Бактерија Листерија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Всушност и наводната генотипизација е под знак прашалник, исто се јавува лекар да ги одбранува резултатите, а тоа не е негов домен на делување и одговорност.

Во вакви случаи не се прави генотипизација, туку серотипизација. И тие фамозни 98% сличност може да значат многу работи. Не постои таков резултат од серотипизација, или е истиот серотип, или не е.
Во лабораторијата во Скопје сигурно тие не направиле детерминирање на ДНК сенвенцата на геномот на бактеријата, па за тие 98% сличност да значат со сигурност исто потекло.

Во вакви случаи на епидемии, се бараат епидемиолошки клонови, односно бактерии со иста генетска структура, значи 100% сличност.
Се бараат одредени генетски маркери и се гледа дали ќе се поклопат, ако не се поклопат се работи за друг серотип.
И сега претпоставувам дека ова 98% значи дека 98% од маркерите се поклопиле, а другите не, што автоматски би значело друг серотип, и е многу поразлично од информацијата за 98% генетска сличност, што би значело само мал полиморфизам, ама во реалноста е невозможно да се дојде до тој резултат.
Да си жив и здрав. :cuc:
 
@840223 мислиш дека "надлежниве" ја знаат целата процедура? Ги заболе нив за процедури. Додека не умре некој нивни, никогаш нема ништо да се спроведува по пропис.
Ма дај бре, при секој увоз на храна се земаат 3 парчиња за испитувања и 33!!! за дома. Која процедура, кои испитувања...И се навртиле на фирмата и тоа ти е. Е сега, не можат да ја затворат по кратка постапка, па ќе има секој ден на вести: најдовме, не најдовме...Народ ко народ, ќе се уплаши и нема да купува. Фирмата, сакале или не, сама ќе си стави клуч на врата.
 
ИЗВАДОК:
Не беше дозволиво што различни институции во една вака сложена ситуација полемизираа меѓусебно и на тој начин се создаде забуна во јавноста за тоа дали е детектирана листеријата. Да не се шпекулира повеќе за тоа дали е детектиран изворот, дали е во исправна насока водена целата насока, дали некоја лабораторија била референтна. Сите лаборатории во кои се испраќаат примероците се акредитирани за детекција на бактеријата. Врз основа на испитувањата станува збор за еден извор на листерија.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој го водеше состанокот на Комисијата за заразни болести. Тој посочи дека сите заболени од листерија консумирале сувомеснати производи од една компанија. Истакна оти знаеле дека ќе бидат негативни мострите особено поради фактот што инспекторите кои биле во производствените капацитети на компанијата, информирале дека „просториите и машините буквално биле потопени со средство за дезинфекција“.

- Нормално е дека ќе бидат негативни мострите бидејќи се направени 15-20 дена откако е детектирана листеријата и откако се преземени сите мерки за дезинфекција или хигиенски мерки кои се неопходни за чистење на машините и просторот. Што значи дека беше многу очигледно дека ќе бидат негативни резултатите. Од типизацијата која беше направена беше покажано дека станува збор за идентичен извор на листерија на сите заболени, рече Тодоров.

Потенцира дека се прави генотипизација и на производите кои ги консумирала 16-годишната девојка од Неготино, но се прави и генотипизација на сувомеснат производ земен од една жена која побарала продукт од истата компанија кој го консумирала да биде испитан заради нејзиното здравје и здравјето на нејзиното дете.
http://press24.mk/todorov-ja-razreshi-dilemata-izvor-na-listerija-e-sepak-lociran
 
ИЗВАДОК:
Не беше дозволиво што различни институции во една вака сложена ситуација полемизираа меѓусебно и на тој начин се создаде забуна во јавноста за тоа дали е детектирана листеријата. Да не се шпекулира повеќе за тоа дали е детектиран изворот, дали е во исправна насока водена целата насока, дали некоја лабораторија била референтна. Сите лаборатории во кои се испраќаат примероците се акредитирани за детекција на бактеријата. Врз основа на испитувањата станува збор за еден извор на листерија.

Па нели не беа акредитирани?

ИЗВАДОК:
Тој посочи дека сите заболени од листерија консумирале сувомеснати производи од една компанија.
И новороденчето јадело сувомеснати производи?!? :facepalm:

Истакна оти знаеле дека ќе бидат негативни мострите особено поради фактот што инспекторите кои биле во производствените капацитети на компанијата, информирале дека „просториите и машините буквално биле потопени со средство за дезинфекција“.

- Нормално е дека ќе бидат негативни мострите бидејќи се направени 15-20 дена откако е детектирана листеријата и откако се преземени сите мерки за дезинфекција или хигиенски мерки кои се неопходни за чистење на машините и просторот. Што значи дека беше многу очигледно дека ќе бидат негативни резултатите. Од типизацијата која беше направена беше покажано дека станува збор за идентичен извор на листерија на сите заболени, рече Тодоров.

Еве го доказот за мојот пост пред малку. Знаел тој (умен на мајка) дека ќе дезинфицирале, па затоа биле чисти. Море...

Потенцира дека се прави генотипизација и на производите кои ги консумирала 16-годишната девојка од Неготино, но се прави и генотипизација на сувомеснат производ земен од една жена која побарала продукт од истата компанија кој го консумирала да биде испитан заради нејзиното здравје и здравјето на нејзиното дете.

Колку случаи се познати, обичен граѓанин да побара испитување на производ? Нула! Па уште "една жена" бе...мислам ХЕЛОУ ми(ни)стер Идиот, барем смисли нешто издржано, а не да тресеш зелени.
 
Па нели не беа акредитирани?

И новороденчето јадело сувомеснати производи?!? :facepalm:

Еве го доказот за мојот пост пред малку. Знаел тој (умен на мајка) дека ќе дезинфицирале, па затоа биле чисти. Море...

Колку случаи се познати, обичен граѓанин да побара испитување на производ? Нула! Па уште "една жена" бе...мислам ХЕЛОУ ми(ни)стер Идиот, барем смисли нешто издржано, а не да тресеш зелени.
Во комшии се збори од Флаширана Вода демек начуле. Целава ситуација во една слика:
10371596_10203203593865612_768721194026196581_n.jpg
 
Мене ме интересираат како така, некој обчен граѓанин( жена од Велес(така кажаа)) однел отворно пакетче сецкан врат да се провери за листерија, па јас можам да отворам пакетче и да ставам 300 глупости(хемикалии) внатре и компанијата е крива за тоа???

Исто така ме интересира зошто докторот ги објавува наодите за листеријата кога тоа не е негова надлежност???
Всушност кој над кого е, т.е каква е постапката во вакви случаи, кој е надлежен за проверки и слично, кој го има завршниот збор, Министерството за здравство, агенцијата за храна и ветеринарство, јавниот инстут за здравје, факултетот за ветеринарна медицина
 
И новороденчето јадело сувомеснати производи?!? :facepalm:

можеби преку мајчиното млеко се разболело
 
И новороденчето јадело сувомеснати производи?!? :facepalm:

можеби преку мајчиното млеко се разболело
Аха, а на мама ништо не и е. Јак имунитет, тепа бактерии, вируси и све остало :D
 
Мијалков и Камчев како ќе навлезат у прехрамбената индустрија ако не им ебат мамата прво на сите јаки фирми со фарса како листерија. Хехе.
 
Почитуван Д-р Sвонко Миленковиќ, Претседателе на Комисијата за заразни болести: Вие изјавивте дека за наводно позитивната мостра на Компанијата Екстра Меин, најдена во примерок земен од малопродажба во Гевгелија, а можеби и во Негорци, е направена квантификација. Со сета почит кон Вашата титула, тоа го демантира резултатот добиен од Центарот за јавно здравство во Велес, потоа Факултетот за ветеринарна медицина, како и Агенцијата за храна и ветеринарство!

Претседателе, како тогаш мострата за која не е направена квантификација ја земавте како позитивна? Дали е тоа етички и правно издржано?

Понатаму, Вие изјавивте дека листерија е пронајдена во четириесетина производи, но дека најголемиот дел подлежат на термичка обработка, а дека само во еден – чадениот сечкан вакумиран свински врат на Екстра Меин – е во производ готов за консумирање. И непотребно ја ставивте нашата Компанија на столбот на срамот!

А, Министерството за здравство објави резултат во кој убаво пишува дека се пронајдени повеќе производители, во повеќе производи готови за јадење, во кои има листерија. Ама не ги објавивте! Зошто? Дали, Претседателе, ова значи дека имате повеќе аршини по кои Вие постапувате? Не сакаме да веруваме дека тоа е тенденциозно, но резултатите укажуваат на тоа!

