Ѕвони мобилниот на исчезнат патник
Мобилниот телефон на британски патник од исчезнатиот „Ербас“ и понатаму ѕвони, а неговата сопруга, која цело време се обидува да го добие, вели дека не губи надеж оти нејзиниот сопруг е жив.
„Мојата единствена надеж е дека неговиот мобилен телефон се уште ѕвони кога го барам. Тоа може да значи само едно, дека неговиот мобилен се наоѓа на морското дно“, изјави за британските медиуми Британката Патриша Кокли, која не може да се помири со фактот дека нејзиниот сопруг можеби повеќе нема да го помине куќниот праг.
Таа со сопругот последен пат зборувала пред самиот лет. Неговиот лет претходно бил откажува два пати и тој воопшто не требал да се качи во авионот кој исчезна над Атлантикот.
Како е можно ова ?