Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Јас тука работам во сопствена фирма па едвај успевам последниве месеци да врзам крај со крај. На почетокот фирмата ми работеше одлично, ама пуста наша држава ме казни 3500 евра бидејќи имав 13 денари вишок пари во касата и се што имав заработено во текот на цела година државата пак ми го зеде па дури не ми ни стигнаа и морав да позајмувам од роднини за да ја платам казната...Па нели е жално?

Јас пред неколку време ти објаснував за инспекциите во Македонија. Ти имаше дуќанче во Струмица на добра локација и ме убедуваше дека секој што е чесен има леб во државава. Да не речам и добро се искаравме на темата, во времето кога беше почетник и мислеше дека се е така розово во приватниот сектор во Македонија. Немој да мислиш дека ти се ситам за казната, напротив ме прави бесна кога ќе прочитам ваква ствар. Знам и дека си работиш поштено и си ги плаќаш фактурите истиот ден, така и кажуваше. Ти велев, приватен сектор во Македонија функционира само на хартија, глава неможе да се крене од инспекции за било што. Макар бил и најчесниот ќе најдат начин да те казнат. Буџетот долги години е празен, единствениот извор им е килавиот приватен сектор. Кој имал своја фирма знае дека попрво би инвестирал во Тунгузија, него ли во Македонија. Тоа ти е луда држава. Може да кажува басни само оној кој работи во државен сектор или некој кој немал своја фирма.

Жално е да. Се е жално во Македонија. Не е фер. Не е човечки. И не е место каде можеш да живееш како човек. За фирмата запомни првите 5 години се тешки, после се навикнуваш и на казни и на неплаќачи и на хаосен правосуден систем кој за една фактура да си ја наплатиш чека година дена (фактура со износ кој може да те банкротира да речеме и да не ја дочекаш годината). Се е жално пријателе. Али таква ни била среќата да се родиме во една таква батак држава и да научиме на секои 5 години да се креваме од дното. Таков е циклусот, креваш глава идат и ти ја сечат. После пак. Никад на колена неможеш да застанеш. И на крајот од денот, дали воопшто вредат тие нервози и до кога ќе живееме, па за да имаме таков стресен живот.
 
Ама затоа 10% данок :свиркам:
 
Морам да бидам дискретен пошо на форумов има све и свашта, али морам нешо да споделам :D
Можда ни недела дена нема, еден мој другар нафуран ќе иде на брод да работи, воедно и се знае со градоначалникот на една од општиниве во ск >_> и, пошо сакал коа ќе се врати да отвори пекарче или нешо, се решил директно да го праша градоначалничево за сите задскриени трошоци
- Брат, вака и вака, као ќе дојдам сакам да отворам пекара, кажи ми ги сите трошоци шо не се на папир, ако ме сфаќаш :)
- Брат, а да си идеш ти од земјава?
..........................
...
Ми се плаче, жими мајка. Замисли до кај е доено, политичар во власт, искрено те советува да си идеш од земјава....
А за темава... незнам шо да кажам. Идам да учам германски.
 
Јас пред неколку време ти објаснував за инспекциите во Македонија. Ти имаше дуќанче во Струмица на добра локација и ме убедуваше дека секој што е чесен има леб во државава. Да не речам и добро се искаравме на темата, во времето кога беше почетник и мислеше дека се е така розово во приватниот сектор во Македонија. Немој да мислиш дека ти се ситам за казната, напротив ме прави бесна кога ќе прочитам ваква ствар. Знам и дека си работиш поштено и си ги плаќаш фактурите истиот ден, така и кажуваше. Ти велев, приватен сектор во Македонија функционира само на хартија, глава неможе да се крене од инспекции за било што. Макар бил и најчесниот ќе најдат начин да те казнат. Буџетот долги години е празен, единствениот извор им е килавиот приватен сектор. Кој имал своја фирма знае дека попрво би инвестирал во Тунгузија, него ли во Македонија. Тоа ти е луда држава. Може да кажува басни само оној кој работи во државен сектор или некој кој немал своја фирма.

Жално е да. Се е жално во Македонија. Не е фер. Не е човечки. И не е место каде можеш да живееш како човек. За фирмата запомни првите 5 години се тешки, после се навикнуваш и на казни и на неплаќачи и на хаосен правосуден систем кој за една фактура да си ја наплатиш чека година дена (фактура со износ кој може да те банкротира да речеме и да не ја дочекаш годината). Се е жално пријателе. Али таква ни била среќата да се родиме во една таква батак држава и да научиме на секои 5 години да се креваме од дното. Таков е циклусот, креваш глава идат и ти ја сечат. После пак. Никад на колена неможеш да застанеш. И на крајот од денот, дали воопшто вредат тие нервози и до кога ќе живееме, па за да имаме таков стресен живот.

Еее, кога го правевме муабетот тогаш бев страшно задоволен од добриот старт на фирмата и бев тотален оптимист дека еве конечно и јас ќе успеам во некој сопствен бизнис како главучите што ги гледав низ град што имаат незнајни пари од нивните бизниси и имаат огромни суми на пари. Не ми требаше да имам милиони, не ни сакав да имам милиони, сакав само да успеам и да можам да им вратам на родителите за се она што направиле и потрошиле за мене, и мислев дека ако продолжам така тоа ќе ми стане бизнис со кој ќе можам некој ден да си ги гледам жената и децата. Ама не испадна така, се она што го заработив и го имав тргнато настрана, она за кое имав планови уште 1 година да го дуплирам и да го проширам бизнисот или да си купам куќа, кола итн ми го зеде државата додека да трепнам и душата ме боли бидејќи си знам со какви маки го почнав бизнисот и како ги заработив тие пари со 12 часа работа на ден како крт, немав време ниту да излезам како млад човек ниту да прошетам некаде. Сега сум тотално разочаран бидејќи неможам да обезбедам ниту нова стока ниту да ги платам давачките. Еве втор месец плата немам поминато... Ме советуваат роднини да ја затворам фирмата, ама да му ебеш матер и за тоа треба добри пари. Треба да ги платам сите давачки, да исчистам се за фирмата да не остане должна на никој и на крај и да ја ликвидирам, ама за се ова ми требаат речиси толку пари колку што ми зеде државата. Страшно е кога гледаш и знаеш како некој се мачел да создаде нешто во животот и да успее за на крај пак државата ни убава да ти го земе и тоа. Нашава држава стана рекетар на кој мораш да му платиш за се што ти побара ако сакаш да работиш за ситни трошки, ако не и платиш ќе наебеш јако. И ова е прв и последен пат што се обидуваш во Македонија да создадам свој бизнис. Милион пати ќе ми биде подобро да си извадам Бугарски пасош и да киднам одовде, барем ќе знам дека ќе имам економска стабилност и ќе можам да си го обезбедам семејството, моите деца нема да се мачат на исти начин како што сум се мачел јас, а вака да се трудам со сите коски да успеам и на крај пак на државата да го дадам тоа што сум го заработил, фала ама не фала.
 
Другпат слушај ја леандра :D
 
jas porano rabotev ovde uste pred da bide donesen zakonot za 8050 minimalna plata..togas vo vremeto 2003 koga se vrabotiv vo edna firma imav plata 6500 i hranarina 3200 ok za 18 god devojce ok se tie pari...rabotev tama 3 ipol god i se ok...posle dve god ne vrabotena najdov rabota 12 sata ko krt za 9500 den ajde ok i toe e otkako otidov vo slo i koga vidov deka za mojata rabota vo mk se 150 evra a tamu 850 e ni za moment ne sum se pismanila ni za bg pasos i za toa sto sum daleko od site...

site koj imat sansi da izlezat od mk neka ne se mislat...sekade e tesko na pocetok e posle koga ke si postavis red na trosenje i na zivot se ke e dobro...a tie muabeti demek tesko e brat nema rabota i tuka,se samo muabeti za da ne mu dojdes i da ne mu bides konkurencija...

da se razbereme rabotam vo pekara samo treta smena mene platata mi e taman zadovolna sum mozebi moze i poveke ama taman mi e,imam kolega slovenac uopste ne e zadovolen demek treba za taa rabota poveke pari...rezultat: sekoj graganin na tie drzavi bara poveke a nie dojdencite se zadovoluvame na toa sto go davat bidejki vo nasite drzavi e poveke katastrofa...
 
Да се надопунам имам у зграда една што се декларираше како дете без родители бабата нејзе ја исчува стан и препиша и тоа двособен заврши средно у тетово исто со врски работеше у една ординација доби дете не правеше свадба само да ја нема евидентирано признаено е зима сто посто некој денар и за тоа си го среди станот ти се чини хотел.Сега со овие вработување од владата седи дома зима 200 евра и уште се фали ке запише оној бизнис и администрација за црно на бело да има и пазарен инспекторат не и гине бабата по цел ден се фали.ЕЕЕ ЖИВОТЕ ЈЕБЕМ ТЕ а јас студирај за што за ова работам по 13 сата за 700 ден а таа прчи нозе 200 евра кој знае кога званично ке се стави таму која плата ке се зима.Па после како нема да се бега и да се плука по земјата и секој чека мала шанса и да се кидне.Кај го има ова седи и зимај плата додека другите со знаење неможат да најдат работа.
 
Во глобала не чини државата... Ама тој што е упорен во своите цели може да направи пари макар и да е од некоја ситница... Само треба напор, време , мислење, истражување, пробување...

Земјоделие секогаш има... Обрт од тоа секогаш ќе се прави само ретко кој денеска сака да си го потроши целиот живот да почне од 0 за да може комотно да живее... За жал странство се гледа како поубава опција, дали е најдобра за државата не е, ама најдобра е за поединецот...

Има и тука доста луѓе кои успеале да направат некоја убава пара... Само се знае дека тоа мора да биде или надвор од градскиот живот или да се сврзеш со некоја од партиите... Или како 3та опција онлајн работење...
 
777 се Македонци од вкупно 112.300 странци кои лани добиле германски пасош, пишува Дојче Веле.
Според DW, најголем дел од новите државјани на Германија се со турско потекло, а минатата година пораснал и бројот на Срби, Косовари и Црногорци кои станале германски државјани.
Германскиот пасош повторно е многу баран кај странците во Германија. Четврта година по ред расте бројот на странци кои добиле државјанство. Според информациите на Сојузната служба за статистика од Висбаден, во минатата година германски пасош добиле околу 112.300 странци, што е речиси пет проценти повеќе од 2011 година, пренесува DW.
 
Од следниот месец (септември) ќе бидам преселена во Франкфурт. Германскиот го зборувам прилично солидно, така што мислам дека ќе биде океј. Меѓутоа факултетот за годинава го запишав како вонреден студент. Ме интересира ако има некој ваков случај да ми објасни тука или по пп како би одела процедурата околу полагањата на испитите. Има ли некои олеснителни можности, затоа што не би сакала да паузирам и да ја изгубам годината.
 
Драга Татковино,

Те напуштив пред еден месец и морам да признаам, не ми недостигаш...
Нормално, тука во Канада ми недостигаат моите сестри, пријателките, понекогаш и мојот размазен брат, веројатно затоа што е висок - а тоа тука е скоро загрозен вид...А како секоја вистинска балканка, освен високи мажи, ми недостига и кафе и цигари! Не е тука како кај тебе, со цигара сегде па и во болница - тука да се пуши е срамота и скапо, немаш каде, а да најдеш кафе што ќе те рассони, тоа единствено можеш ако купиш турско во некој специјализиран дуќан па да го свариш дома, да излезеш на трем и низ димот да ги гледаш минувачите кои се згрозуваат од твоето очигледно самоубиство. Ама затоа од една кутија на ден стигнуваш до една на три дена (кога ќе дојде зима, ќе биде една на три недели).
Тука има уште многу чудни работи, како на пример - сите се љубезни! Влегуваш во продавница, те прашуваат како си, ако немаат нешто што ти треба ти се извинуваат, им подаваш чаша ти викаат фала, им готвиш вечера ти кажуваат фала и браво, а ако исчистиш зад себе, ти кажуваат и фала и браво и со денови зборуваат дека си најдобра цимерка на светот! Знам дека тебе тоа ти звучи досадно, ама верувај ми, брзо се навикнуваш. Освен тоа, Мајко на интровертните деца, тука луѓето се гушкаат! Какво здраво, добар ден, како си...тоа се зборува во продавница, а ако некој ти е мил, го гушкаш - и тоа вистински а не како девојка што замара!
А пази го ова - не само што не треба да се плашиш на пешачки премин, туку можеш да поминеш кај сакаш и колку сакаш и уште со насмевка ти застануваат.
on.net.mk_464342.jpg

Сепак, Татковино моја, ова е најмалку ќе ти се верува тебе: работиш и те плаќаат!Завршуваш факултет и те вработуваат!
А сега малку за мене! Јас својата канадска кариера ја започнав како келнерка - женско сум па не можам на градилиште...
Во принцип не беше тешко да се вработам. Слушнав за некое место каде што продаваат ракија, реков дека сакам ракија па ја најдов адресата, беше пристојна и утредента почнав да работам. И не, не работам кај твојот син Хрват, тука не се баш доверливи! Верувала или не, работам за Србин. Ми помогна многу, но за тоа друг пат, не сакам сосема да те убијам во поим.
Знам дека можев од дома да продавам ракија, но верувај ми, патот се исплатеше.
Да се биде келнерка во Канада е поинаку од самиот почеток бидејќи гостите не те гледаат како полуписмена фуфа која можат да ја викнат на кафе кога ќе им текне. Овде повеќето келнери се млади луѓе и тоа им е попатна станица пред „вистинската“ работа. Од друга страна, разговорот со гостите не се сведува на тоа колку (не) сум убава. Но сепак, продавам ракија па знае да се најде некој од твоите синови кои уредно мислат дека во Торонто, етнички најшареноликиот град во светот, само тие зборуваат „на нашки“. Некогаш се симпатични па се преправам дека не ги разбирам, но кога слушнав: „Види ја, ко да е од наше производство“, ми беше страв што ќе кажат понатаму па одговорив: „Херцеговина 870ма!“. Беа пресреќни, веројатно навреме ги прекинав.
А кога сме кај Херцеговина, мојата мила баба Херцеговина - заради неа неколку луѓе доведов во незгодна ситуација. Некој пар бара сметка, јас му ја тупнувам на фраерот! Некоја девојка слави роденден, ете ја и таа сметка...Што да правам, така сум научена - машкото плаќа, жената ќути, славеникот плаќа, гостинот пие! А тоа да ти било, тука секој си го плаќа своето. Мислам, и ние го правиме тоа, ама ние барем ги собираме парите на купче и толку - а ова е пластична нација: „Јас го изедов тоа и тоа и мене дај ми посебна сметка“...Тоа ме излудуваше на почетокот, но кога ќе ги преброиш бакшишите, ти станува помалку тешко.
Татковино убава, доста за денес, и онака ти е тежок животот. Се слушаме наскоро„
Се надевам дека нема да завршам како оној Мујо пред неколку години, но своето прво писмо ќе го завршам со неговите зборови - Канада е прекрасна земја!

Извор. on.net
 
Инспекција на Он нет одма да му се прати да ја проверат веродостојноста на ова погоре.
 
За момент помислив дека се работи за Македонка во Кенеда. Ама, пак, ете, не била. Хрватица била.
Знаев дека не е Македонка. European championship is on! Our motherland needs us! :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom