Бајага во Скопје на 12-ти и 13-ти мај 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Возраст
36
13BA815561A51B4F999A3A0073E8A5C3.jpg
Момчило Бајагиќ – Бајага и неговите Инструктори, во рамките на својата славеничка турнеја, по повод четврт век постоење, на 12-ти и 13-ти мај 2010-та, ќе настапат пред скопската публика.

Веста ја лиферуваше продукцијата Long Play, која е задолжена за промотивните активности на Бајага. Кој се јавува како организатор на скопските концерти на Бајага & Инструктори, се уште не е објавено.

Во рамките на оваа турнеја, Бајага & Инструктори веќе настапија во Белград и во Загреб, а ќе ги види и публиката во Сараево (на 10-ти април), Љубљана (29-ти мај), како и во неколкуте помали градови во регионот.

Но, тоа не се единствените активности на познатиот рокер во овој период од годината. Имено, Бајага се појавува во спотот на СОКОЈ, Здружение за заштита на авторските права, во нивната кампања: Музиката не е бесплатна!, со која се апелира на почитување на авторските права.

Во рамките на оваа кампања, промотивни спотови снимија и: Горан Бреговиќ, Корнелије Ковач, Зоран Симјановиќ, Зоран Христиќ...
 
Уф уф, одлично... :zlo:
 
Би било убаво тој период да неам колоквиуми..и јас сум душа бре...
Инаку би одела обавезателно:pipi:
 
^^^^^
Ја сигурно ќе имам за полагање, али ќе идам сепак. : )
Мора сега да се иде, терминот е океј, се надевам и цената и местото ќе се прифатливи.
Што би рекол он ... ``Буђење раног пролећа`` ...
 
Ми се свиѓа :party3: башка и датумот ми е супер, не би требало да го пропуштам Бајага.
 
Ми се свиѓа :party3: башка и датумот ми е супер, не би требало да го пропуштам Бајага.

За среќен роденден...:pipi:
Се надевам убаво ке си пројдеш...:smir:
 
Се дозна нешто, карти ова она?

Разбрав ќе давале CD со секоја купена карта...
 
Би идела. Ако немам колоквиуми.
 
Карти за Бајага од понеделник

Картите за двата концерти на Бајага и Инструктори, кои ќе се одржат на 12-ти и 13-ти Мај во Универзалната Сала, ќе се продаваат по цена од 600 денари. Покрај билетарата кај Универзална, може да се купат и во Југотон, цвеќара Розе-Веро 2 и сите Together салони на Тобако. По повод 25-годишнината од работата на Бајага, со секоја купена карта фановите ќе добијат гратис це-де, по свој избор од првите три албуми на пејачот - „Позитивна географија“, „Јахачи магле“ или „Са друге стране јастука“, албуми кои досега не се издадени во це-де формат.
 
I'm so there:vozbud::vozbud:Не се пропушта ова.
Инаку нешто наслушнав дека едни песни ќе пеел на 12, а други на 13.
Нешто некој да знае околу ова да ме просветли?:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom