- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 36
Веста ја лиферуваше продукцијата Long Play, која е задолжена за промотивните активности на Бајага. Кој се јавува како организатор на скопските концерти на Бајага & Инструктори, се уште не е објавено.
Во рамките на оваа турнеја, Бајага & Инструктори веќе настапија во Белград и во Загреб, а ќе ги види и публиката во Сараево (на 10-ти април), Љубљана (29-ти мај), како и во неколкуте помали градови во регионот.
Но, тоа не се единствените активности на познатиот рокер во овој период од годината. Имено, Бајага се појавува во спотот на СОКОЈ, Здружение за заштита на авторските права, во нивната кампања: Музиката не е бесплатна!, со која се апелира на почитување на авторските права.
Во рамките на оваа кампања, промотивни спотови снимија и: Горан Бреговиќ, Корнелије Ковач, Зоран Симјановиќ, Зоран Христиќ...

