Автобуска несреќа во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lurtz
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа имал плус самоделски резервоар од 1000 литри напред...
 
Сочуство до семејствата на загинатите, нека почиваат во мир!
Побрзо закрепнување на повредените!
Жално, многу жално! :place:
 
Изгледа имал плус самоделски резервоар од 1000 литри напред...
Ова лесно се проверува со запленување и испитување на преостанатите 3 автобуси кои биле во колоната. Мора да ги има во сите, ако прават далавери

И теоријата со петардите држи вода поради многу брзото запалување на нафтата
 
„Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс" по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 45 патници. По добиените информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски “.

Зошто никој не споменува втор возач? Имало, немало? Да, знам според Закон мора да има 2 возачи, ама албатросиве се баш познати по почитување на Законски обврски и прописи.
Колку долго возел истиов автобус не пријавен од страна на превозникот?
Како граничната полиција дозволила излез на македонска граница без тоа возило да има лиценца за моторното возило, што врши превоз? Барем на граница потребно е да приложат дека поседуваат лиценца за меѓународен транспорт на автобусот.
Или пак стави во пасошот 50 евра „и ќе затвориме очи“?

Она што никако не ми е јасно. Се кажува дека немало траги на кочење. Како е возможно да се вози со 100 километри на час и без кочење да застане на 30 метри од првичниот удар:cautious:Зарем при удар нема барем инстинктивно да стегне на кочница?
 
Имам пријател кој живеел во Турција и ги прати помно нивните медиуми, вели дека агенцијава возела сомнително ефтини тури и дека 100% нешто шверцувале. Едноставно не било можно турата да чини 70 евра со два ноќевања и полн пансион.
 

Бугарски магистрален пат! :tapp:
Автоматски споено мислење:



Идеш со 100км/ч и треба да свртиш овде ! Која будалаштина од пат.

260181722_10219381753365402_6117567323266133939_n.jpg

Кога сопругата ми кажа сабајлето дека има загинато 45 луѓе во сообраќајка, помислив дека сум сонувал кога се разбудив саат подоцна дур не вклучив фејсбук покасно. Огромна трагедија.

Тука има знак дека има чешма и дека десно има исклучување. Со оглед на тоа дека шоферите често ја возеле оваа траса, мене ми делува дека е можно на шоферот да му се има слошено, заспал или нешто посериозно како срцев/мозочен удар и така да ја удрил банкината. Фактот дека сеуште нема потврда дека нема линии од кочење иде кон таа теорија. Мислам дека шансите дека возел во лентата за застанување или дека пробал да сврти десно по грешка се мали. Искрено се надевам дека не е до техничката исправност на автобусот, затоа што многу луѓе би требало да завршат во затвор

Глупоста со горивото нема да ја коментирам, само додало на несреќата. Ke видиме дали ова со петардите е точно.

Инаку, 200 метри погоре од местото има штрафиран/исцртан дел кој те турка од лентата за застанување на средната линија од патот, од каде е тешко да ја удриш таа десна банкина.

4jyUVYZ.jpg
 
Како граничната полиција дозволила излез на македонска граница без тоа возило да има лиценца за моторното возило, што врши превоз?
Vcera na Telma objasnuvashe eden, demek, toa ne bilo zadaca na granicarite i nikogas ne go pravele :toe:
 

Бугарски магистрален пат! :tapp:
Автоматски споено мислење:



Идеш со 100км/ч и треба да свртиш овде ! Која будалаштина од пат.

260181722_10219381753365402_6117567323266133939_n.jpg
Овоj дел не е признат за магистрален пат, брзината е лимитирана. Башка автобуси не смеjат да возат преко 90 km/h никаде. Три ленти, најдесната е само за спиране при итен случај не за возене. И покрај несовршеностите заштитната опрема го држела автобусот во рамките на патот. Тригодишен автобус не смее да се запали при ваков инцидент. Надевам се истрагата ке покаже од што се запалил толку брзо.
 
Имам пријател кој живеел во Турција и ги прати помно нивните медиуми, вели дека агенцијава возела сомнително ефтини тури и дека 100% нешто шверцувале. Едноставно не било можно турата да чини 70 евра со два ноќевања и полн пансион.
Цената била 79 евра некој ќе помисли за 50 евра е екскурзијата. Тоа на сите им е промо цена, редовна 90 евра.
Полупансион, а не полн пансион.

Тоа дека шверцуваат било што не викам не, но не го прават само овие на оваа релација. Го прават и за Грција и за Италија, Швајцарија итн.
 
Цената била 79 евра некој ќе помисли за 50 евра е екскурзијата. Тоа на сите им е промо цена, редовна 90 евра.
Полупансион, а не полн пансион.

Тоа дека шверцуваат било што не викам не, но не го прават само овие на оваа релација. Го прават и за Грција и за Италија, Швајцарија итн.

Само доручек со вклучено спа
И јас не познавам шофер што не шверца
f4ca70078f3cb459d5a8abecf9c3c1b8.jpg



Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Само такво комбо може да дијзанира нешто што личи ко да има банкина на сред пат и тоа на кривина.
Од сликите што гледам ова доаѓа ко на кривина да е.
Нема врска изведувачот со глупото проектно решение!
Не прават изведувачите одмаралишта и паркинзи на своја рака, па дури ни хоризонталната сигнализација не зависи од нив, се' си има проектант. Со оглед на категоријата на патот тој проект морал да помине неколку нивоа на контрола. Најверојатно е финансиран од ЕУ фондови, па и тие додатно се некоја контрола, ама се' е труло насекаде! Секој гледа да бутне во џеб, после со тоа што остане ќе се прави патот.
 
Това сакав и јас да го напишам...
Сега ке дополнам.
По светло отсечката не е проблемна. Ограничение 80 км. По темно, дури да се вози над 100 км. пак не е проблемна.
Нема тешки инциденти за 15 г.

ОБАЧЕ - НОКЕМ кога ВРНЕ...тогаш е лошо. Веке не се види ништо и много често отсрешта колите се на долги светлини, пошто от завоиот не се види имали насрештна кола.
Сега видите на снимката, точно кога се јавуват светлините отсрешта на црвената кола..Нокем ако има точно такво совпадение блескот е како светлинска шлаканица..
1637739207223.png
 
На фиктивната адреса во Ќустендил да ти била регистрирана друга Беса-транс, не оваа.

:D

еве ги медиумските извадоци, собрани од Офф-нет:

  • Бочварски: Aвтобусот немал лиценца, во тек е постапка за одземање на дозволата за „Беса транс“ (МКД.мк)
  • Бочварски: Превозникот имал уредна лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници (24)
  • Кобниот автобус поминал технички преглед во октомври, но не бил пријавен во базата на Министерството за транспорт (Мета)
  • Имало втор возач, но автобусот не бил пријавен за меѓународен превоз (Плусинфо)
  • Почната е постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс", немал извод од лиценца за автобусот (Канал 5)

диверзитет
 
Последно уредено:
А чива била кажа тој? Ако никој нема обврска да го проверува тоа онда зашто постои?
Министерството за транспорт и врски издава лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници како и извод од лиценца за секое возило поединечно.

Доколку никој не контролира, зошто БИ се издавала лиценца за вршење на меѓународен превоз на патници и извод од лиценца за секое возило поединечно?

Логично, на излез на граница би било граничната полиција (или некој друг орган небитно) да побара документ со кој би се докажал дека тоа и тоа возило СМЕЕ да врши меѓународен превоз на патници.

Зошто воопшто постои Државниот инспекторат за транспорт на чело со шипац? Кои се нивните надлежности освен што основна дејност им е контролата и надзорот над превозот на патници и стоки во домашниот и меѓународниот патен сообраќај :confused:?
Освен што постојат за вработување на неписмени шипци едуцирани кај Мерко.:свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom