- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Бакојани: Груевски го буди национализмот на Балканот
Коментари (67)
24.02.2009 10:51
Дора Бакојани
Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани ја обвини македонската влада дека води националистичка политика и не сака да биде постигнато заемно прифатливо решение за името.
Бакојани во говор што синоќа го одржа во угледниот Институт „Брукингс“ во Вашингтон, обвини и дека македонските власти го разгоруваат национализмот на Балканот.
Зборувајќи на тема „Колективна безбедност во 21 век - Градење нови мостови“. Бакојани се осврна и на грчко - македонските односи и разликите околу името во контекст на евроатлантската интеграција на Балканот, посочувајќи дека Грција е целосно посветена кон ова определба.
„За Грција нема сомневање дека единствениот пат напред за целиот регион на Југоисточна Европа е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Грција, како најстара членка во регионот, чувствува голема одговорност да им помогне на своите соседи на нивниот пат кон прогресот, преку неопходните промени и реформи. Што се однесува до Поранешната југословенска република Македонија, изминатите неколку години од Скопје беа испратени бројни загрижувачки сигнали. Владата на Никола Груевски по се изгледа дека го избра патот на национализмот и ги разбуди духовите на Балканот“, изјави Бакојани.
Во врска со преговорите за името, Бакојани оцени дека тие „досега беа неуспешни и покрај добрата волја и искрените напори на Грција’.
„Се надеваме дека ќе се сретнеме на половина пат со Владата во Скопје и ќе постигнеме решение во кое нема да има победници и губитници“, посочи Бакојани.
Шефицата на грчката дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ додаде дека претстојните претседателски избори во Македонија ќе бидат „уште еден важен тест за земјата, особено кога се има предвид дека парламентарните избори во јуни минатата година беа нарушени со насилство и нерегуларности во гласањето“.
Бакојани е во официјална посета на Соединетите Американски држави, во рамки на која в среда треба да има средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Извор:
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=104859