ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Изгубил турнир на земја де, се има дешавано :)
 
Тоа што го одигра Шварцман нема никогаш да го повтори пак.
 
Му фали тенис у раце и нозе, толку, колку и да тренирал периодов голем кур, и после повреда тренираат па пак зарибани се на прв, втор турнир, нема играно пола година тенис така да му треба уште за да убаци у 6та, иако он и у 5та лагано го освојува РГ. Таму ќе игра со падавичари до полуфинале сигурно, а можда и до финале, зависи тием на која страна од ждребот ќе е, така да и тоа ќе се консолидира.

Новак иначе се враќа на старото, у поглед на емоциите и нервозата на терен, и желбата на победи, ова у позитивен контекст го кажувам, добро е тоа за неговите фанови, иако ипак игра на подлога на која воопшто не се осеќа комотно и се глеа дека од дно на душа ја мрази.
Денес судијата приказна за себе, не еднаш, не два пати, три ебани пати носи одлуки контра она за кое новак беше убеден дека е аут, и три пати на репетиции со hawk eye ноле беше у право, очигледни аути беа у прашање. Случајно или не незнам, еднаш да, три пати истиот аут кога веќе има траг каде удрило топчето веќе е too much, што дополнително влијаеше на него али па и го разбуди истото најдоброто у него кога беше и најпотребно. 200 пати сум пишал и на форумов, смирен новак е проблем за секој негов фан, рамнодушен, без покажување на емоции и изливи на нервоза, вака ок е, на место си е све, вчера и рекет рокна, which is nice, не знам зашто таа пракса не ја тераше и во Америка али бидна, идемо даље.

Мора да го освои мастерсов без разлика што не игра на ниво, противниците се такви какви што се а освојување ќе значи дека повторно го поминува Надал во мастерс титули, до крај на година може и да се одлепи дополнително у тој сегмент. За РГ мислам дека нема игра, многу е битно да се избегне тием до финале, секако таму се знае кој се прашува без разлика каков е ждребот, једино коронава и паузава нешто да пореметило.
И ова да додадам, не знам колку ќе влијаат временските прилики и тоа што ќе е поладно у париз од периодот кога се игра регуларно слемов, односно дали тоа би му сметало на Рафа или не, мислам колку поладно толку боље конкретно за тенисер ко Новак.
A кога сме кај прогнозата, у париз наредни денови просечна температура под 20 степени максимална, до 21, со дождови, не е ова период за тој слем али ај ...
 
Последно уредено:
Денес судијата приказна за себе, не еднаш, не два пати, три ебани пати носи одлуки контра она за кое новак беше убеден дека е аут, и три пати на репетиции со hawk eye ноле беше у право, очигледни аути беа у прашање. Случајно или не не знам, еднаш да, три пати истиот аут кога веќе има траг каде удрило топчето веќе е too much, што дополнително влијаеше на него али па и го разбуди истото најдоброто у него кога беше и најпотребно.
 
Битна работа за Џокович ќе биде на ждрепката за Ролан Гарос, Доминик Тим да не се падне во половината на ждребот каде ќе биде Џокович.

Секако подобро е Тим да се падне во половина на ждребот каде што ќе биде Надал.
Во 2019 Џокович во полуфиналето испадна баш од Тим.
 
Ептен е зезнат ждребот на Рафа

Потенцијални противници му се луѓе што во минатото го имале победувано на земја или луѓе во добра форма

1/16 финале: Нишикори
1/8 финале: Фоњини
1/4 финале: Саша Зверев
1/2 финале: Тием
Финале: Новак

Нели, Надал е фаворит против сите и се очекува со сите освен со Тием да не се мачи...ама ипак, ако испаднат овие мечеви, сигурно ќе биде забавно.

Нишикории Фоњини можда нема ни да стигнат до таму..ама ако стигнат..сигурно се најзаебани противници за во оваа фаза

Еве чисто за еднаквост, потенцијални противници на Новак:

1/16 финале: Хуркаш
1/8 финале: Качанов/Гарин/Колшрајбер
1/4 финале: Беретини/Агут/Чарењо
1/2 финале: Медведев/Циципас

Ќе биде интересен турниров богами, има интересни потенцијални дуели, ајде да видиме дали ќе има изненадувања и во која фаза
 
Агут му го има меракот на Новак, ништо чудно да го реши ;)
Не очекувам ни Ниши ни Фоњини да напраат проблеми бидејќи се во очајна форма а и од повреда се врати Нишикори после 9-10 месеци аут.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom