Конечно се прибирам дома и можам да споделам импресии од моето искуство минатиот петок во Софија. Скоро завршија турнирите и од оваа недела, како да беше лани, сепак мора да ги пофалам организаторите на турнирот за нивната перфектна изведба. Скоро се да беше под конец што се однесува до делот и условите за публиката. Движењето во тек на поени и гемови строго забрането, поставено "јаже" кај сите влезови, истото го тргаа во рок од минута време кога играчите се одмараа измеѓу гемови.
Гледав 2 меча, Димитров - Троицки и Клизан - Басилашвили. На првиот салата беше исполната околу 90% т.е. 10 000 луѓе, за вториот меч беше полупразна.
Првиот меч имаше одлична атмосфера иако квалитетот не беше како што очекував... сепак навивав да се играат 3 сета

Вториот меч во 3 сета беше доста понеизвесен и со поголем просек на удари по поен, делуваше доста помоќно отколку на телевизија.

Еве го најдобриот поен од мечот Димитров - Троицки, сниман од мојата позиција.
Бидејќи половина од публиката си замина после мечот на Димитров, остана доста простор и шанса да се гледа и од другите позиции, поточно на седиштата од прва категорија од хоризонтален агол. Линиите баш и не се гледаат, меѓутоа изгледа многу помоќно во однос на вертикалното гледање. Сепак, за следна прилика повторно би избрал вертикален агол (телевизиски), бидејќи така може најмногу да се ужива во мечевите.
За крај, сите што имаат можност им препорачувам да одат следната година, здравје ако се одржува турнирот, за мене беше одлично искуство.
Се надевам дека ќе најдам карти за Дејвис Куп дуелот меѓу Србија и Шпанија, па здравје боже ако јас или некој од нас тука има среќа да ги гледа Новак и Рафа меѓусебно во Белград, или ајде барем еден од нив..
