Бакнување

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Во бакнувањето поентата е заеднички да се прилагодите. Не само едниот на другиот, туку обострано. Не можеш да очекуваш дека само дечкото треба да се прилагодува на тебе, мора да знаеш да се прилагодуваш.

Мене ми е многу битно. А прилично сум така пребирлива. Си имам многу високи критериуми за дали бакнувањете е добро или не, нормално не се бројат, туку се осеќа тоа. И битно е да. Иако ми е екстремно битно, не би раскинала, би дала шанса некако да се поправи тоа. А се случило да не се поправи, ама добро било поминало, и онака таа приказна е одамна завршена.
Па нормално неможе стално да биде како што сакаш. Еве да речеме јас се немам мувано и сеа со таа што ќе се мувано ако не и е убаво а ме сака кје раскинеме поради што... оти не сум се мувал како што треба. Па секој треба да има шанса да се поправи, да научи.
 
Многу многу битен дел
 
Бакнувањето е еден многу важен елемент од секоја врска, бидејки тој може да биде по интимен и од самиот сексуален чин. Мене ми е многу важно дечкото добро да се бакнува и токму ова било причина да прекинам да се гледам со таа личност, ова ми се случило неколку пати некој многу да ми се свиѓа, ама кога ќе излезам со него да се разочарам
 
Ако нема стил , не ме занима. :vozbud:
 
Исто и мене ми значи премногу, со самото движење на усните, јазиок, допирите, ти дава повеќе сила и повеќе љубов тече, така да многу е битно бакнувањето барем за мене.
 
Па добро и мене ми е важно дечкото да знае убаво да се бакнува. А многу ме интересира, како да знам дали знам јас добро се бакнувам? Глупо е да го прашам, сигурно нема да ми каже дека не. Иако, чим е со мене толку време, вајда му чинам :) Ама, сакам да знам. :)
 
Пфффт, ако не ми одговори на бакнежот, значи дека не го чувствува.. Што ќе ми е дечко со кој што немам хемија :pipi:
 
Покрај што е толку пријатно и што ни дава задоволство, бакнувањето игра многу важна улога во една врска. Тоа ја има улогата на мост помеѓу водењето љубов и останатите активности во животот, т.е. бакнувањето е начин да останете интимни со партнерот.
Ако не го практикувате бакнувањето често, можете да ја загубите блискоста со партнерот и да заборавите колку е специјален мигот кога вашите усни се среќаваат.
Затоа, без да си барате изговори дека немате време и дека вашиот живот е многу активен, одделете време за бакнување.
Ако некој те бакне знај дека те сака. Мразам бакнежи без чувства, таа што ја сакам добива милион бакнежи со тоа и искажувам колку ја сакам. :love:
 
Да поразговараме за љубовта и бакнувањето
 
Хехехехех, се потсетив на првиот бакнеж со мојот бивш дечко.Беше секундарен и срамежлив. Но потоа, на вториот бакнеж, дечкото иако беше искусен, толку се опушти што кога му го осетив јазикот, се тргнав. Штета, го расипа првиот наш момент. Следеќи ? Хехехе, тоа мора да биде мојот најдобар другар хехехе :-)
Кога веќе сите споделивме за вашите вкусови, ќе речам и јас дека сакам нежен и долг бакнеж, со многу милување - било каде, само не на облините. И понекој мил збор да се прошепоти помеѓу два бакнежи. Без многу мешање на јазикот.
 
Битно е, да. : )
Ми се случило да се смувам со некој што ми бил само симпатичен, ама се бакнувал страсно, убаво, за разлика од некои што ми се свиѓале физички ептен, ама не сум можела да продолжам пошто сме имале сосема различен начин на бакнување. Или пак сум продолжила заради емотивната поврзаност.
Ам, најубав бакнеж.. што знам, во глобала повеќето бивши биле добри бакнувачи. Ама со сегашниот дечко уште на самиот почеток сме биле компатибилни да речам, и немало потреба да се прилагодуваме еден на друг. Убав, долг и нежен бакнеж те понесува и секогаш добиваш желба за нешто повеќе. :oops: :)
 
[quote="Безимена, post: 5328875, member: 60156"
, со многу милување - било каде, само не на облините.[/quote]


супер, по чело да те гали ако не па.. .
 
Фина работа се додека не фатиш некој со пародонтопатија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom