- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.155
- Поени од реакции
- 16.868
6та година по ред, главниот град на В.Британија, Лондон ги пречекува најдобрите осум тенисери во изминатата година, како низ изминатите 5 години, така и оваа, натпреварите ќе се играат во О2 арената.
Оваа година во најдобрите осум тенисери ќе имаме и еден дебитант кој прв пат ќе настапи на овој завршен турнир, а тоа е швајцарецот Станислав Вавринка.
Oстанатите тенисери се: Надал, Ѓоковиќ, Дел Потро, Бердих, Федерер, Ферер, Гаске.
Поради повреда нема да настапува Енди Мареј, па неговото место според АТП рејс го пополни Ришард Гаске.
Ждребот сакаше групата Б да е доста по квалитетна од А, самиот факт кој говори дека во групата Б севкупно четворицата тенисери имаат освоено осум титули на завршниот турнир, а во групата А сеуште нема ниту еден освојувач на овој турнир, го истакнува квалитетот на Б групата, но сепак не очекува квалитетен тенис и во таа А група на чело со Рафаел Надал, тенисерот кој владееше низ изминатава година и имаше вистински камбек.
А група:
Надал
Ферер
Бердих
Вавринка
Распоред на натпревари
Прв ден
Бердих - Вавринка
Втор ден
Надал - Ферер
Б група:
Ѓоковиќ
Федерер
Дел Потро
Гаске
Распоред на натпревари
Прв ден
Дел Потро - Гаске
Втор ден
Ѓоковиќ - Федерер
Меѓусебен скор на осумте тенисери

Титулата од минатата сезона ја брани Новак Ѓоковиќ, кој во финалето беше поуспешен од Роџер Федерер со 7/6 7/5.
Најмногу титули во ова натпреварување има Роџер Федерер севкупно шест, последната освоена во 2011 година.
Зад него е Иван Лендл со пет, од активните тенисери најблизу до Федерер е Ѓоковиќ со две титули, освоени во 2008 и втората освоена ланската година.
Напомена дека на овој турнир учествуваат и најдобрите осум дубл парови.
Официјален сајт на турнирот: http://www.barclaysatpworldtourfinals.com/en
Официјален сајт на АТП турнеата: http://atpworldtour.com
Телевизија која ќе го пренесува турнирот: СК1, МРТ
Па нека победи најдобриот!
И нека има квалитетна дискусија, без да ми отварате работа.



Ако ти текнува пред финалето на УС Опен не убедуваше дека Новак ќе освои па видовме што се случи. Пред некоја година беше спречен од Федерер, а сега кога ја има најдобрата сезона на хард зад себе, не гледам зошто не би го освоил. Нормално, не е најголем фаворит со оглед на подлогата и условите во кои се игра, но има големи шанси да го направи тоа. Новак и Ферер изгледаа доста исцрпено после денешниот меч, а да не зборам дека Новак има пеколна група, и дека му следуваат два тешки меча. Ќе видиме, не очекува врвен тенис, само мене ми е премногу жал за Гаске... Што ќе бара човеков меѓу тројцава не ми е јасно...
Никој од нас не е Нострадамус, сите си кажуваме свои предвидувања и свои мислења. Ја ко негов фан стварно мислам дека е време да го освои и мислам дека ќе го освои, а дали ќе го освои останува да видиме.