AceCaleb
Деспот на Адот
- Член од
- 31 декември 2007
- Мислења
- 5.964
- Поени од реакции
- 11.378
Па едини аргумент што е во прилог на Федерер е неделите на прво место. Убедливо губи од Надал во меѓусебни дуели и мастерси, дуели на гренд слемови и општо во финалиња, воедно помалку мечеви имаат изиграно на земја него ли на бетон каде Федерер би бил супериорен наводно а има само 2 победи повеќе од Надал. Еве ако рачунаме и кој повеќе мечеви има општо одиграно во тенисот (зашто уште одамна имаше многу паузи ради повреди Надал), пак резултатите се повеќе на страната на Надал.Пред спиење ти го прочитав коментарот и си викам ај утре ќе вратам и комплетно изумив два дена поминаа. Еве сеа и ме тагна дур пишувам
п.с. Новак не може да има повеќе пошто е секогаш на прво место хехе
Иначе извини сега проверив 2012 беше поразот од Росол, не 2013. Така да додади уште една сезона.
6 години по ред Рафа не помина четврто коло на Вимблдон и плус неколку пати испадна во прва недела на АО и УС Опен.
Исто така на последните 3-4 мастерси во сезоната вклучувајќи го и завршниот не постои Надал да не кажам цела негова кариера.
Ти ќе кажеш ради повреди, ја викам дека начинот на кој Рафа игра не му дозволува да биде во врвна форма повеќе од пола сезона, телото не му издржува. Прокува на 26 години и оттогаш бира на кои турнири ќе биде во својот "peak". Ноле и Фед почнаа да го практикуваат тоа на 32-3 години.
За хед ту хед Рафа вс Ноле.
Имаат 59 меѓусебни одиграно од кои 28 на земја, 27 на бетон и 4 на трева. Највеќе мечеви на земја имаат, а има дупло повеќе турнири на бетон на турот. Каков заклучок да извадам од ова, дека Рафа поретко стигнува до полуфинале и финале на бетон отколку Новак на земја?
Бтњ 20-8 за Рафа на земја, 20-7 на бетон за Ноле и нерешено 2-2 на трева. Доста изедначено, дури и за Надал би навивал (ако не изедеше лајна во Австралија и сега пред 1 недела) во следен дуел за да е 30-30 h2h.
За инает никогаш не пишувам, да тролав немаше реферати да редам. Според мене нијанси ги делат Фед и Рафа според нивните моментални успеси и рекорди и пробувам да го аргументирам тој став.
Не знам зошто уште си во дилема за ова и пробуваш нешто да докажеш, кога математиката е таа. Овој муабет уште пред две години требаше да е завршен, кога беа изедначени во слемови а Надал во повеќето статистики беше пред Федерер веќе, лани само се зацементира со два слема пред него.