Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Jas mislam tie so se u Germanija, a se zalat na plati i kirii,vikat taka oti se plasat da ne im se obesat na vrat rodnini Makedonci sto ke trazat podobar zivot vo Germanija.Tie pak so ne se ziveale tamu, a ne se izlezele nadvor od Makedonija da ziveat za dzabe se inatat.Na beloto za inat vikat crno.Toa e moe mislene i tocka.Tuka komotno mozes da zivees so plata od 1500 eu i ako ima uste eden so plata moze taa da se trga nastrana.Veke sum tuka 6 meseci i tolku sloboden vo vrska so pari ne sum se osekal kako sega.Kupes si se so ti treba bez da se stiskas(normalno da ne trcas u KaDeVe znae se vo koi marketi ili butici se ponormali cenite).A za sporedba nema potreba sporeduva li se kojn i magare? :ROFLMAO:
A za lezanje pari nikoj ne dava taka e i tuka taka e i u Mk.
Штипјанец ли си?
 
Народов ќе се испотепа за да оди да чисти, до кое дереџе стигнавме...:( Слушнал ли некој нешто за ова?

http://ekonomski.mk/2013/08/18/по-германија-и-австрија-бара-работниц/

Па според мене,чистач таму е многу подобра опција него работа тука :D (зависи колку те плаќаат)
 
Да навистина е лошо значи и кај нас и таму да си чистач нема разлика.
Некој ќе речи да но таму плаќаат повеќе, да повеќе од кај нас но за нивиот стандард земаш плата за чистач и можиш да живееш каков таков ,истото ти е и кај нас.

Пример Германија те плаќаат 600 евра за чистач а за живот ти требаат 500 и тоа е подобро од кај нас? Таму како чистач живееш во соба од 5 квадрати и делиш wc и кујна со уште десет имигранти за да тргниш на страна 100-200 евра ? Кај нас повеќето живеат во куќа од 200 квадрати или трособен стан и се жалат дека неможат да си ги платата сметките. Па нормално да живееш и лондон во такви услови ќе ти требаат 5000 фунти месецот.
Исто така некој кај нас нема да оди чистач да работи затоа што му е срам но ќе оди германија и по 20 клозети ќе чисти на ден сампо затоа што не го познава никој. Балканска логика.
 
Веројатно не знаеш, ама кај нас и за чистач врски требаат, посебно ако е во некоја (било која) државна установа. И нема да ти се верува какви кавги се кој да се прими, какви притисоци и врски требаат (а платата е од 11-13 000 ден. просечно). Во Германија барем нема да треба да моли и да фаќа врски и да се докажува на други начини, кои не се поврзани со работата, колку е некој подобен чистач да биде. Тоа е огромна разлика.
 
Исто така некој кај нас нема да оди чистач да работи затоа што му е срам но ќе оди германија и по 20 клозети ќе чисти на ден сампо затоа што не го познава никој. Балканска логика.

Знам за девојче со високо образование која ради немаштија беше принудена да стане чистачка овде кај нас. Сите се чудеа и ја исмејуваа, со муабетот "факултет заврши за да после чисти". Така да проблемот не е во неа, туку во околината. Тоа е балканската логика која ја спомнуваш и која не чини.

И да, поболно е човек да седи во Македонија со магистратура и докторат, а да чисти вециња и да го исмеваат сите довчерашни (не)пријатели кои подобро се снашле (читај - фатиле подобри врски за работа или станале "подобен" партиски кадар). Боли да работиш како чистач на вециња во држава за која се релевантни само партиски послушници и ништо друго!

Ако ништо друго, во Германија и да почнеш со чистење тоалети, сигурно нема и на тоа да останеш (освен ако изигруваш гетоизиран Балканец или си целосно неспособен).
 
Веројатно не знаеш, ама кај нас и за чистач врски требаат, посебно ако е во некоја (било која) државна установа. И нема да ти се верува какви кавги се кој да се прими, какви притисоци и врски требаат (а платата е од 11-13 000 ден. просечно). Во Германија барем нема да треба да моли и да фаќа врски и да се докажува на други начини, кои не се поврзани со работата, колку е некој подобен чистач да биде. Тоа е огромна разлика.

За тоа дека и за чистач требаат врески незнаев а и не живеам Македонија веќе 7 години и се уште си мислам дека за чистач и за земјоделец не ти требаат врски но никој несака да работи, затоа што познавам многу кај нас кој што на прашањето зошто не работат ми одговараат " нема да одам за толку ниска плата да работам подобро ќе седам дома и ќе чекам нешто подобро " . Знам дека кај нас е лоша ситуацијата и е многу тешко да се добие работа но да се оди странство за да се работи најниското и да се кажива колку е добар животот таму и дека добро се заработува а живеат во мизерни услови само за да заштедат некој денар и да вратат дома , да би гледал на тоа како добро нешто ако навистина условите се толку лоши.
Како и да е сакав да кажам дека доколку на некој кај нас би му по понудиле чистач нема да оди но во странство ќе оди без проблем. Ако некој кај нас живее во една соба и дели стан до 10 души ќе го кошта 10 евра месечно како што би го коштало многу малку во Германија.

