Автобуска несреќа во Бугарија

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823

Овде во оваа заштитна ограда на сред пат е нареден македонскиот автобус. Овој пат го одам секоја вечер, обично во темница, на враќање дома. Има две делници во кои сум многу внимателен, затоа што лежи патот - оваа и другата, километар понатаму, на излезот кон Старо Село. Ако човек во темница ја следи десната гранична линија на патот, на овие две точки интуитивно доаѓа да го фати отстапувањето, кое во овој случај е паркинг. Потребна е волја да се остане на левата страна. Обележјето - десната лента за итни случаи - нагло исчезнува надесно и ако вашата патека е непозната, рацете сами се вртат десно. Дури и следното такво отстапување е понепријатно бидејќи е во кривина. Ги поминав стотици пати и секој пат претпочитам да бидам на левата лента и да ја следам левата ознака отколку десно. Инаку, патот таму е во перфектна состојба, но практично сум сигурен дека возачот тргнал по десната рестриктивна лента и немал време да разбере дека оди на паркинг. Сум имал барем 5-6 блиски несовпаѓања со оваа заштитна ограда од веројатно 1000 додавања. Знам дека е таму, знам дека има проблем во темнината да се процени растојанието помеѓу неа и платното, а сепак ми се случило да поминам низ засенченото.



На прв поглед се чудев за банкината на сред пат, човеков добро објаснил.
И јас ја најдов локацијата на стрит вју на гугл мапа, многу збунувачки е овој дел, колку многу е болдиран делот што води кај паркингот, односно избледен делот на кој се вози, и тој паркинг не е прегледен, одеднаш де појавува.
Ако ја следел возачот десната крајна линија, онда тоа ќе да е.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.326

Бугарски магистрален пат! :tapp:
Автоматски споено мислење:

И јас ја најдов локацијата на стрит вју на гугл мапа, многу збунувачки е овој дел, колку многу е болдиран делот што води кај паркингот, односно избледен делот на кој се вози, и тој паркинг не е прегледен, одеднаш де појавува.
Идеш со 100км/ч и треба да свртиш овде ! Која будалаштина од пат.

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
.

[/QUOTE]
Ако овој автобус немал лиценца за меѓународен транспорт, факт што го потврди и Министерството за транспорт, се наметнува следното прашање: Како овој автобус поминал граница?
Ај нашата ја поминал, ок.Ништо ново.
Ама изгледа и ЕУ границата е бааги порозна.
Автоматски споено мислење:

Сеа на Телма еден тртомуд објаснува дека на граница не се проверуваат тие работи и декa воопшто немале овластувања за тоа граничарите.

А кога ќе видиш па кои земји ги проаѓа тој автобус па пичку матер :icon_lol: :icon_lol:
По процедура потребно е на секој граничен премин да бидат присутни инспектори од Министерство за транспорт, за вакви прашања (интербус, дозволи за транспорт и одржување линии и кај автобуски и кај камионски превозници соодветно).Целата таа одговорност е префрлена на Царина и слични служби...
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.326
Не е за џабе фирмата регистрирана во Ќустендил и превезува до Истанбул преку Бугарија.
Редовните автобуски линии возат преку Грција.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.461
Поени од реакции
20.258
Која е веројатноста дека несреќава ќе се заборави за 3 дена и дека народов ќе продолжи да си живее како ништо да не се случило ? Штекерот е крив, продолжениот кабел е крив, нафтата е крива и чао пријатно. Дурмо Турс Беса Транс ќе продолжат да си возат се до некоја нареден Турс Транс трагедија !!! После тоа стара шема 3 дена сочувства плачење на фејсбук и форум .... д е ж а в у !!!
Автоматски споено мислење:

Инаку на сликава на средната врата има легнат изгорен човек за оние кои не приметија
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Греота за луѓето, нека почиваат во мир, а побрзо оздравување на повредените

Штета што мора да се случи некоја ваква трагедија за да ни текне на сите паметот до кај сме. И за ова ќе се галами месец-два, слично како за Дурмо, па понатаму никому ништо. Веројатно починатиот шофер ќе го извадат крив и тоа ќе биде тоа. Но, сега би сакал да чепнам една друга проблематика. Техничките прегледи. Кај нас по дифолт се подразбира, ако ја однесеш колата/камионот/автобусот на технички преглед едноставно МОРА да помине и да се регистрира возилото(дека нели, во колективната свест ни е дека кога веќе сме го однеле на технички, исправно е возилото, аналогно на тоа треба да помине). УБЕДЕН сум во моментов, повеќе од 50% од возилата кои се возат кај нас се технички неисправни и не исполнуваат услови за регистрација.
Пред 1 недела седам со другар, користи негово возило како дистрибутер, бил да ја регистрира и на техничкиот му рекле "кочниците не ти се во ред, фаровите ти се слаби треба да ги смениш, али еве ти, исправно е возилотоа", на што тој во контекст на муабетот демек на заебанција, а повеќе озбилен кажа "абе џабе ми зборат шо да мењам, не ја носам на технички да ми кажат шо да сменам, ја носам за да ја поминат".
Тоа е тоа, нека почиваат во мир уште еднаш починатите, се надевам ќе извлечеме некаква поука од ова(мада тешко, по сите трагедии што се случија апсолутно НИШТО неаме извлечено)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
Тешко на народот тука во оваа вукојебина, одговорност сигурно нема да има, стандард. Туку она шо ме иритира е шо политичарите си пукаат поени на несреќа на народот. Гомното Илчо бара одговорност од надлежните, инспекции ау ау, абе смрден еден кај беше истото да го пишиш кога загинаа 15 лица на бродот Илинден, говеда се бе сите до еден, ги заболе стапот за настраданите и ужалените, тешко на фамилиите, од институциите и политичарите се виде.
Дури не излези овој народ и да летаат за партали по улици нема спас, не знам шо треба да се деси уште за да се обединат сите и да ги кренат во воздух сите до еден одговорни за овој хаос кој ни се дешава изминативе години.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Дете на екскурзија треба да пратиш со несервисирани неопремени автобуси, со полупрофесионални шофери, со корумпирани технички прегледи, џандари и гранични контроли, со криминални министерства за транспорт и врски.

Ај што ќутат браќава што им изгина едно чудо народ, него и ние мртви ко нив, чекаме некој “наш” транспортер да напраи вакво нешто. Брука народ и ние и они.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.942
Која е веројатноста дека несреќава ќе се заборави за 3 дена и дека народов ќе продолжи да си живее како ништо да не се случило ? Штекерот е крив, продолжениот кабел е крив, нафтата е крива и чао пријатно. Дурмо Турс Беса Транс ќе продолжат да си возат се до некоја нареден Турс Транс трагедија !!! После тоа стара шема 3 дена сочувства плачење на фејсбук и форум .... д е ж а в у !!!
Автоматски споено мислење:


Инаку на сликава на средната врата има легнат изгорен човек за оние кои не приметија
Ене ти го горе на темава, од ДУИ: патот е крив!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
Инфомакс излезе со информација дека наводно во автобусот имало голема количина на пиротехника.
Не ме чуди, следат новогодишни празници а знаеме дека се шверцува по автобусите секоја година, и знаеме кој ја шверцува таа роба.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.599
30к петарди наводно имало, подвижна бомба ако е точно.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Банкината во ред не е како што треба но така да изгори за 1 мин, сигурно носел нешто што не треба, искри од банкина до резервоар не стигнуваат. Да не бил натоварен со нешто запалливо ќе поминел без човечки жртви, јас така мислам.
Па тој од Дурмо Турс се преврте неколку пати па не се запали.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916

Бугарски магистрален пат! :tapp:
Автоматски споено мислење:



Идеш со 100км/ч и треба да свртиш овде ! Која будалаштина од пат.

Ne smees da vozis so 100km na saat na desnata lenta na avtopat, desnata e ogranicena na 80
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Изведувач е бугарско-македонски конзорциум.
Само такво комбо може да дијзанира нешто што личи ко да има банкина на сред пат и тоа на кривина.
Од сликите што гледам ова доаѓа ко на кривина да е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom