизира друга фирма, ќе видиме, времето ќе покаже
да не е ова кумановска листерија а они си имаат имунитет на нејзе ?? како и да е, несфатливо ми е во регионот ни еден случај, дали воопшто и испитуваат...... ова испадна ко она детска игра ШУГА ...
 
Сега била најдена кај уште три компании. http://grid.mk/read/news/508300722/...jdena-kaj-ushte-tri-mesni-kompanii-vnimavajte И секако пак ќутат.
и како да внимаваме ?? ..како кога поминуваш пешачки премин ?? со инкубација од 15 до 70 дена ова е Темпирана Бомба , но во пракса ќе се сведе на Колатерална штета .. никако не ми оди во глава , никаде во регионот ниту еден случај :eek:, некој некому праи Фуцк ин Браин ... а имаше дека во Србија излегоа со барања за враќање на Афлатоксинот на дозв.вредности х10 од ЕУ норми, поради Поплавите и влажното лето!!
 
Институт за јавно здравје: Нема листерија во производите на Екстра Меин

Јавната здравствена установа – Институт за јавно здравје на Република Македонија до месната индустрија од Куманово ”Екстра Меин” достави дел од извештаите од тестирањата на земените мостри и брисови од вонредниот увид во фабриката, и потврди дека се негативни на бактеријата листерија.
До попладневните часови сите објавени анализи од Институтот се негативни на присуство на листерија моноцитогенес што значи дека производствениот погон на Екстра Меин не е контаминиран со бактеријата листерија.
Од Екстра Меин изјавуваат дека сите нивни производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија. Она што не е во нивниот домен и врз кое компанијата нема контрола е начинот на понатамошно чување на производите во малопродажбата откако ќе ја напуштат компанијата и нејзините капацитети.
Агенцијата за храна и ветеринарство на 25 јули, а за потребите на анализата, зеде брисови и мостри од сите машини, од машини во тек на производство, од амбалажата, како и од полуготовите производи.
Резултатите од останатиот дел од започнатата анализа до компанијата се очекува да биде доставен во текот на утрешниот ден. Исто така, за утре се очекуваат и резултатите од суперанализата на спорниот производ – вакумиран чаден сечкан свински врат, најден во малопродажен објект во Гевгелија, јавува Нетпрес.

profile-photo-620x264.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom