Автомобили во размер

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Случајно додека талкав низ нет скапи дикаст модели и лигите ми течеа ме интересираше дали постојат и во поголем размер па еве што докопав. :eek:
Дикаст брендот Amalgam ги прави најголемите и најскапите модели а најверојатно и најреалните. MR Collection му е најтесен конкурент но уште недораснат пошто најголем размер што прави е 1/12.
Еве ви ги официјалните на Amalgam и MR Collection. http://finemodelcars.com/ http://www.mrcollection.com/
На оваа страница цените на 1/8 размер Amalgam моделите достигнуваат и до 5000 фунти... http://www.diecastlegends.com/diecast-brands/amalgam?filter_action=3&filter_value=1
Ова Ферари од Amalgam кошта 7200 долари... А има и зошто ако не е нагласено ретко кој би познал дека се работи за дикаст модел. http://www.diecast.org/diecast98/html/asp/list_reviews/xq/ASP/id.AM5015/qx/reviewpix.htm
На голема прослава во Америка баш Amalgam ги правел дикаст моделите за Ферари. Прави чудовишта со солена цена. http://www.drivingline.com/2014/11/ferrari-celebrates-60-with-60/
Еве како Бугати Вејрон изгледа 1/8. https://www.youtube.com/watch?v=auyE3355O1o
И еве како изгледа дикаст модел 1/6 размер... https://www.youtube.com/watch?v=6Hgm7vZUHeU, https://www.youtube.com/watch?v=s4g7vNoUal4
 
Во понеделникот бев во Бугарија, поточно Софија и таму влегов во една голема детска продавница, каде меѓу другите работи имаше и модели на BURAGO.
И баш ме заинтересира да видам какви се цените, па еве што видов.
Моделите на Ferrari во 1/18 се продаваа по цена од 68 лева (1 лев = 32 денари) или приближно 2200 денари, другите модели во размер 1/18 беа 53 лева или околу 1700 денари, а оние во размер 1/24 по 23 лева или негде 740 денари.
Па видете вие сега овие овде колку сакат да бричат, а што е најтрагично едвај дали нешто и продаваат.
 
И така слабо продаваа, ама откога ги кренаа цените, ништо не продаваат. Гледам по рафтовите истите модели. Зборам за Бураго, на Маисто се старите цени, барем беа последен пат кога бев.
Цените во Бугарија се истите што беа кај нас, пред да ги покачат.
Значи Крш бричат за сите пари. :D
 
1:18 Ферари од бураго 2990,а другите модели на бураго 2390 и 2690 денари а изработка и квалитет еднаква на нула.

Веќе не се исплати ни за делови да ги купуваш
 
Работава тера во пропаст ако не им се продава робата ке почнат и да не носат а цениве се ужас скапи и така да може ке допреме до тоа да само од странство имаме допир до моделчиња. Иначе да знаете и во Грција биле евтини моделите и имало голем избор на Welly што наспрема Burago и Maisto го покачуваат квалитетот и професионалноста.
 
Welly од секогаш биле поквалитетни,подетални и поевтини од burago и maisto.
Ако почне некој да ги носи welly,burago и maisto уште подлабоко ќе пропаднат во бунарот.
Инаку панкомерц беше увозник односно плашејќи се од конкуренција ги превзема(рекет) за да може влиае на пазарот.
А сакав да ги донесам и да бидам генерален увозник и дистрибутер на Norev,Autoart,Minichamps,..............,ама во корумпиранава банана држава панкомерц до толку се заштитиле во увозот на ѓубре(burago&maisto)што не успеав да увезувам.
 
Идејата ти била одлична само што да кажам чекај прилика... :)
 
А бе каква одлична идеја, идејата е пропаст. Во Скопје или Македонија колекционери на премиум 1/18 дикаст модели се бројат на прсти. Тој што ќе се осмели да ги увезе, само ќе си ги затвори парите или ќе работи во минус.
Не се продаваат овие играчките од по 30-40 ЕУР, камо ли модели од 100+ ЕУР. Толку.
 
Точно ќе се затворат поголема сума пари на подолг период но кога би имал избор секој би купил квалитетен модел а со тоа ќе се исфрлат постепено маисто и бураго од пазарот а тоа на панкомерц не му одговара бидејќи постепено му се сече сувата гранка на која седи.

Колку за инфо burago и maisto на големо,мин 1000 парчиња се продаваат од 3-5 евра парче а низ колку повеќе раце поминале автоматски цената се зголемува а панкомерц се минимум 4-5 рака и плус одат со мн.голема заработка

Се уште ги имам контактите и планирам за почеток барем solido,welly и norev да носам
 
За Солидо, Вели и Норев, ок може и би се продавале, колку толку. На овој никаков пазар кај нас е лудило да ги донесеш Аутоарт, Кјошо или Миничемпс. Ретки се тука што ќе дадат минимум 100 ЕУР по парче.
Дека ќе ги исфрлиш Маисто и Бураго од пазар, многу тешко, не посебно Панкомерц кои се финансиски силни и може да манипулираат со цените.
Не зезај, порано Солидо и Вели кога ги имаше кај нас, едвај се продаваа и тоа по смешни цени за разлика од сегашниве од ebay.
 
Солидо имаше многу одамна па не памтам по кои цени се продаваа,додека Вели во 1:18 имам купувано по цена од 1100-1300 денари кога бураго беа по 1600-1800.
Панкомерц манипулираат со цените и остврауваат заработка од 300%...
 
Солидо се топ, но имаат една маана. Како старее моделот, така пластичните делови стануваат порозни, т.е. пластиката пука и се рони под многу мал притисок. Со обично бришење на прашина ми останувале вишок делови во рака. :ROFLMAO:
 
Јас на моите модели од солидо имам забележано дека пластиката е многу мека.

За модели од смола многу висики цени
ferari 1.JPG
ferari.JPG
 
Fringe
zocc
Што ке кажете за Majorette ??? Порано ги имаше кај нас и имаат одлични мотори имам еден модел од нив, Suzuki Bandit од овој бренд и изработката е одлична.
 
Квалитетен француски производител кој сега се вика Солидо,односно се групација како маисто-бураго
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom