ATV

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.259
Поени од реакции
12.529
2f81e885-85a6-4370-865d-21baa9317a74.jpg


Вози некој вакво? Што дозвола треба, колку трошат и која кубикажа ги прават? Цени мени... Тешки се за возење? Прееска еден пред мене остана без кацига и за малку не го преврти од давање многу гас, ама сигурно 600 кубици машина имаше...
 
Ова на сликава ако не се лажам е кавадаречкото, нели? :) Ова е мислам 110 кубика или така нешто... Мало е, незгодно за возење и нема некоја снага за на терен.

Мој личен избор за АТВ е Сузуки Кинг Квад. 700 кубни сантиметри, 4х4 со редуктор - цена околу $6000 во САД.

Инаку во Скопје имав прилика да осетам Sym 250cc, купено гланц ново за некои 3800 евра! Тенк, снага ненормална ама има крута осовина и е со ланец.

Мераклија сум на оние поголемите, со редуктор, рикверц и кардански пренос со независно потпирање назад и напред. Цените на овие се движат од 4 илјадарки па нагоре.

За возење се малку зафркнати, ама ако имаш барем малку основа со моторцикли ќе се навикнеш на 4те тркала. Лесни се за преметкање и опрема е задолжителна макар и во град да го возиш. Ова не се возилца за чалам и покажување... Додека да трепниш „нозете“ ќе му бидат во воздух а рачунај немаш никаков ролбар да те штити.


Ќе оставам некој што има и вози АТВ да објасни како оди со потрошња, перформанси на отворено, со товар (патник) и искуство од прва рака...
 
Вакви срања има низ Битола... колку што знам, започнуваат со 50 кубичен мотор и автоматски менувач (напред, лер, назад), и тоа е тоа. Појаките имаат и полуавтоматски, ама се доплаќа. Кинеските производители ги прават, а цената мислам дека за најмалиот е околу 2.000 евра.

Инаку имам возено и вакво, и трицикл (со едно тркало напред) верувај дека мене воопшто не ми се бендиса. Трициклот е многу лош за влегување во кривини, лесно останува едното задно тркало во воздух и можеш да се превртиш ако немаш многу искуство. Четирициклот е исто како да возиш кола. Не гледам зошто би возел такво нешто кога веќе ја имам колата. Ако размислиш сериозно за возење низ град ги имаш сите негативности од кола и моторцикл на 2 тркала собрани во едно. Нити побрзо ке се пробиеш низ метеж, нити ако заврни си под суво, нити можеш да се паркираш каде сакаш...

Кога сме кај дозволите, бараат А-категорија за појаките, додека 50 кубичните се возат со Б. Ги преправаа дозволите пред година-две, ама државава ни е смотана, па не им текна да додадат подкатегории за овие возила. Исто така и се регистрираат, ATV со зафатнина од 600 cm3 и 1 цилиндричен мотор да го регистрираш чини исто колку ендуро со истиот мотор.
 
Имам возено Kawasaki Mule, Polaris Ranger i John Deere

Кавасакито и Поларисот имаат солидни перформански додека од Дир не сум баш импресиониран во секој случај добри се за во некое забаталено село да не ја арчиш лимузината инаку ништо посебно.
 
Јас имам ..50 кубика е оди до 75кмч..Цената е 1350евра..И супер се вози..Прекрасен за нерамни патишта..Ако зимаш зимај..
 
Шитка ли некој КУМСО АТВ моторче 50 кубика и колку пари ????

^ какво е твоето за 1350 евра ? кинеско или ? и ако можеш слика стај некоја
 
Ова е Кивеј, не е Кимко. Го имаш возено на терен? Ме интересира како се однесува.
 
Добро е бе шо ... 2 или 4 тактно ти е ? и колку ти троши ?


4тактно..За трошење , види сега го полнам до даска збира 4литра го возам 3 часа на ден за една недела пак го полнам..Не сум израчунал колку троши на 100км..

И да Кивеј е..
 
4тактно..За трошење , види сега го полнам до даска збира 4литра го возам 3 часа на ден за една недела пак го полнам..Не сум израчунал колку троши на 100км..

И да Кивеј е..
3 часа по просек 20 км/ч = 60км дневно.

7 дена неделно х 60 км = 420 км

ти доаѓа дека троши 1 до 2 литри на 100 км. Што е и очекувано од 50 цц 4 тактен мотор.
 
4тактно..За трошење , види сега го полнам до даска збира 4литра го возам 3 часа на ден за една недела пак го полнам..Не сум израчунал колку троши на 100км..

И да Кивеј е..


ej kako sto velis nema sansa da odi 75km/h ( najveke ako odi 45km/h ) zatoa sto ako vidis specifikacii ke vidis deka tie od 300-400cc odat po 80km/h
 
мене ме бендисуваат овие ама чув дека се забранати за патишта... значи да се користат само како теренци... шо знам:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom