Аватар - најскапиот филм во историјата!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Напнавте со тоа Imax. Немаме кај нас и немаме! Знаеме веќе дека 100 пати е боље. -.- Не мора цело време да спомнувате.
 
го гледав пред некој ден во кино рамстор и бев :vozbud:
бев толку воодушевена од целиот филм...секој чест за филмов :wink:
 
Напнавте со тоа Imax. Немаме кај нас и немаме! Знаеме веќе дека 100 пати е боље. -.- Не мора цело време да спомнувате.

Брат ок се тоа, али постов мора да си го видиш во IMAX 3D, а не на обичен монитор.

Аууу лудило ти е постов на IMAX ако го глеаш. :P
 
Два збора....покахонтас.

Неможеш со масивен буџет да ја покриеш основната грешка на филмов неоригиналност. Да беше оригинална приказна со такви спешл ефекти филмов ке беше масивно подобар од титаник или било кој друг мамут на филмската индустрија.

Арно ама кога стигнало да се даде пари за сценарио овие сконтале дека сите пари им отишле на спешл ефекти.

Јбг памет за следечи пут.
 
Како и да е - најскап филм е, и најнови и нај екстра НЕШТА се користат во него =)))) Едвај чекам да го гледам...Деновиве-се надевам:turn:
 
Го гледав синоќа.
Не е Покахонтас него е скрос Dances with wolves со Кевин Костнер,така да,за оргиналност 0.На тие што не го гледале овој филм ке им биде супер а и вреди да се гледа,ако не за друго тогаш за визуелните ефекти кои се лудило.
 
Денес го глеав и стварно ми се допадна..многу интересен филм,мада морам да кажам дека има и подобри..:toe:
 
Конечно дојде моментот да го изгледам филмот. Најпрво бев скептик нуму да не го добијам она што одамна го очекував, со оглед на тоа што филмот е направен за IMAX кина или во 3Д, ние сепак немаме таква можност па си го гледавме во 2Д. Како и да е, јас сепак останав воодушевен од целите тие ефекти, флори и фауни, пејсажи, и врвна технологија.

На филмот му давам 9/10 без размислување. За некои можеби вредат само ефектите, но за мене НЕ, мене целата приказна ми беше возбудлива, посебно кога Џејк Сули влегуваше во неговиот аватар, не можев да верувам каква имагинација ни пружил Џејмс Камерон.

Во еден момент навистина посакав да се пронајдам таму меѓу нив, можеби и ќе се пронајдев да го гледав во IMAX кино, но и вака не беше лошо, и уште еднаш ќе напоменам ДЕКА ФИЛМОВИ КАКО ОВОЈ и 2012 Е ШТЕТА ДА СЕ ГЛЕДАТ ДОМА НА ДВД/КОМПЈУТЕР!

Ова треба да се долови, да се доживее, иако два ипол часа беа премногу, сепак издржав најнакрај посебно крајот кој не ме оставаше да здивнам.

Секоја чест, но според мене не треба да ги собери сите Оскари статуетки :nenene:
 
ќе може линк за download на целиот soundtrack-от од филмов??:pipi:
 
може ли некој да ми каже каде го даваат филмов односно во кое кино? мислам дека во рамстор го даваат али не сум сигурен и наравно колку е карта ? 150че или поскапа е картава? го имам дома на хард али не е филинг да го гледам на обичен коцкаст монитор де.. ни ефекти ни звук каок шо треба башка кино снимка ми е...
 
може ли некој да ми каже каде го даваат филмов односно во кое кино? мислам дека во рамстор го даваат али не сум сигурен и наравно колку е карта ? 150че или поскапа е картава? го имам дома на хард али не е филинг да го гледам на обичен коцкаст монитор де.. ни ефекти ни звук каок шо треба башка кино снимка ми е...

Рамстор, од 13, 16, 19 и 22 часот.

Само не ме фаќај за збор дека има прикажувања и од 13, бидејќи видов во киното тоа залепено на лист, ама не знам дали беше само за тој ден или генерално додаден термин.

Карта за првите два термина (13, 16) е 120 денари, а за вторите два е 150 денари.
 
фала на информација мац.. за од 13 сигурно нема тој термин да одам.. ако одам ке одам приквечер...
 
Филмот е добар особено визуелните ефекти се бомба ма да малу е крадено по нешто ама сепак добро се покажа:).
 
Можи некој да ми прати превод за филмов???/
ПЛС
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom