Ах,Ромео...зошто те нема?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Вие сте паметни,секси,успешни млади дами кои паднале во мртвата зона на љубовни состаноци.
Не го барате момчето од соништата, но никако да го најдете оној кој би ви одговарал. Тоа е проблем со кој се соочуваат многу девојки, па дури и оние независните и самоуверените: постојано гледаат како нивните пријателки си наоѓаат партнери и се спаруваат побрзо и од животните на бродот на дедо Ное. Го запознавате потенцијалното момче, се гледате повремено, но тие излегувања не ви значат ништо посебно. Тоа се случува од најразлични причини. Еве зошто некои од нас запаѓаат во такви ситуации:

1 причина-не ви е дојдено до лудување

Сетете се на своите излегувања со другарките на почетокот на 20-тите години од вашиот живот, кога лесно се заљубувавте и уште полесно влегувавте во врска. Секако тогаш повеќе се трудевте да се пронајдете себеси отколку вистинскиот маж. Додека се млади, жените сакаат да станат самостојни, да се докажат на работа и добро да се забавуваат. Но, кога ќе им се приближат на 30-тите, ваквиот начин на живеење се менува. Посакуваат сериозна врска што има смисла, а кога ќе погледнат околу себе им се чини дека добрите момци веќе ги нема.

2 причина-уморни од потрага

После многуте излегувања, дотерувања, запознавањето нови момчиња и паничењето околу тоа дали ќе ви се јави наредниот ден, ужасно ве изморува. Ако жената доживее полно разочарувања, може да се случи да престане да го бара човекот кој ќе и одговара за да се заштити до новите кршења на срцето.

3 причина-кој ја подигна границата?

Колку сте постари, толку сте поискусни и јасно ви е што сакате од партнерот. Точно знаете каков треба да биде вашиот иден партнер и се стремите да го пронајдете. Не посегнувате кон првиот кој ќе ви се испречи на патот. За работите да бидат уште покомплицирани, жените кои трагаат по сериозни врски не излегуваат со момчиња кои не им се рамноправни, духовно, финансиски па дури и по образование. А со тоа изборот додатно се намалува.

4 причина-сериозен партнер

Додека вие со пријателките излегувате по отмени ресторани и учите да ги дегустирате вината, мажите на ваши години често се уште дремат по кафани и играат компјутерски игри. Жените кои се влезени во доцните 20ти бараат зрел партнер, но многу мажи на нивни години се уште не се подготвени за ништо сериозно.

5 причина-со кој ќе излегувате?

Колку сте постари, толку повеќе вашите пријателки влегуваат во врски, а тоа значи дека помалку ќе ги гледате и многу често ќе бидете сама. Луѓето се оддалечуваат и географски и социјално, па на сингл девојките во доцните 20-ти се потешко наоѓаат пријателки со кои можат да излегуваат.


Неможев да си поверувам кога со моиве години се пронајдов скоро во сите 5 причини.
Сеуште излегувам и супер си поминувам ама понекогаш чувствувам дека не е тоа-тоа и ме фаќа некој период на монотонија и тогаш најчесто не излегувам,не се заљубувам лесно-напротив,но сепак мислам дека лесно би влегла во врска доколку го пронајдам дечкото што би ми одговарал.И тука е всушност целиот проблем-никој не ми одговара(барем засега).

Како да го пронајдам?
Треба ли воопшто да го барам,нели тие работи се спонтани?
Зошто неможе во исто време да се пронаоѓам себеси и да имам некој покрај мене?

Се е безврска,луѓево очигледно така си го сфатиле животов па сакаат само убаво да си ја поминат вечерта а за утрото потоа или па не дај Боже за наредните утра не ни размислуваат.
Не сум пребирлива навистина,најбитно ми е да ми одговара дечкото карактерно и да биде постар од мене,не ми е важно дали има пари или пак е со средно...ама тој дечко никако да се појави...

Никогаш досега не сум се нашла во ситуација да немам со кого да излезам,ама и тоа се случи затоа што сите другарки си имаат дечковци па морав да го листам именикот во мобилен и да идам на кафе со личност која ја немав видено 3 години,убаво си поминав само многу тешко ми падна...ете тоа кафе помина,а што е со наредните?

Како се справувате со вашиот “Ромео“?
Потребен ви е или важно ви е сега за сега да се пронајдете себеси па ќе му ја мислите понатаму?
Имате критериуми како треба да изгледа и дали сте изгубиле некој поради нив?
Кога сфаќате дека ви е потребна сериозна врска?
Зошто понекогаш е тешко да се биде сам?

п.с. Поради технички причини,ја отварам темата во име на Annabel
Насловот ќе биде променет,кога ќе се средат опциите,се надевам на разбирање:smir:
 
Ситуација 1.

Таа-Леле немам дечко, леле немам дечко зошто вака несреќна сум

Локација-Кафиќ, клуб, пекара....

Тој-Здраво јас сум Петко, (продолжување на конверзација)

Таа-Оштар поглед, смрштена фаца и реплика- И сега што со тоа?


Ситуација 2

Таа-Ова ми е бројот, фејсбукот, мсн...

Прв ден.

Тој-Здраво како си сакаш вечер да се видиме на кафе, кино, вечера, диско...

Таа-Абе знаеш утре треба на факс да идам, што знам не можам, другарка ми од северен пол е дојдена, имам обврски итн...

Ден 2,3,4,5

Тој-Исто
Таа-Исто

Ден 7
Таа-Леле зошто го нема, не ми се јавува, немам среќа немам дечко.

Ситуација 3

Таа-Овој моронов мој за к*р не го бива ама јадна јас како да му раскинам, после сама треба да бидам некое време, па тоа е очајно па тоа е страшно, што ќе кажат комшиите од 2-ри, не можам да си дозволам сама да бидам, подобро со него отколку се од ново, па новиот не го знам па запознавање леле ужас, ужас, катастрофа.

Многу просто е. Никакви лудувања, потраги бутури.

Правилата важат во територија на РМ во зависност од местото на живеење. Нивната важност завршува со привремено или постојано селење од родното место како и со напуштање на границите на РМ.
 
премногу сакаме совршенство:(
добра е песнава во chillout верзија,штета што ја нема на youtube
 
Па сака кола да има а со тоа финански натпросечно ситуиран, а на крај излегува само како добро искористена забава ништо повеќе и со тоа помалку ценејќи се себеси помалку ја ценат другите. Бара нешто што не може да го најде во моментов, човекот што трчаше како кученце по нејзе се опамети и ја батали, сега само го чека Ромео на фејсбук затоа што тој од крв и месо го нема......


Се напив вино и одма лања да се јадело :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Ситуација 2

Таа-Ова ми е бројот, фејсбукот, мсн...

Прв ден.

Тој-Здраво како си сакаш вечер да се видиме на кафе, кино, вечера, диско...

Таа-Абе знаеш утре треба на факс да идам, што знам не можам, другарка ми од северен пол е дојдена, имам обврски итн...

А тебе ова ти е чудно?
Само што сме стапиле во контакт и сака да се видиме?
Па чекај малце, од кај знам со што човек си имам работа? Може е некој психопат.
Јас не прифаќам вакви средби чисто од страв. А претпоставувам дека и повеќето девојчиња заради тоа.
 
А тебе ова ти е чудно?
Само што сме стапиле во контакт и сака да се видиме?
Па чекај малце, од кај знам со што човек си имам работа? Може е некој психопат.
Јас не прифаќам вакви средби чисто од страв. А претпоставувам дека и повеќето девојчиња заради тоа.
епа друг начин нема:)
подобро ти е да пишуваш цела недела на МСН/ФБ за да го "запознаеш" или едно кафе-муабет да направиш(па после сама ќе процениш каков тип е ):smir:
 
Само што сме стапиле во контакт и сака да се видиме?
Па чекај малце, од кај знам со што човек си имам работа? Може е некој психопат.

Веб камерче.... секси веш.... не мора во живо. Во живо денес контактираат стечајци кои немаат пари за интернет и земјоделци кои немаат струја по селата.
 
А тебе ова ти е чудно?
Само што сме стапиле во контакт и сака да се видиме?
Па чекај малце, од кај знам со што човек си имам работа? Може е некој психопат.
Јас не прифаќам вакви средби чисто од страв. А претпоставувам дека и повеќето девојчиња заради тоа.

Епа No pain No gain.

И типот не гледа на гравчиња дека девојката е потенцијална мазохистка, ама сеуште и пришол. Плус, шо може да се деси, се чекате у ГТЦ, седнувате меѓу луѓе, си одиш со такси. Во кој момент уствари може да те гризне за левата града или да ти извади нож? :toe:
 
епа друг начин нема:)
подобро ти е да пишуваш цела недела на МСН/ФБ за да го "запознаеш" или едно кафе-муабет да направиш(па после сама ќе процениш каков тип е ):smir:

Епа No pain No gain.

