Бакнежот издава

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
115
Дали видот и „јачината“ на бакнежот можат да откријат што се случува во врската?

Кога партнерите ќе почнат се почесто да се бакнуваат во образ, тоа значи дека врската е при крај. Според тоа логично е дека подолготрајните и посочни бакнежи ни откриваат хармонична и среќна врска. Таквите бакнежи се знак и на страстни и стабилни сексуални односи. Бакнежот е најголемиот предавник во интимната врска која е во криза. Се согласувате?:raz:
 
Не...
Јас па многу често си го бацувам во образ дечко ми, убаво ми е така, нејќам 24/7 да се лапам со него ко идиот некој. Многу ми се слатки тие бакнежи во образ.
Јас мислам дека ако се почесто и почесто ќутите коа сте еден со друг...тоа го издава крајот...
 
Јас мислам дека бакнежот и тоа како го издава крајот на врската. Не да биде тоа кога и да се видиш и колку и да сте заедно само да се лапате, туку кога сте сами, пред секс, низ секс итн. Ако ги нема страстните бакнежи мислам дека нешто фали или се изгубило неповратно, најверојатно ...
 
Се согласувам со муабетот од Дивнето и само да додадам дека
кога ке почне да ги снемува бакнежите било да се во образ или тие посочните .. тогаш се насетува крајот на врската, а нема врска тоа дали се во образ или не со крајот на врската
 
Издава. Ако почесто се бакнуваш во образ отколку во уста, или пак општо-поретко се бакнуваш (зборам за интимните моменти, не за во јавност), тогаш нешто „не штима” во врската. Не би рекол дека мора да значи дека е „при крај”, туку дека некои работи не функционираат како што треба.

Може да е поради недостаток на секс (страст), презаситеност (и тоа се случува) или неверство.
 
The`bItCh напиша:
Дали видот и „јачината“ на бакнежот можат да откријат што се случува во врската?

Кога партнерите ќе почнат се почесто да се бакнуваат во образ, тоа значи дека врската е при крај. Според тоа логично е дека подолготрајните и посочни бакнежи ни откриваат хармонична и среќна врска. Таквите бакнежи се знак и на страстни и стабилни сексуални односи. Бакнежот е најголемиот предавник во интимната врска која е во криза. Се согласувате?:raz:
Potpolno.I da mi rece deka ne me saka poveke,baknezot ke go dokaze sprotivnoto:icon_lol:
 
Бакнежот е составен дел на љубовта..... доколку тој или таа почне да не го применува толку... или при самата примена го нема тоа што треба да го има.... страст пред се.... тоа е потсвесно искажување дека почнало да се оди надолу.... па чак и тие основните бакнежи на образ... наутро пред да одиш на работа.... навечер пред да заспиеш... и тнт.
 
И јас мислам дека бакнежот издава. Кога ќе почнат да се намалуваат страсните бакнежи а се зголемува бројот на бакнежи во образ јасно дека нешто не е во ред. Зборувам за време кога сте/сме сами со партнерите. Бакнежот е поинтимен од голотијата во креветот. Тој во себе го содржи првото покорување и последното предавтсво.

Еден бакнеж кажува многу..
 
Еден, ако е прв, ако е втор, трет и понатаму не кажува ништо, по првиот бакнеж, само срцето и љубовта кажуват јасни пораки.
 
The`bItCh напиша:
Дали видот и „јачината“ на бакнежот можат да откријат што се случува во врската?

Кога партнерите ќе почнат се почесто да се бакнуваат во образ, тоа значи дека врската е при крај. Според тоа логично е дека подолготрајните и посочни бакнежи ни откриваат хармонична и среќна врска. Таквите бакнежи се знак и на страстни и стабилни сексуални односи. Бакнежот е најголемиот предавник во интимната врска која е во криза. Се согласувате?:raz:


Се согласувам со болдираното зашто тоа сепак укажува на делот кој е наведен „интимна врска„.
Но не сметам дека другите бакнежи значат криза во врската. Напротив, сите други бакнежи можат да значат изливи на нежности и емоции кои сепак се поприкладни за места надвор од интимата. Лично за мене глупаво е лигавење со сочни бакнежи изложени на јавноста... која е целта?:kafe:
 
Zavisi do partnerot... site se razlicni... no smetam deka baknezot navistina izdava, a toa za baknezite vo obraz nema vrska zatoa sto nekoj e taka romanticen pa taka ja iskazuva ljubovta (normalno nema da bidat samo baknezite vo obrazite:))... Delumno se soglasuvam soThe`bItCh...Baknezot izdava!
 
како што знае да каже владо, „бакнежот е средба најубава на свет, мост на кој си идат душите во пресрет“. е кога си дојдат душите во пресрет меѓу себе знаат да си кажат многу работи кои тешко се кажуваат со зборови. ах тие бакнежи знаат и да издадат... :love2: :icon_roll
 
sagaqua напиша:
Се согласувам со болдираното зашто тоа сепак укажува на делот кој е наведен „интимна врска„.
Но не сметам дека другите бакнежи значат криза во врската. Напротив, сите други бакнежи можат да значат изливи на нежности и емоции кои сепак се поприкладни за места надвор од интимата. Лично за мене глупаво е лигавење со сочни бакнежи изложени на јавноста... која е целта?:kafe:
Ај лав Сагага, навистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom