Review за Azax Syndrom
Сега се вратив од журка, нозе не ме држат, и еве седнав на ком да напишам ривју...
Морам да кажам дека декорот и сите визуелни ефекти беа одлични, според најавите на Дани, B2 изгледаше као вселенски брод.
Епа вака сега...
Како прво од музичка гледна точка, музиката као hard progressive, psy, full-on секој навлезен во тие правци би ја пофалил, значи DD напраиле одличен избор на траки, а и Azax одлично го сврте новиот албум.
Па да доловам малце од атмосферата, на почеток у 23 часот Satelite загреваше со као да го наречам незнам hard progressive или мек psy... некоја мешавина, а од 00 часот NAVIGATOR пушташе psy full on транс до 1 и пол и дојде чоекот тако звани Azax Syndrom и веќе се смени цела атмосфера на up level, и ломеше типов до 4 часот и после него нормално најдоброто за крај Дани Bushava Azbuka, и се знае што може да се очекува од него Chemical траки, па GMS, па Growling Machines и слично.
Е сеа морам да спомнам и лошата страна на журот, т.е. журот у глобала беше одличен, но луѓето такозвани фејкери и позери го кварат цел просек на еден одличен жур. Тоа дебели створења се бутаат, тоа пијани фејкери поминуваат на секоја минута наваму натаму, а гужва 1000000. Мислат ако дошле на транс журка, као кој знае кај дошле, за гурање и проаѓање ваму таму си има институции тако звани кафани каде што сите тие „
фејкери на журка“ у кафана се на исто ниво со останатите кафанџии. Е ова многу ме изиритира, ем нема кај да денсаш на раат ем те бутаат и ти проаѓаат покрај тебе, незнаат да стојат на едно место п***а им м***р, добро е што после 4 сите фејќери и позери се разбегаа и останаа само клаберите, се отвори простор за денсање колку сакаш и со последни сили издржавме до крај да го дослушаме Дани. :wink:
Друга работа, таблашите, е овие баче се лудило, значи што ти праи табла, скока 2 метра у вис и паѓа на земја и пак стануе и пак се треска, јаоо тоа не е полка, не е целка, цело и пол бре...
И исто интересен момент на крај коа заврши журот идам ја така до првата трафика купувам сок да се освежам, пошо бев сув као барут, и едни дечки таблаши во истата трафика купуваат ризли „
...и цел избезумен на таблета идам до првата трафика купуем ризли и роламе така едно Џ со другарчињава и ондак сме хај и као нови спремни за нареден жур, фала Луди чао...“.
П.С. И да споменам Ива и Фич ме напуштија 1 час после влегувањето во B2, ова беше најкратко време некој што седел на жур.
Фотки... очекувајте у наредните денови
овде.