JeepMkd
Scratch model builder
Стазата може и беше причина за излетувањето на белата Астра на неколку метри над нас. Инаку Боки, тој пат секојдневно го користат десетина села и шумското претпријатие... чудо е како е уште ОК ама веќе гледам почнал да пропаѓа. Секојдневно 2-30 камиони со трупци и дрва, а знаеме како се однесува асвалтот на жешкото плус цела таа маса. Инаку за публиката, минатата година ем беше побројна, ем беше подобро организирана. Сега имаше само „судии“ кои беа распоредени на 2-300 метри без никаква контрола на луѓето. Лани имаше и по 5-6 редари на група гледачи и немаше шанси да мрднеш. Знаеш ли резултати затоа што јас не најдов ништо, а и не разбрав кога е прогласувањето на победниците?