Баба Мара мирца на 80 години

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
7235a9f74e335848897921e4780a3b.jpg

66217b7f5c4de94c80093e2609f732.jpg

Навечер Мара Митревска се конектира на Интернет и останува будна до доцна во ноќта, за да полафи со своите најблиски во Европа и во Австралија

Осумдесетгодишната Мара Митревска секоја вечер излегува од информативниот мрак во битолското село Гермијан и преку Интернет виртуелно патува кај своите блиски во Европа и во Австралија. Таа на стари години одлучила компјутерски да се описмени, за преку мирцање да полафи со своите најблиски роднини во странство. Старицата останува будна до доцна во ноќта, за преку Интернет да допре до Австралија. Мирца за да разбере како течат подготовките за свадбата на нејзината 27-годишна внука, која во животот ја видела само на слика.

- Господ да му даде здравје на тој што го измисли ова чудо. Компјутерот ми е единствениот начин да бидам постојано во врска со син ми Владо и снаата Севда, кои пред 28 години заминаа во Сиднеј, Австралија. Од тогаш ниту дошле да ме видат ниту јас сум отишла кај нив. Сега ќе ја мажат внука ми Кристина, а јас наместо да и' заиграм на свадба, и' испраќам честитки преку Интернет - низ солзи раскажува старицата.


Таа користи Интернет и за да биде во контакт со двете ќерки, Драгица и Јагода, омажени во Шведска. Единствениот син Славко, кој од семејството Митревски остана во Македонија да ја догледа старата мајка, не можејќи да ја гледа како тагува по чедата распрскани низ светот, одлучил да и' купи компјутер. Старицата првпат почнала да „четува” пред четири месеци. Почетничките компјутерски потези ги направила со помош на помладите гермијанци, кои докажаа дека компјутерот и Интернетот не се баук дури и за 80-годишна старица.

- На Интернет сум поврзана преку телефонска жица и секој месец од пензијата издвојувам околу 500 денари за да го платам овој луксуз. Но, воопшто не жалам за парите, оти ова ми е единствен начин да бидам блиску до своите пред да заминам на оној свет - вели баба Мара.

Најверојатно таа е единствената старица низ македонските села што ги ползува современите технолошки откритија во комуникацијата. Од над 30 илјади жители на битолските села, помалку од илјада имале искуство со компјутер. Тоа претежно се деца и млади, кои компјутерската технологија ја изучуваат на училиште, а кога ќе се вратат дома немаат каде да го повторат наученото. На прсти можат да се избројат куќите што имаат компјутер и се поврзани на Интернет. Од десетина селски училишта, само во две компјутерите им се достапни на учениците за време на часовите, а потоа се под клуч. Во селата нема ни интернет-клубови.


Статистиката говори дека Македонија е една од државите во кои најслабо се користи Интернет. Најголемиот дел од македонското население е информатички неписмено, односно помалку од 10 отсто се служат со овој медиум. Просечната цена за едночасовна интернет-услуга изнесува околу 60 денари. За македонските селани. кои просечно заработуваат по седум илјади денари, парите за сурфање и за мирцање се луксуз и беспотребен трошок.

Владата вети дека за една година од воведувањето на безжичниот Интернет, високите цени за користењето на оваа услуга ќе бидат минато. Се очекува новите поволности во Македонија, земја со печалбарска традиција, да им овозможат и на другите жители, како баба Мара, да разговараат на Интернет без да се плашат дека ќе им изгори џебот.:star: :pos:
 
Дајте средете сликиве ве молам. Напишете


Благодариме. :cuc:
 
Cool!
Закон бе што....:icon_lol:
 
Е ова е баба! Алал да и е на старава
 
Macedalien напиша:
Ме растажи старава. :cry:
зашто бе,па ја баш мислев дека ке ви влее надеж дека нема да се откажуете од кајгана и на 80 години
Него,мене баш ме интересира кој и е никот на бабава-Мара_81_Босилево:kez: :kez:
 
Босилево е во Cтрумица а не во Битола. :wink:
 
Алал и вера, супер бабичка. Таа претставува чудо во оваа земја да биде компјутерски и интернет описменета, земајќи го фактот што најголем дел од младината не е. Секаде во модерниот свет ова е секојдневие.

Ептен пријатно ме изненади.

Инаку, од кој весник е извадено ова?
 
Срамота бе сеир на луѓево им фаќате :):)
 
Браво за бабичката еј,закон е нема што
 
Далеку од тоа дека ова е сеир.Ова е само пример како би требало да биде.Добро сеа да не претеруеме до 80-ка,али факт е дека неписменоста во информатичката технологија е во голема,и тоа се зборува за големи цифри и во популацијата на студенти и средношколци
 
Баба ми се викаше Мара бог да ја прости ама не беше као ваа супер-ирц-ундернет бабичка. Незнам што ќе се случи кога ќе научи да користи МСН, сето тоа шаренило, смајлија, nudge!
 
Интересни се, има кај мене на работа едни што доаѓаат со внуката, таа се уклучува на МСН и им уклучува камера и микрофон .. прв пат коа ке дојдат обавезно коментираат "е како сега со телевизоров ли ке си праам муабет?" ама па после ке им се субајт и секој ден доагаат сега има едни и сами што идаат ..
 
Девилиш замисли си ваа бабичка да си најде некој MSN v-fuck buddy, кузнае шо ќе биде тогаш :)).
 
Не знам вардарче .. неможам дотолку да ја пуштам фантазијава .. премногу е тоа за мене :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom