Многу работи работиме по автоматизам и сами си создаваме автоматски машинерии кои го вршат тој процес, пример одењето потоа возењето велосипед и автомобил се далеку од нашето свесно когнитивно размислување, или просто кажано стануваме насабајле и одиме на нозе и немаме некое си длабоко филозовско мислење во врска со тоа.
Е сега лошо е ако дозволиме машинериите да управуваат со нас повеќе или помалку, а не ние да управуваме со нив повеќе или помалку. Пример дали имате забележано како една иста личност со денови го повторува еден ист муабет иако тој не кореспондира со реалноста, тогаш гледаме машинера во акција која се повторува како дежа ву се додека личноста не ја прекине таа машинерија, и ако е способна да го стори тоа т.е. воспостави одредена контрола врз таа машинерија. Автоматизмот е дел од нас кој што треба да е потчинет на нашата воља, лошо е кога ќе ја изгубиме контролата над него и ние и нашата слободна воља е потчинета на тој автоматизам. Тогаш нема слободно размислување, нема свесност, нема реалност, туку како роботи повторуваме одредени научени акции...