Дора Бакојани: Никој не сака да преименува никого

Грчката министерка за надворешни работи на излагање во Институтот Брукингс кажа дека “
владата на премиерот Груевски навидум го избрала патот на национализам, будејќи балкански сеништа“, Ведран Андоновски, Глас на Америка на македонски.
Првиот човек на грчката дипломатија е во посета на САД, во чии рамки утре ќе се сретне со американската државна секретарка Хилари Клинтон. Синоќа, пак, Дора Бакојани во угледниот Институт Брукингс во Вашингтон говореше на тема – “Колективната безбедност во 21-от век – градење на нови мостови“ За неа се клучни три врски – меѓу САД и Европа преку Атлантикот, меѓу Русија и Европа ширум Евроазија и онаа која го поврзува Балканот со Европа.
“Во овој
мултиполарен свет, безбедноста зависи од многу повеќе отколку само моќта: зависи од градење односи и создавање врски, од градење мостови преку разбрануваните“, води, рече Бакојани.
Оценувајќи дека “
во минатите неколку години дојдоа загрижувачки сигнали од Скопје“, Бакојани во говорот упати остри зборови кон македонската влада: