Australian Open 2016 (18.01 - 31.01.2016)

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Факт е дека моментално Вавринка и Мареј да играат 10 утакмици на минимум 7 Вавринка ќе победи бидејќи логично е подобар тенисер од него што не значи дека Мареј е слаб..Мареј можеби е поконстантен и има многу подобри резултати зад себе но Вавринка како тенисер е далеку покомплетен ..има подобар и посилен сервис,посилен и подобар форхенд,посилен и подобар бехенд...Мареј има подобра координација на теренот,подобар ретрн,физички односно кондиционо и ментално е поспремен..

Реално Вавринка е единствена закана за Џокович во овој момент што всушност покажуваат резулатите во последната година каде изиграа маратонски неизвесен меч на АО 2015 и го исплеска на РГ...Мареј и Федерер немаа ниту промил шанса против Новак
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
436
Поени од реакции
135
Коа се вели дека Федерер паднал во интезитет во последниве неколку години ми се плаче од смеа. Па човекот во последниве 3 слема гази се живо пред себе во 3 сета и тоа буквално се освен еден играч што не може да го победи. Е сега што губи само од Ноле воопшто не значи дека формата му е слаба. Едноставно не држи вода. Посебно сега на АО не изгуби на кондиција туку беше надигран и тоа со негова игра. Кога ќе давате вакви мислења користете факти а не само да користите некакви смешни оправдувања кажани од Виландер и компанија. Тој во гејм сет анд мац 80% од времето зборуваше за Мари како тој требал да игра и како да го победи Новак. На крајот пак го пофали и Федерер како демек овој успеал толку супериорно да игра на турниров. Да му се присере на човек. За победата на Новак и 11 слема уста не отвори.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Чисто колку да се одјавам од темава и Australian Open 2016 кој за мене не значеше буквално ништо. Рафа си го јаде во прво коло, спортска еден тикет не погодив :D Едина позитивна ствар шо Кербер освои, ама подобро така отколку и без тоа.
Што се однесува до машкиот дел од турнирот, честитки за Ноле и за неговите фанови. Да не се повторуваме, кој има очи и грам памет гледа што се случува, човекот е буквално непобедлив, ѕид од кој се одбиваат само топките. Неговиот противник, Мареј дефинитивно со тенисот од денес не можеше да се спротиствави, посебно дебилниот пристап во тајбрејк каде разликата беше направена за жал само од двете дупли сервис грешки. Не дека треба да ја бараме причината, можеби и да ги погодеше вторите серви немаше да вреди тоа ништо, сепак многу глупаво сето тоа испадна. Исто таке преголем луксуз беше тоа што си дозволи да спуши брејк на 5-5 во втор сет при 40-0. Секако, како контрааргумент ќе излезе дека Новак имал порано и во двата сета брејк предност, бла бла, баталете, тепа чоекот како што беше и очекувано.
Крај на уште еден грен слем, во исчекување на новиот, Ролан Гарос кој дефинитивно ќе одговори на многу прашања. Дали Надал има сила за нешто поконкретно? За тоа ќе видиме и на мастерс турнирите на земја, а и претходно на турнејата во Америка на тврда подлога.
То е то...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.548
same old same old, невидена доминација во тенисот a све ова ок, поголемиот дел, следеше после огромниот психолошки удар што го доби во Париз од Стен, дарди уште малце ќе прави година дена од неговото последно појавување на темиве за тенис : ))))
да заокружиме ко што доликува





 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom