Оставете што изјавува Надал дека не би имал шанси ни во најдобра форма и сите тие работи, тоа е во голема доза респект кон противникот, не би сакал да делува безобразно или да шири омраза на некој начин што е сосема океј.
Да не ме сфатите погрешно, малку од љубителите на тенисот доволно добро ја разбираат психолошката состојба. Лично, играм тенис повеќе од 10 години и колку и да делува смешно или неспоредливо, на рекреативно ниво кога играм мечеви, а понекогаш и турнири, во релативно изедначени или барем во мечеви каде што квалитативно имате било каква шанса, најмногу влијае менталната подготвеност, колку сте спремни тактички да изиграте, а и моментумот во мечот кој се добива со низа од добри поени, за разлика од вас, противникот во тие моменти се соочува со психолошки пад кој вие мора да го искористите.
Проблемот кај Надал беше што ликот излезе со бело знаме, како уште на загревањето да му се моташе во глава " Game, set, match Djokovic ", еве не знам како поинаку да се изјаснам. Не пружи апсолутно никаков отпор, почна мизерно, со нетипични неизнудени грешки. Како што напиша Стефан, едвај успеа да добие еден поен во првиот сет, а веднаш по неговото освојување имаше трошка надеж за тогаш првиот сет, промаши зицер кој можеше лесно да ја размрда самодовербата на Новак.
Сетете се на мечот од Вимблдон, Новак ја нематна иницијативата во првиот сет, до средината на вториот беше прашање дали Рафа ќе дојде воопшто до сет. Успеа да направи брејк, го презеде моментумот и автоматски Ѓоковиќ падна со својата игра, колку и да беше послаба од вчера. Но, во финалето тука во Мелбурн, едноставно Надал не личеше на себе и тоа е 70% заслужно за таквиот развој на настаните, а не како што многу Новаковци безобразно тврдат дека "играш толку колку ќе ти дозволат".
Само квотите на букмејкерите доволно зборуваат, мечот беше малтене 50-50 и не може никој да ме убеди дека тоа е случајно. Цел тениски свет чекаше спектакл, а одговорот зошто не го добивме веројатно го има Надал и неговиот тим. Пак ќе кажам, Надал да одиграше и на врвно ниво со минимален број на грешки, можеби ќе изгубеше убедливо, сепак тенисот некогаш го одлучува еден удар. Не е тоа поентата, проблемот е самиот пристап кој го имаше Надал, како да имаше некој проблем во атмосферата во неговиот тим, недоразбирање. Сетете се каков беше контактот со Карлос Моја, како да сакаше да го изеде, кога останатиот дел од тимот го бодреше, тој стоеше како умрен.
Не знам што е причината, но како што знаете, големината на разочарувањето од неуспех е правопропорционално со очекувањата, а во овој случај беа високи, како за нас фановите за победа, така и за неутралните љубители да гледаат добар тенис, и двете страни останаа незадоволни. Ова беше еден од најважните мечеви, заедно со тој од Вимблдон 2018 и поразот од АО 2017 од Федерер. Овој пат нема оправдување бидејќи во ниту еден момент не видовме ни дел од Надал кој би сакал барем малку крв.