Одиме... Се враќаме во живот...
Здраво на сите на темата.. Денес и утре, за оние кои не видоа, Најдобрите дуели во историјата на Австралија Опен
Првиот грен-слем во годината е на само два дена од неговиот почеток. Се одиграа неколку помали турнири, но со Австралија опен може да се каже дека реално почнува натпреварувачката сезона за која има потенцијал да биде најдобрата досега. Ќе се надеваме дека и Отвореното првенство во Мелбурн ќе биде најдоброто досега, иако за да обезбедат место меѓу класиците, натпреварувачите треба сериозно да се потрудат.
Низ два артикли, денес и утре, ќе се обидеме да ви ги приближиме субјективно избраните десет најдобри натпревари на Австралија опен. Оние што едноставно не можеме да ги заборавиме.
М. Сафин - Р. Федерер (полуфинале, 2005 година)
5-7, 6-4, 5-7, 7-6, 9-7
За оние што можеби се сеќаваат (уште е свежо), коефициентот во обложувалниците за победа на Федерер беше 1,03. Одиграа трилер во секоја смисла зборот, а Сафин по него, ги реши сите дилеми во изборот на „меч на кариерата“ (тука ја имаме предвид победата против Сампрас во 2000 година на УС опен). Работата на Федерер, кој во тој период особено доминираше со светскиот тенис, се усложни во тајбрејкот во четвртиот сет, кога тој имаше меч-топка. Во петтиот сет спаси вкупно шест меч-топки, за да падне пред седмата. Марат Сафин потоа го освои турнирот.
А. Агаси - П. Сампрас (полуфинале, 2000 година)
6-4, 3-6, 6-7, 7-6, 6-1
Ни случајно не може да помине една листа на класици без Агаси-Сампрас класиката. Веројатно најдобрата вечер во Мелбурн за Агаси, кога тој со победата стана првиот играч по Род Лавер, кој стигнал до четири грен-слем финалиња по ред. Агаси беше во тешка ситуација кога тајбрејкот во третиот сет го загуби без освоен поен, но издржа и го доби четвртиот, потоа профитирајќи од заморот на Сампрас.
С. Вилијамс - К. Клајстерс (полуфинале, 2003 година)
4-6, 6-3, 7-5
Како Агаси, и петкратниот шампион кај дамите, Серина, држи моќно место меѓу легендите во Мелбурн. Сепак, кога дојде на турнирот пред осум години, сè уште го немаше освоено трофејот, единствен кој ѝ недостасуваше меѓу останатите грен-слем турнири. Губеше од големата ривалка со 1-0 во сетови, за потоа да изедначи на 1-1 и да се најде во незгодна позиција со негатива од 5-1 во последниот сет. Спаси две меч топки на 5-3 и освои шест гема по ред за титула. По тој меч, излезе нејзиното сè уште познато: „Јас сум борец“.
Р. Надал - Ф. Вердаско (полуфинале, 2009 година)
6-7, 6-4, 7-6, 6-7, 6-4
Ако не го гледавте, ќе го најдете како најдолгиот меч во историјата на турнирот - траеше 5 часа и 14 минути. Сепак, инсистирам натпреварот да се запомни по многу повеќе од само најдолг. Вердаско беше изненадувањето на сезоната и со фантастична комбинација на удари реализираше 95 винери против Рафа. Не можам да се сетам дека постои друг тенисер кој може да се пофали со слична бројка. Тажното е што не победи на најдобриот натпревар во животот.
Б. Бекер - О. Кампоресе (трето коло, 1991 година)
7-6, 7-6, 0-6, 4-6, 14-12
Смешен резултат што само ако го погледнете подетално, апсолутно ќе ви го објасни целиот тек на натпреварот. До натпреварот помеѓу Надал и Вердаско беше најдолгиот во историјата на турнирот. Една недела по оваа трилер-победа, Бекер го освои турнирот и за првпат во кариерата стана светски број 1.