Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
жениве очекувано.... Азаренка дефинитивно не требаше да има никакви проблеми, Стивенс ја тепаше Серена само поради повреда а ќе беше премногу да направи уште едно изненадување. Играше добро но сепак Азаренка е премногу голем залак за неа барем во овој момент... Можеби ова со медицинскиов тајм аут малце неспортски беше ама тоа е тоа. Шарапова како и вообичаено многу преценувана, во текот на турнирот изгледаше многу добра но се досега немаше серизна пречка (Венус не ја рачувам оти во последно време појма си нема). Кога конечно налета на добра противничка неможеше да направи ништо. А реално и Ли на ја победи Радванска која ја би рекол исто ке ја добиеше Марија и плус нејзиниот тренерот беше убеден во победа пред мечот па така да ова не е некое големо изненадување. Финалето би требало да биде добро, во него играат 2 од најдобрите 3 тенисерки и имаат добра игра. Би рекол дека шансиве се 55 нааспроти 45% за Азаренка.
 
nekoj da mi dade live stream za da moze da go gledam djokovic online..ima li ???
 
Леле, жалосно е да се гледа Ферер денеска. Не е ни 50% од она што беше во текот на турниров.
 
Нека се враќа Надал оти овој Ферер веќе не сакам да го видам во полуфинале на ГС....Бетер од лани на УС опен:facepalm:
 
Aиии Ноле шо му направи на Ферер, ау од коа го неам глеано Ноле у ваков стил да одигра цел еден меч, во ниту еден момент да не падне, константен во текот на целиот меч, нема шанса да му парира Ферер, теорија нема на ваков Ноле да му парира. За саат ипол у финале. :cuc:
 
Ферер има само 7 поени земено на сервис на Ѓоковиќ....
 
Не беше до Новак, толку колку што беше до Ферер. Мислам дека го немам видено да одигра полош меч досега. Ужасно.
 
после таков меч со Вавринка штом се извади сеа гази :)
 
Не беше до Новак, толку колку што беше до Ферер. Мислам дека го немам видено да одигра полош меч досега. Ужасно.
нц, беше и те како до Новак, што сакаше тоа правеше, бомби испраќаше до противникот, едноставно на ваков Ноле ја искрено не гледам како Ферер би успеал да земе сет, шанса немаше тоа да го направи, едноставно не преферира таков стил на игра за да успее во такво нешто против противник кој игра вака, скоро и безгрешно. Факт е дека Ферер беше паднат, али свесен беше и он дека што и да прави денес на терен, једина работа што би го извадила е драстичен пад во играта кај Ноле, тоа и коментаторот го кажа.
Једино мечот наместо саат ипол, т.е. помалку од саат ипол, да траеше скоро 2 саати, само саатницата можеше Ферер да си ја продолжи со боља игра, резултатот у сетови пак ист ќе си останеше.
 
Очекувано. Ебати другарот овој Ферер . Требаше да го пушти Алмагро во полуфинале . За ова ли го заеба? Пет гема да земе денес. ( мала шала , нормално дека за долар повеќе луѓето очите ќе си ги извадат денеска)

Инаку ми текна на муабетите на темата пред 2-3 дена , како во финалето Шарапова ќе немала што да бара против Серена. :pos:
 
Ебате Ферерот СКАПАН, да даде господ никогаш да не помине повеќе од трето коло на грен слем, штета за турниров е, кога не може ништо..... а да беше Алмагро... човекот беше лепота за гледање со бекхендите и одличните винери. Можеби и Новак беше предобар... но Ферер не е за гледање против Федерер,Мареј, Ѓоковиќ и Надал на тврдите подлоги.
 
Да да ретко кога Ноле игра вака јако константно цел меч. Ама и Ферер не беше на ниво, правеше доста поише грешки отколку што обично прави. Ајде барем утре треба да биде поинтересно.

Значи Шарапот кога има лош ден, може од било кој да изгуби. Баш се надевав на финале Шарапова-Вилијамс, вака ќе видиме што ќе испадне.. :( Ама и Ли е доста напредната со новиов тренер. Криво ми е за младава Стивенс ама сигурно ќе ја гледаме натаму во завршните кола на големите турнири. А на Азаренка не и е првпат да бара medical time out кога губи. Доста неспортски од нејзина страна, ако е бр.1 во секој случај ќе победеше.

Хахаха коментаторов на Еуроспорт од пред некој ден: Ево најбоље другарице Серене Вилијамс (очигледно мислеше на линиската судика кога се караше и пцуеше на УС Опен пред година-две) :pos:
 
денес и Ферер и Алмагро заедно да беа пак ке го јадеа стапот .Ебати снајперот Доминатрикс . Новак да ја подобри играта на мрежа и да го има жарот на Надал буквално непобедлив ке е . Ајде утре и Федерер да го добие Мареј па во недела да гледаме снајперско шоу .
Ауу Новак ,таков ќотек одамна немам гледано ,па жал да се немало .Хашки суд ке спрема нова тужба против човекови права изгледа
Ке го гледаме утре во публиката ,бар така најави Новак ,не кажа само за кој ке навива
еве цитат од неговата изјава
Fokusirao sam se bukvalno na svaki poen i čak kada sam vodio 2:0 u setovima nisam želeo da mu dopustim nijedan poen
 
Aиии Ноле шо му направи на Ферер, ау од коа го неам глеано Ноле у ваков стил да одигра цел еден меч, во ниту еден момент да не падне, константен во текот на целиот меч, нема шанса да му парира Ферер, теорија нема на ваков Ноле да му парира. За саат ипол у финале. :cuc:
За мене не е никакво изненадување ова. Уште од мечот со Смичек бев убеден дека ако налета Ферер на некој појак тенисер (пошо не знаев каков му е ждребот) ќе го јаде на велико. Многу лесно му правеа брејкови во текот на целиот турнир, дури и право чудо е што го помина Алмагро, барем според мене, да не беше таа лоша психа на Николас сабајлево ќе гледавме далеку поинтересно полуфинале. Ферер вс Ноле/Роџер/Рафа нема никакви шанси на Грен Слем турнир, ете се виде и на РГ, земјата му е омилена подлога па беше збришан од Рафа, иако Рафа нормално беше фаворит но се очекуваше поголем отпор. Ферер едноставно нема игра за да освои Грен Слем турнир, јас го почитувам премногу како тенисер и како личност, супер си е од овој аспект, борбен, се бори за секое топче, сака да победува но едноставно толку му е максимумот против појакиве тенисери.
И да го споменам ужасниот распоред на организаторот, па маме му еам која е логиката во една вечер да се изиграат женските полуфинални дуели и еден машки полуфинален дуел а утредента само еден машки полуфинален дуел да има... Катастрофа, вечерва нема тенис само сабајле од 09:30.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom