Австралија република?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Извор Канал 5

Австралија република?!

getImageThumbnail.php



Австралија ќе го преиспита своето членство во Комонвелтот. На само неколку дена од општите избори во земјата, премиерот Џулија Гилард одново ја активира идејата, Австралија да стане република, која на референдумот во 1999 година доживеа фијаско.

Како најсоодветен момент за осамостојувањето на Австралија, Гилард смета дека би била смртта на британската кралица Елизабета втора, на која како што рече и пожелува здравје и долг живот, но оти истовремено треба да се грижи и за иднината на својата земја.
 
I come from the republic down under. Рам-дам-там-дам-дам.. ♪♫
Нека им е на арно. Не знам каква дискусија би се водела на темава...
 
Им здосади да губат во купот на конфедерации.
 
не знам дали сакаат, еден референдум неуспешен, зошто сега би прошол.. у нивните материјалистички умови вака им е подобро...
 
не знам дали сакаат, еден референдум неуспешен, зошто сега би прошол.. у нивните материјалистички умови вака им е подобро...

Технички гледано, Австралјанците сакаа во најголемо мнозинство РЕПУБЛИКА... проблемот е тоа што беа сите поделени на тоа каква Република да стане австралија (по моделот на земји како Македонија или по моделот на САД), па на крајот некои гласаа ПРОТИВ бидејки не им беше во прилог предложениот вид на Република.

Лично, мислам дека Австралија ќе згреши ако скроз ги отсече врските со Европа.
 
licno mislam deka avstralija nema da bide republika uste najmalku 50 godini
 
Коа више бираат каква република шо не се стаат у ирански мод: Исламска Република. И така им е таму соодветна климата (пустиња енд стаф).
Имаат зелена боја на дресови, па ќе носат сите унифицирана мода - зеленки долги панталони со ногавици над глужд и бели чорапи, унифицирани по пропис фризури и тако даље...Ќе им биде весело.
Salam Aleikum mate...
 
Австралјанците се а-политичка маса која не ги знае придобивките од самостојност или круна. Ако тие што сакаат република се малку паметни, ќе почекаат империјалистите во австралија да изумрат. Империјалистите се постари луѓе и за ова да се случи треба едно 3-5 години. Барем да неможат да се спротистават активно, немора да се мртви... макар со приливот на имигранти тешко дека некој ќе ја сопре Републификацијата на Австралија.

Ако дојде до Република, проблемите со доселување ќе бидат многу големи и нема ВБ да биде поткрепа. Што значи за 50тина години Австралија нема да е тоа што денес е. Исто проблем е тоа дека Западна Австралија одсекогаш има тенденција да се оддели од Австралија, па може и тоа да се случи... па на крајот повеќето Англо-Австралјанци да одат таму... незнам, матно сценарио... незнам како ќе се одвива се, овие се само шпекулации. :)
 
Back
На врв Bottom