Како што кажа членот погоре, убедливо најдобра опција е Eurosport Player. Има пренос од сите терени во HD, но преносот касни некои 40-50 секунди, така да не е пожелно да се следи утакмицата на rezultati.

Сепак, ако сте корисник на MaxTV, дефинитивно треба да си го земете за овој месец, 3 евра е и сигурно ќе ви се најде како одлична алтернатива за гледање на телевизор, сликата е подобра од SD каналите ES1, ES2.
Имате исто така можност за премотување, секој терен може да се гледа во целост.
Она што се емитувало на ES1 и ES2 може да се враќа назад 2-3 дена, т.е. ако не сте гледале меч во понеделник, без никакво снимање може да го гледате да речиме во четврток.
Новитет од септември 2016 им е тоа што ги имаат вметнато и коментаторите, па така на ES1 и ES2 може да бирате меѓу англиски, српски, бугарски, хрватски и уште неколку јазици.
Жребот океј, нема некои мега спектакли во прво коло, барем така воочив на прв поглед. Рафа и Роџер имаат релативно отворен жреб, а и Новак не помина лошо, го доби најслабиот носител и на хартија и на терен. Ма да, ако Јанг одигра како што знае против ваков Новак, ништо чудно и да го намачи, па и изненади. Второ коло му доаѓа Монфис, може тука да има 4-5 сета.