Згора на тоа, денеска изјавувате дека не е битна квантификацијата кога сме имале генотипизација?!? И тоа како е битна, ако не и најбитна! Претседателе, би требало да знаете дека квантификација се прави за да се определи инфективната доза за инфицирање на конзументот, а согласно Правилникот за посебни барања што се однесуваат на микробиолошки критериуми на храната, инфективната доза е 100 колонии на еден грам! Инаку, зошто тогаш би била воопшто ставена во Правилникот?

Ако на тоа се додаде изјавата на директорката на Центарот за јавно здравје во Велес, Флорентина Ристевска-Шурбевска дека тие таму направиле квантификација, ама не ја квантифицирале во Извештајот, затоа што брзале да издадат документ дека ја има, за да може да се реагира за доброто на граѓаните – ова е врвен волунтаризам кој што, сосема обратно, е на штета на граѓаните!

Понатаму, Претседателе на Комисијата за заразни болести, дали Вие знаевте дека методата за генотипизација на Ветеринарниот Институт во Скопје – НЕ Е АКРЕДИТИРАНА? А постојано се повикувате на неа!

Кој сега ја направи штетата и, конечно, кој ќе одговара за штетата? Прекинете со импровизации, фатете се со работа и барајте ја листеријата на вистинското место!

интегрален текст од соопштението на Екстра Меин
 
„Екстра меин“ тврди дека во гевгелиската продавница немало сечкан врат од нивно производство дента кога инспекцијата зела примероци од наводно спорниот производ.

„На 23 јули 2014 година е извршен инспекциски надзор во гевгелиската компанија „Алди ем плус“. Ова, наводно, е маркетот од каде што е земен спорниот примерок за анализи на сечкан вакумиран свински врат од производителот „Екстра меин“. Меѓутоа, на посочениот датум – 23 јули, во наведениот малопродажен објект нема за продажба сечкан вакумиран свински врат од „Екстра меин“. Прв датум кога од страна на дистрибутерот во посочениот објект е доставен за продажба вакумиран свински врат е 24 јули 2014 година. Тоа е вистината! А таа ја поткрепуваме и со фактури-испратници од нашиот дистрибутер кон малопродажниот ланец. На увид на јавноста ѝ ставаме што сѐ било дистрибуирано од производите „Екстра Меин“ во продавницата! Дури, испраќаме и фактури- испратници од 21 јули од кои што е повеќе од очигледно дека нема достава на вакумиран сечкан свински врат!!! Врв на фингирањето на случајот граден врз „Екстра меин“ е Резултатот од тестирањето на спорната мостра во Центарот во Велес, каде што потписничката на документотШурбевска наведува дека датумот на земањето и на приемот на мострата е на 25 јули, 2014 година!
Покрај овој факлсификат, Шурбевска треба да му објасни на министерот Тодоров, на македонската јавност, но и на Јавното обвинителство, меѓу останатото, каде била мострата во овие два критични дена. Настрана што сѐ уште стои отворено прашањето од каде, како и кога е земена спорната мостра“, се вели во денешното соопштение од кумановската компанија во кое фирмата предупредува дека сите документи ги доставила и до Јавното Обвинителство!

Од „Екстра меин“ додаваат дека повторно го поддржувааат министерот за здравство Никола Тодоров да не дозволува да го манипулираат, тие што се директно вклучени во фабрикувањето на темата листерија во Екстра Меин.
 
Е вака сеа баш учам инфективно за ова иначе се работи за мал бацил кој обично предизвикува заболувања кај имунокомпромитирани лица , у типот на неуро менингијални знаци , воспаленија на менингите, со заматен ликвор со симптоми на мачнина гадење повраќање а понекогаш дури и парализа .., секако може да се јави и кај имунокомпетентни особи али најважно е доколку се дијагностицира на време со хемокултури и се почне соодветна терапија со АМОксицилин и кортимоксазол нема да има последици лошото е што може да се јави и кај новородени така да кај нив малце е отжната симптоматологијата..... :) се што ве интересира слободно пишете ..
 
и на нив да не им даваат сечкан свински врат па да се заболат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom