ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.372
- Поени од реакции
- 42.563
Here we go again. Иако сезоната официјално е започната веќе 2 недели, вистинскиот старт, како и секоја зима, ќе го имаме во Мелбурн. Австралија Опен е првиот Грен Слем турнир во годината, а за мене лично најубав и најинтересен. Започнува утре вечер во 01:00 после полноќ и ќе се одржува до 27ми Јануари.
Фаворит во машка конкуренција е Новак Ѓоковиќ, кој во вториот дел од минатата сезона успеа да ја врати препознатливата форма, а со тоа и првото место на АТП листата. Титулата ќе ја брани Роџер Федерер, кој беше шампион во Австралија во последните 2 години. А Рафаел Надал ќе се обиде да ја освои својата втора титула во Мелбурн, па ако го посака среќата да го поврати и првото место на АТП ранг листата. За да се случи тоа Рафа мора да го освои турнирот, а Ѓоковиќ да не стигне до 4тата рунда. Хуан Мартин дел Потро нема да настапува на турнирот, а петкратниот финалист Енди Мареј за последен пат ќе се појави во Мелбурн, откако најави пензионирање после Вимблдон ова лето. Најмногу титули на Австралија Опен во машка конкуренција имаат Ноле и Роџер - и двајцата по 6.
Во женска конкуренција дури 10 тенисерки се во игра за првото место на ВТА ранг листата после завршувањето на турнирот. На таа позиција моментално се наоѓа Симона Халеп, која секако е една од фаворитките за освојување. Титулата ќе ја брани Каролина Возниаки, а Серена Вилијамс ќе атакува на ол-тајм рекордот на Маргарет Корт од 24 ГС титули.
Новитет на претстојното издание на Австралија Опен е тај брејкот во одлучувачкиот петти сет. Годинава нема да се игра на 2 гејма разлика, туку победникот ќе се одлучува преку тај брек, кој ќе се игра до 10 освоени поени. Ждребовите за машка и женска конуренција може да ги пронајдете тука.