И типот не гледа на гравчиња дека девојката е потенцијална мазохистка, ама сеуште и пришол. Плус, шо може да се деси, се чекате у ГТЦ, седнувате меѓу луѓе, си одиш со такси. Во кој момент уствари може да те гризне за левата града или да ти извади нож? :toe:

Боље ми е да праам муабет со него на мсн него да се сретнеме одма по 2 реда муабет.
Ако по некое време сака да се видиме, тоа е зашо сум му оставила некој впечаток.
Башка, чим мене ми рекол одма, значи им вика на сите девојчиња а нас тоа не ириртира.
А и од кај да знам дека стварно не е психопат бе?
Секакви луѓе има, мора претпазливост...
 
Боље ми е да праам муабет со него на мсн него да се сретнеме одма по 2 реда муабет.
Ако по некое време сака да се видиме, тоа е зашо сум му оставила некој впечаток.
Башка, чим мене ми рекол одма, значи им вика на сите девојчиња а нас тоа не ириртира.
А и од кај да знам дека стварно не е психопат бе?
Секакви луѓе има, мора претпазливост...
од кај знаеш дека нема на МСН уште 5 девојчиња кои чекаат да го "запознаат"???
сепак мене ич не ми се допаѓа "запознавањето" преку МСН/ФБ,подобро е кафе/прошетка муабет(old school јбг:) па ако не и оставам впечаток,или она мене,толку од обидот :toe:
 
I love stereotypes :)

Темава наликува на епизода од сексот и градот и гласните размислувања на Саманта, според така како што е поставена темата мислам дека најголем проблем се критериумите кој ги поставуваат успешните, паметните и секси млади дами зошто се успешни, паметни и секси и не му доликува некое момче од Припор да биде кандидат или пак не дај боже некој пекар зошто де факто го губат епитетот успешни па побогу која успешна жена би се сплеткала со пекар тоа е премногу за нив да останат само паметни и секси и да се одречат туку така од успешноста.


Бараќи го вистинскиот од кој во најмала рака се очекува кога ќе стане наутро да истрча 5 км, потоа на компјутер да направи програма за заштеда на водата до 32 %, потоа кога ќе заврши со доручекот да тркне до работа и да направи една операција на отворен мозок. После ручекот за да му спадне малку јадењето би требало да има барем две борби во УФЦ ринг и да е победник со нокаут, и на крај од денот да зготви вечера како Стево Карапанџа. Како предигра да исвири на пијаното репертоар од Џо Кокер и Бери Вајт за да вечерта заврши со феномененален секс од најмалку 2 пута 40 минути. По можност да има коса ако веќе нема да се стрижи кратко, но во никој случај да нема стомак.
Резиме
Најчесто овие дами завршуваат како алтернатива за успешните, паметни и секси мажи кој се расположени за излети надвор од сериозна врска или брак.
 
Јас се согласувам со Maggie. Никогаш не прифаќам да се видам со некого од прва. Чуден е таквиот пристап, нападен. Друго е кога ќе го запознаеш во живо, па да направите муабет и да те викне на кафе, а друго е преку фб/мсн.. и веднаш да бара директен контакт.
Истото важи и за барање број на телефон.

Инаку за Ромео моментот, до пред некое време имав супер дечко, околностите не ни дозволија да останеме заедно повеќе од 4 и пол месеци - крај на приказната.
Мислев дека со него ќе бидам засекогаш. :smeshko:
Како и да е, испадна дека сум пропуштила многу убави моменти окупирајќи се со него. Животот ми се разубаве, расположението ми се подобри, пак си се вратив на моите лупетања..свртев нов лист од книгата.
И понатаму го живеам животот, научив да не цмиздрам и да сечам вени за било кој.. моментално ми е сеедно дали ќе имам сериозна врска или не во иднина, затоа што и да се случи ќе се однесувам поинаку, нема да го претворам тоа во обврска, туку во уживање.
Не сум очајна вака сама. Напротив, сум заборавила кога ми било толку убаво.
 
Ретко кој сака обврски, па може затоа. Какви се' не работи слушам, верноста како да станала нешто ненормално и неизводливо ама тоа е друга тема...
 
Значи во пред мсн и фејсбук ерата немало спарувања. Смешна е оваа stranger danger параноја, тешко мозгоперење кое ги претвора жениве во хистерично претпазливи суштества. Да не збориме па за...хм...интернетноста на мсн и фејсбук, кои даваат неверојатно веродостоен впечаток за надежниот момак. Па после имала о толку несреќа во љубовта. Па имала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom