Конечно дојде моментот да го изгледам филмот. Најпрво бев скептик нуму да не го добијам она што одамна го очекував, со оглед на тоа што филмот е направен за IMAX кина или во 3Д, ние сепак немаме таква можност па си го гледавме во 2Д. Како и да е, јас сепак останав воодушевен од целите тие ефекти, флори и фауни, пејсажи, и врвна технологија.
На филмот му давам 9/10 без размислување. За некои можеби вредат само ефектите, но за мене НЕ, мене целата приказна ми беше возбудлива, посебно кога Џејк Сули влегуваше во неговиот аватар, не можев да верувам каква имагинација ни пружил Џејмс Камерон.
Во еден момент навистина посакав да се пронајдам таму меѓу нив, можеби и ќе се пронајдев да го гледав во IMAX кино, но и вака не беше лошо, и уште еднаш ќе напоменам ДЕКА ФИЛМОВИ КАКО ОВОЈ и 2012 Е ШТЕТА ДА СЕ ГЛЕДАТ ДОМА НА ДВД/КОМПЈУТЕР!
Ова треба да се долови, да се доживее, иако два ипол часа беа премногу, сепак издржав најнакрај посебно крајот кој не ме оставаше да здивнам.
Секоја чест, но според мене не треба да ги собери сите Оскари статуетки :nenene: