leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Вие сте паметни,секси,успешни млади дами кои паднале во мртвата зона на љубовни состаноци.
Не го барате момчето од соништата, но никако да го најдете оној кој би ви одговарал. Тоа е проблем со кој се соочуваат многу девојки, па дури и оние независните и самоуверените: постојано гледаат како нивните пријателки си наоѓаат партнери и се спаруваат побрзо и од животните на бродот на дедо Ное. Го запознавате потенцијалното момче, се гледате повремено, но тие излегувања не ви значат ништо посебно. Тоа се случува од најразлични причини. Еве зошто некои од нас запаѓаат во такви ситуации:
1 причина-не ви е дојдено до лудување
Сетете се на своите излегувања со другарките на почетокот на 20-тите години од вашиот живот, кога лесно се заљубувавте и уште полесно влегувавте во врска. Секако тогаш повеќе се трудевте да се пронајдете себеси отколку вистинскиот маж. Додека се млади, жените сакаат да станат самостојни, да се докажат на работа и добро да се забавуваат. Но, кога ќе им се приближат на 30-тите, ваквиот начин на живеење се менува. Посакуваат сериозна врска што има смисла, а кога ќе погледнат околу себе им се чини дека добрите момци веќе ги нема.
2 причина-уморни од потрага
После многуте излегувања, дотерувања, запознавањето нови момчиња и паничењето околу тоа дали ќе ви се јави наредниот ден, ужасно ве изморува. Ако жената доживее полно разочарувања, може да се случи да престане да го бара човекот кој ќе и одговара за да се заштити до новите кршења на срцето.
3 причина-кој ја подигна границата?
Колку сте постари, толку сте поискусни и јасно ви е што сакате од партнерот. Точно знаете каков треба да биде вашиот иден партнер и се стремите да го пронајдете. Не посегнувате кон првиот кој ќе ви се испречи на патот. За работите да бидат уште покомплицирани, жените кои трагаат по сериозни врски не излегуваат со момчиња кои не им се рамноправни, духовно, финансиски па дури и по образование. А со тоа изборот додатно се намалува.
4 причина-сериозен партнер
Додека вие со пријателките излегувате по отмени ресторани и учите да ги дегустирате вината, мажите на ваши години често се уште дремат по кафани и играат компјутерски игри. Жените кои се влезени во доцните 20ти бараат зрел партнер, но многу мажи на нивни години се уште не се подготвени за ништо сериозно.
5 причина-со кој ќе излегувате?
Колку сте постари, толку повеќе вашите пријателки влегуваат во врски, а тоа значи дека помалку ќе ги гледате и многу често ќе бидете сама. Луѓето се оддалечуваат и географски и социјално, па на сингл девојките во доцните 20-ти се потешко наоѓаат пријателки со кои можат да излегуваат.
Неможев да си поверувам кога со моиве години се пронајдов скоро во сите 5 причини.
Сеуште излегувам и супер си поминувам ама понекогаш чувствувам дека не е тоа-тоа и ме фаќа некој период на монотонија и тогаш најчесто не излегувам,не се заљубувам лесно-напротив,но сепак мислам дека лесно би влегла во врска доколку го пронајдам дечкото што би ми одговарал.И тука е всушност целиот проблем-никој не ми одговара(барем засега).
Како да го пронајдам?
Треба ли воопшто да го барам,нели тие работи се спонтани?
Зошто неможе во исто време да се пронаоѓам себеси и да имам некој покрај мене?
Се е безврска,луѓево очигледно така си го сфатиле животов па сакаат само убаво да си ја поминат вечерта а за утрото потоа или па не дај Боже за наредните утра не ни размислуваат.
Не сум пребирлива навистина,најбитно ми е да ми одговара дечкото карактерно и да биде постар од мене,не ми е важно дали има пари или пак е со средно...ама тој дечко никако да се појави...
Никогаш досега не сум се нашла во ситуација да немам со кого да излезам,ама и тоа се случи затоа што сите другарки си имаат дечковци па морав да го листам именикот во мобилен и да идам на кафе со личност која ја немав видено 3 години,убаво си поминав само многу тешко ми падна...ете тоа кафе помина,а што е со наредните?
Како се справувате со вашиот “Ромео“?
Потребен ви е или важно ви е сега за сега да се пронајдете себеси па ќе му ја мислите понатаму?
Имате критериуми како треба да изгледа и дали сте изгубиле некој поради нив?
Кога сфаќате дека ви е потребна сериозна врска?
Зошто понекогаш е тешко да се биде сам?
п.с. Поради технички причини,ја отварам темата во име на Annabel
Насловот ќе биде променет,кога ќе се средат опциите,се надевам на разбирање:smir: