Дачиата е всушност Рено Клио, модел 2000 год. во Дачиа каросерија. Неудобни седишта, спартански средена, но квалитетна кола, реално гледано. Ќе ја пазиш, ќе те вози.
Германциве општо се најпреценети коли кои постојат. Значи добра инвестиција за препродавање после 5-6 год. на пр. Овде мислам на Форд, Волксваген и Опел. Прецизна изработка, одржувањето е нормално, не е скапо и тоа...
Корејциве ми се сомнителни. Ефтина набавна цена и навистина скапо одржување. Страдаат хронично од неквалитетни гуми вградени во фабриката и катастрофална електроника.
Фиат Пунто и сл. италијанско се возила со проверени темпераментни издржливи машини, не се скапи за одржување, последниве години се доближија до традиционалната германска завршна обработка, но губат цена по неколку години, и тоа доста. Барем не се мета на кражби, исто како и корејците, а за разлика од германците.
Ако ти текне за нешто француско, од лично искуство ќе ти кажам дека врска нема муабетот дека одржувањето им е скапо! Напротив! Исто како секоја нормална кола, и тие така се. Клио, 207...ониое многуте од Цитроен Ц1, Ц2, Ц3...
Е сега се тоа е над 8000 евра, сите спомнати модели...За точно 8 скоро и да нема ништо пристојно.
Размисли и за Шкода Фабиа.