Знам за девојче со високо образование која ради немаштија беше принудена да стане чистачка овде кај нас. Сите се чудеа и ја исмејуваа, со муабетот "факултет заврши за да после чисти". Така да проблемот не е во неа, туку во околината. Тоа е балканската логика која ја спомнуваш и која не чини.

И да, поболно е човек да седи во Македонија со магистратура и докторат, а да чисти вециња и да го исмеваат сите довчерашни (не)пријатели кои подобро се снашле (читај - фатиле подобри врски за работа или станале "подобен" партиски кадар). Боли да работиш како чистач на вециња во држава за која се релевантни само партиски послушници и ништо друго!

Ако ништо друго, во Германија и да почнеш со чистење тоалети, сигурно нема и на тоа да останеш (освен ако изигруваш гетоизиран Балканец или си целосно неспособен).

Значи ако некој има факултет или магистратура кај нас треба само Германски да научи и нема никогаш да чисти wc а Германија, се зависи од тоа колку можеш да се снајдиш, ако факултетот кај нас те научил на основните нешта како да се снајдиш во општеството тогаш единствена бариера е само јазикот.

А за тоа се согласувам дека таму и од чистач можеш многу повеќе да напредуваш и да стигнеш на повисока позиција од некој кој кај нас работи 20 години и чека да го сменат откако ќе се смени политичката партија на власт.

Кога ќе размислам подобро , па и навистина вреди да се проба некој во странство од нула отколку кај нас дури и на некоја подобра позиција од која нема да мрдни во наредните 10 години.
 
заборавате дека кај нас веќе секој има факултет а богами и магистратура. не секој што го има ливчето е магистер и стручњак. жалосно е што и стручниот кадар сакаат да го платат како тој што само ја има дипломата....дека е се розево тука не е, но би пробал прво тука да се снајдам ако не бива никогаш странство не бега...
 
За тоа дека и за чистач требаат врески незнаев а и не живеам Македонија веќе 7 години и се уште си мислам дека за чистач и за земјоделец не ти требаат врски но никој несака да работи, затоа што познавам многу кај нас кој што на прашањето зошто не работат ми одговараат " нема да одам за толку ниска плата да работам подобро ќе седам дома и ќе чекам нешто подобро " . Знам дека кај нас е лоша ситуацијата и е многу тешко да се добие работа но да се оди странство за да се работи најниското и да се кажива колку е добар животот таму и дека добро се заработува а живеат во мизерни услови само за да заштедат некој денар и да вратат дома , да би гледал на тоа како добро нешто ако навистина условите се толку лоши.
Како и да е сакав да кажам дека доколку на некој кај нас би му по понудиле чистач нема да оди но во странство ќе оди без проблем. Ако некој кај нас живее во една соба и дели стан до 10 души ќе го кошта 10 евра месечно како што би го коштало многу малку во Германија.
Се познава дека не живееш во Македонија. Колку и да звучи научно фантастично, чиста вистина е тоа дека за чистач ти требаат врски. И не само за чистач, туку и за многу други малку платени работи, пример за најобичен шивач во овие "инвестицискиве" фабрики ти требаат врски, за поголема функција муабет да не правиме.
 
За тоа дека и за чистач требаат врески незнаев а и не живеам Македонија веќе 7 години и се уште си мислам дека за чистач и за земјоделец не ти требаат врски но никој несака да работи.

Не го прочита најбитното, а тоа е чистач во државна институција, а тоа менува многу работи од која најбитната е дека државно си е државно, што значи дека ке ги има сите можни бенефиции и привилегии, дека ке помини со метлата како лисицата со опашката или што би рекле ке се провртка колку да не е без ич, плата сигурна на почетокот на месецот, празници прекувремено платени и уште ред други работи или во кратки црти кажано ке зема плата за џабе за разлика од оние во приватно кои треба да си ја извадат платата. Е затоа се фаќа врски за чистач оти крај краева кој ти дава пари за ништо па макар биле и 13000. Си одиш дома свеж и одморен.
Знам за девојче со високо образование која ради немаштија беше принудена да стане чистачка овде кај нас. Сите се чудеа и ја исмејуваа, со муабетот "факултет заврши за да после чисти". Така да проблемот не е во неа, туку во околината. Тоа е балканската логика која ја спомнуваш и која не чини.
Аџабе ако завршила факултет дали ја бива. Можи со врски и канта сирење ја зела дипломата и можи три чисти нема од тоа за што завршила како и поголемиот број на дипломци тука. Па да ги прашаш повеќето за што учеле незнаат да ти кажат а не пак да земат да работат. И после општеството ви е криво. Да криво е пошто уште ви велат од дома сине учи да не работиш. И така некој “учел“ и арно ама кога излегол на пазарот на трудот увидел дека во реалниот живот врв во неговата кариера е да биди чистачка пошто толку и фаќало ментето.
Следна утеха ке биди дека на запад од чистач ке напредува . Да ке напредува по ново од оператор за хигиена ке стани офицер за хигиена, па тим лидер за хигиена, па сменоводител на хигиеничари и на крај ќе замини во пензија. И пак ке зема помалце плата и тоа многу помалце плата од на пример од почетната на човекови ресурси или планирање и унапредување на производството ( како се викаат по ново сега незнам). Нормално ке си конкурира во внатрешните конкурси за друго работно место кое по обичај бараат одредени познавања и искуство од таа област а пошто таа како оператор за хигиена единствено што има практично искуство е како да избриши џам и како да изџогира веце најнормано ке ја одбијат или пак ако си заживеа со некој од човекови ресурси во меѓувреме можи и ке и успее да се прешалта во друг департмент. Значи секоја чест на тие што имаат ептен голема среќа па да ја забележи некој од 10000 души во фабриката дека гиба онаму каде не и е местото и нема да ја казни туку ке ја препорача за унапредување, се друго се сведува пак на врски,пријатели ,упиквање,дудлање, кодошење или што би рекле стандард како и секаде во светот.
 
Аџабе ако завршила факултет дали ја бива. Можи со врски и канта сирење ја зела дипломата и можи три чисти нема од тоа за што завршила како и поголемиот број на дипломци тука. Па да ги прашаш повеќето за што учеле незнаат да ти кажат а не пак да земат да работат. И после општеството ви е криво. Да криво е пошто уште ви велат од дома сине учи да не работиш. И така некој “учел“ и арно ама кога излегол на пазарот на трудот увидел дека во реалниот живот врв во неговата кариера е да биди чистачка пошто толку и фаќало ментето.

Тие што се со врски кај нас и градинка и основно и средно и цел факултет го проаѓаат со лесно и си имаат сигурна работа однапред загарантирана во државни институции. На оние другите кои немаат протекција им останува сами да се снаоѓаат (како девојкава) или да фатат џаде во туѓина.

Девојчето да имало врски, сигурно ќе се пикнело во некое министерство наместо да чисти. Да бевме ние нормална држава (ко што не сме), две третини од администрацијава ќе требаше да се отпушти бидејќи ни тест за основна интелигенција не би поминале, камоли факултет да завршат.

Во странство партиската (не)определеност е ирелевантна за твојот работодавач, во Македонија истата е УСЛОВ за работа.

Благодарение на ваквите абнормалности и максимална партизација, Македонија самата ќе си направи огромен економски егзодус на населението. Пишав и на друга тема, 500 000 иселени не е малку.
 
Немора да значи. Имало луѓе кои завршиле со врски и канта сирење само колку да се заврши нешто. Таква била модата.
Или мислиш дека сите што завршуваат факултет и се стекнуваат со диплома а завршиле со врски однапред им е пишано каде ке бидат. Можеби некој се само опортунисти.
И многу ти е погрешна претпоставката за партиската определеност со завршувањето на факултетот. Ако случајно немаш забележано партиите на власт се менуваат. Досега и двете највлијателни партии биле по два пати на власт, така да тоа и не ти држи многу вода.
Но и тоа е небитно, пошто и самата како што кажа филмот е да се пикнат во јавна администрација и само ради тоа им треба факултетот и дипломата. Јас искрено незнам за приватник да го интересира од која партија си, но таму ке треба да го спотниш газот за платата. И сега на крај испаѓа дека само им љубоморите на тие кои се веќе во јавна админситрација и нишаат врата а земаат плата и тоа само затоа што не сте вие таму, па затоа тие се неспосообни, вакви такви. Божем вие цвеќиња миризливи.
А 500.000 како што велиш заминати е од голема невработеност. Ако наместо некој друг била другаркати на тоа место, пак тој некој друг или ке чистел или како што викаш ти ке заминел во странство со истиот изговор како твојот и нејзиниот. Секој сака да работи во државно и да си го прчи.
Е така за сите нема.
 
Статистички податоци за иселени лица се собираат од нашите ценети амбасади во светот, на кои им доставуваат податоци општините во ЕУ за пријавен иселеник со дозвола за престој. Стварно тешка ствар е ова да се одреди. На легалните иселеници. Сите доставуваат инфо до МНР и оп валиден податок. Мислам ако работат нешто амбасадиве, 5 мин работа е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom