AutoCAD, 2D i 3D modeling

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Значи прашања, совети и слично во врска со програмов. Да давам некој вовед мислам дека не треба, кој се занимава со оваа проблематика знае за што се работи. Да не го тупам...:)

П.С. Мислам дека нема ваква тема....не ни најдов, ако има избришете ја....
--- надополнето: 17 септември 2013 во 14:43 ---
Уствари за што мене ми треба....
Сакам блоковите што ги имам да можам да ги зголемувам/намалувам по потреба.
Пример, имам една коцка и сакам блокот да можам да го зголемувам по потреба....видеа, туторијали дали има по нет.
Еве со овoj предмет на пример

Да не барам manual, за тоа е и темава нели :)
 
Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
малце е позаебано на ауто кад, со солид воркс е полесно за 3д
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи прашања, совети и слично во врска со програмов. Да давам некој вовед мислам дека не треба, кој се занимава со оваа проблематика знае за што се работи. Да не го тупам...:)

П.С. Мислам дека нема ваква тема....не ни најдов, ако има избришете ја....
--- надополнето: 17 септември 2013 во 14:43 ---
Уствари за што мене ми треба....
Сакам блоковите што ги имам да можам да ги зголемувам/намалувам по потреба.
Пример, имам една коцка и сакам блокот да можам да го зголемувам по потреба....видеа, туторијали дали има по нет.
Еве со овoj предмет на пример

Да не барам manual, за тоа е и темава нели :)
http://www.mikroknjiga.rs/store/prikaz.php?ref=978-86-7310-451-5
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Не ти препорачувам аутокад за 3д и мислам дека ја нема таа можност што ја бараш во аутокад.
затоа смени си на солидворкс или инвентор и таму ја имаш таа опција.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Инсталирај Солид Воркс далеку подбра програма тие за 3д бар.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Аутокадот најмногу се употребува за 2д, јас така го употребувам, 3д-то ми е слаба страна, но има туториали колку сакаш по нетов.......
И сигурно ја има таа можност за зголемување, само треба блокот да биде целина... поновиве верзии многу добро ја објаснуваат секоја алатка дури и визуелно.....
Иначе Аутокад е најпрофесионален програм што можеш да го најдеш во пазаров....
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Земи си Солид најновата верзија од замунда, ќе се просветлиш..ставањето димензија е најлесен чекор во истата.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Значи прашања, совети и слично во врска со програмов. Да давам некој вовед мислам дека не треба, кој се занимава со оваа проблематика знае за што се работи. Да не го тупам...:)
Аутокад и тоа како е добар за 3д, треба само повеќе седење на компјутер и работење. Штом завршиш учење работа во една рамнина (такозвано 2д) ти требаа уште не повеќе од 10 команди за работа во 3д - користење на UCS (координатни системи), views и уште неколку алатки за моделирање (extrude, revolve и од solids editing toolbar-от).
dwg форматот е компатибилен понатаму на 3dsmax каде се материјализира и во комбинација со vray е врв на архитектонска визуелизација, најкористена во цел свет.

Ова горе се практично не повеќе од 2 команди. 4 правоаголници (со rectangle команда се цртаат) и extrude - ја задаваш вредноста на третата димензија. Ротирај си го објектот со 3dorbit или отвори го Views-toolbarot за да го менуваш по проекции. Зголемување и намалување со scale.
Ако не можеш да ги најдеш иконите ги пишуваш командите во долниот command bar.

Дали си само сигурен дека ќе имаш потреба од ова во животот, пошо знае да биде доста обемно - не толку комплицирано, колку што знае долго време да одземе....ако има нешто прашај.
 
Aбе доста работи знам, јас и го користам така.....најчесто 2Д. Арно ама, ми текна нешто да работам и во 3Д.....за тоа ќе ми треба употреба на blocks. E сега, кај е заебанцијата....сакам да користам блокови и истите да можам да ги зголемувам односно намалувам по потреба. И тоа само по една димензија, не сите три(тоа е лесно).
Да речеме, сликата од погоре е блок и сакам кога ќе му отидам инсерт да можам да речеме по x да го направам да биде 1000. Он има надворешни димензии да речеме (x;y;z) = (200;300;400) a jaс сакам x да го сменам да биде 1000.
Како оди изработката на блоковите, има ли некој начин.
Инаку ќе треба многу различни модули(блокови) да истам затоа што се со различни димензии.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Во solids editing toolbar-от побарај го extrude faces и на страната што сакаш да ја зголемиш додаваш (пр. 200, за да биде 1000 и додаваш 800)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
За вакви едноставни модели можеш да се заебаваш со scale, но за покомплицирани модели ќе ти се е*е векот во ре-скалирање на повеќе места, особено ако имаш кружни форми, без разлика кој софтвер го користиш. Како што наведоа погоре има полесни и поефикасни софтвери конкретно за 3Д работа. Мој предлог SolidWorks, Catia ili Inventor, што и да одбереш нема да згрешиш, за коцкести едноставни форми и AutoCadot врши работа, не дека нема да нацрташ и покомплицирани форми, само ќе изгубиш многу време кое може да ти биде драгоцено.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Да прашам дали командата select similar постои во аутокад 2010, и ако ја нема како евентуално да се додаде....ако постои начин. Слаба ми е малку машинава за 2012 или нешто понова верзија, го пробав ама ме нервира сецка по малку.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Да прашам.. дали знаете негде каде можам да симнам autocad2000/2010-за acad2000 барав неможев да најдам,преку усб да го ставам секогаш бара некој doc... така што не ми прима.Иначе имам работено со acad2000-дефинитивно полесно е 3Д моделирање.За среќа професорот што ни беше ни даде мала книгичка како се обработува објект со опциите така што доколку ми затреба да користам :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Ako ima nekoj link ili programata ako saka da mi ja prati... nebitno koja autocad2000... 2013/14 samo da raboti??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom