Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
По подолго време се вклучувам на форумов, и тоа баш во оваа тема.

Јас конечно, после долговремено "трудење" си заминувам од Македонија!

Од невозвратена љубов, најверојатно, но нејсе. ;)

Совет - фаќајте што побргу од тука магла, за сите причини е веќе излишно да се говори. Барајте начини и гледајте од никого помош да не барате, пошо нашите, Македонците, за ништо не ги бива, било каде, а најмалку за Македонија!

Сè сами! Снаоѓајте се како знаете и умеете.

А, овие со власта нека си исплаќаат кредити и плати. Пу јзк!

У право си,Македонците за ништо не ги бива.Научени се само да бараат помош за се,а не знаат ни едно фала да кажат.Баш ради тоа и не сакаме да помагаме на наши,пошо нишо не ценат нашите.Обично иде вака,ке му помогниш за соба,ќе му средиш документи,ќе му најдиш работа,и после 2 плати веќе не те ни познава.ете такво ти е македончето.
 
Кај Кили во Еквадор покрај плажа, и нема во темата најекомично затоплување да пишуваш.
 
И на крај ке те пријави ако си на црно

Sent from my 6036Y using Tapatalk

овие се обични глупости што ги пишувате, јас имам работано на црно 18 месеци и при тоа земав пари од системот, и сите што ги знаев знаеа и ниту се криев, и плус кај наш човек работев, ....ниту некој ме кажа ниту имав некакви проблеми, и има уште еден милион друг случаеви, бадијала јадете говна,
 
И ние сме биле де, имаме и ние икс случки, ти слатки јадеш?

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
овие се обични глупости што ги пишувате, јас имам работано на црно 18 месеци и при тоа земав пари од системот, и сите што ги знаев знаеа и ниту се криев, и плус кај наш човек работев, ....ниту некој ме кажа ниту имав некакви проблеми, и има уште еден милион друг случаеви, бадијала јадете говна,
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=386169B80EA7904A9B5508D19C40C721
 
Не се будали да одат на интервју кое повеќе е да се каже дека го имало и дека нешто работат тие во аврм. [emoji16]
Колку од невработените преку смс биле повикани на интервју и ако не се појават ќе бидат избришани од списокот. Уценување бе [emoji23]

Повеќето интервјуја и се демек некоја странска компанија бара одреден профил на невработени, па треба да направат интервју и да и дадат листа.

Све завршено дечки ќе ви се јавиме. И нормално никој од невработените по втор пат нема да добие ни смс ни повик од аврм ни од таа мистериозната странска компанија. [emoji16]

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Јас лично немам слушнато за ниту еден Македонец/ниту една Македонка да има емигрирано во Јужна Америка.

Можеби со исклучок на Ноне Неделковска, која замина да работи на брод, крстерејќи низ Карибите, и Оливера Лазаревска, момичето кое ја пееше Никола, Никола. Е па, Никола извиси, Оливерчето се омажи за Аргентинец. :D

Девојчето што ја пееше „Никола Никола“, се омажи за Аргентинец

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Девојчето кое ја испеа „Никола, Никола“ се омажи за Аргентинец

А од друга страна, во темата на форумов за Македонците во Јужна Америка, ретко кој пишува нешто од тој дел од светот.

Македонци во Јужна Америка

Речиси сите кои фатиле џаде или планираат да фатат џаде во странство во потрага по подобар живот, фатиле џаде или планираат да фатат џаде или во Европа или во Австралија или во Северна Америка, а Јужна Америка ретко кој ја спомнува, да не речам ич.

Мој другар има роднини во аргентина и тоа тргнале на времето за америка но згрешиле брод и завршиле во аргентина.
 
И, како резултирала утката, со позитивно, или со негативно искуство ?

Прашувам онака, бидејќи Аргентина во 20-от век помина низ 3 воени хунти, од кои последната - од 1976 до 1983 година беше особено криминална и крвава.

Во 2002 година Аргентина прогласи банкрот од кој не закрепна целосно, поради што во 2014 година индиректно прогласи банкрот - што во превод значи дека не прогласува банкрот, туку одбива да ги плати долговите кон странство, но бидејќи гледам аргентински вести преку Интернет одвреме-навреме, не ми делуваат Аргентинците како силно да ги погодил индиректниот банкрот.

Како се снаоѓаат со храната и здравството ?

Аргентина е еден од водечките производители на генетички модифицирана храна во Јужна Америка, дури и имаше документарец пред некоја година за тешките заболувања и труења кај аргентинските фармери, но наводно сите тие генетички модифицирани отрови завршуваат исклучиво во САД, односно не остануваат во Аргентина.

Вообичаено во овој период - од декември до февруари кога е зима кај нас на северната полутопка, односно кога е лето кај нив на јужната полутопка, има масовни протести во Буенос Аирес поради недостатокот на електрична енергија за време на летните горештини поради застарената електродистрибутивна мрежа, но сеуште ниту сум видел на вести, ниту сум читнал на Интернет за такви протести од декември 2015 па наваму.

Еден познаник мој има еден брачен пар за пријатели, кои едно време работеле во пицерија во Барселона, но откако започна финансиската должничка криза, сопственичката одлучила да ја продаде пицеријата и да фати џаде за Аргентина и им понудила на сопружнициве нашинци да заминат со нејзе за Буенос Аирес.

Нашинциве прифатиле и наводно денес живеат задоволни во Буенос Аирес.
 
Последно уредено:
Дали знаеш зошто фирмите нон-стоп имаат огласи ?
Затоа што кога имаат потреба или некој што е веќе на проба кај нив веднаш да го вработат.
Глумиме конкуренција на пазар на трудот, а во суштина има многу бирократија.
Огласот за работник треба да биде отворен најмногу 8 дена (демек да се пријават кандидати, демек сите имаат можност итн срања), а тука губат и работниците и фирмите.
И сега ќе пишува во весник, демек има многу работа, нема работници, барем за луѓе омилена тема на муабет им е политиката, а не работата, да има што муабет да прават т.е работат.
 
има од се по нешто. Пред се , газдата ги нуди полошите работни места, а подобрите се за роднини. Друго, има доста луѓе кој работат на црно, особено во одржување на домашни уреди и апарати, посебно за ситни поправки е тотално неисплатливо фирма да доаѓа и да работи. Има и фирми кој се познати по нередовни плати па никој не им се јавува. На времето, пред 15-20 години, мислам Дасто беше, имаше и своја ТВ, стално имаше отворени конкурси. Прашувам еден колега на работа, имаше 2 сина завршени на машински, абе викам нонстоп има оглас од Дасто на ТВ ?...Знаат децата ми рече, разбрале, стално има конкурс и стално прима и стално си бегаат по 2-3 месеци, бидејќи абер нема од плата..[DOUBLEPOST=1452421403][/DOUBLEPOST]
И, како резултирала утката, со позитивно, или со негативно искуство ?

Прашувам онака, бидејќи Аргентина во 20-от век помина низ 3 воени хунти, од кои последната - од 1976 до 1983 година беше особено криминална и крвава.

Во 2002 година Аргентина прогласи банкрот од кој не закрепна целосно, поради што во 2014 година индиректно прогласи банкрот - што во превод значи дека не прогласува банкрот, туку одбива да ги плати долговите кон странство, но бидејќи гледам аргентински вести преку Интернет одвреме-навреме, не ми делуваат Аргентинците како силно да ги погодил индиректниот банкрот.

Како се снаоѓаат со храната и здравството ?

Аргентина е еден од водечките производители на генетички модифицирана храна во Јужна Америка, дури и имаше документарец пред некоја година за тешките заболувања и труења кај аргентинските фармери, но наводно сите тие генетички модифицирани отрови завршуваат исклучиво во САД, односно не остануваат во Аргентина.

Вообичаено во овој период - од декември до февруари кога е зима кај нас на северната полутопка, односно кога е лето кај нив на јужната полутопка, има масовни протести во Буенос Аирес поради недостатокот на електрична енергија за време на летните горештини поради застарената електродистрибутивна мрежа, но сеуште ниту сум видел на вести, ниту сум читнал на Интернет за такви протести од декември 2015 па наваму.

Еден познаник мој има еден брачен пар за пријатели, кои едно време работеле во пицерија во Барселона, но откако започна финансиската должничка криза, сопственичката одлучила да ја продаде пицеријата и да фати џаде за Аргентина и им понудила на сопружнициве нашинци да заминат со нејзе за Буенос Аирес.

Нашинциве прифатиле и наводно денес живеат задоволни во Буенос Аирес.
па нема само Грција монопол на невраќање долгови, ете и Аргентина има шема...
 
има од се по нешто. Пред се , газдата ги нуди полошите работни места, а подобрите се за роднини.
Вајлда нема што да бараш во таква фирма, бидејќи реално газдата некако живурка. Таков газда да знае да работи, работните места ќе ги нуди за оние што знаат да работат, а на роднините оние што нема да сметаат на работата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom