leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Јас тука работам во сопствена фирма па едвај успевам последниве месеци да врзам крај со крај. На почетокот фирмата ми работеше одлично, ама пуста наша држава ме казни 3500 евра бидејќи имав 13 денари вишок пари во касата и се што имав заработено во текот на цела година државата пак ми го зеде па дури не ми ни стигнаа и морав да позајмувам од роднини за да ја платам казната...Па нели е жално?
Јас пред неколку време ти објаснував за инспекциите во Македонија. Ти имаше дуќанче во Струмица на добра локација и ме убедуваше дека секој што е чесен има леб во државава. Да не речам и добро се искаравме на темата, во времето кога беше почетник и мислеше дека се е така розово во приватниот сектор во Македонија. Немој да мислиш дека ти се ситам за казната, напротив ме прави бесна кога ќе прочитам ваква ствар. Знам и дека си работиш поштено и си ги плаќаш фактурите истиот ден, така и кажуваше. Ти велев, приватен сектор во Македонија функционира само на хартија, глава неможе да се крене од инспекции за било што. Макар бил и најчесниот ќе најдат начин да те казнат. Буџетот долги години е празен, единствениот извор им е килавиот приватен сектор. Кој имал своја фирма знае дека попрво би инвестирал во Тунгузија, него ли во Македонија. Тоа ти е луда држава. Може да кажува басни само оној кој работи во државен сектор или некој кој немал своја фирма.
Жално е да. Се е жално во Македонија. Не е фер. Не е човечки. И не е место каде можеш да живееш како човек. За фирмата запомни првите 5 години се тешки, после се навикнуваш и на казни и на неплаќачи и на хаосен правосуден систем кој за една фактура да си ја наплатиш чека година дена (фактура со износ кој може да те банкротира да речеме и да не ја дочекаш годината). Се е жално пријателе. Али таква ни била среќата да се родиме во една таква батак држава и да научиме на секои 5 години да се креваме од дното. Таков е циклусот, креваш глава идат и ти ја сечат. После пак. Никад на колена неможеш да застанеш. И на крајот од денот, дали воопшто вредат тие нервози и до кога ќе живееме, па за да имаме таков стресен живот.