Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Баш дојдов на темава да го постирам истото, гледам сте ме претркале.
Значи типот имаше потенцијал да ми стане фаворит, сето тоа што го постигна беше ептен симпатично и освежувачки, но откако ја прочитав изјавава го прешкртав, толку беше мојата почит за него. Лично, кога навивам за некого, покрај талентот, начинот на игра и сите останати спортски елементи, за мене е клучно спортистот (без разлика на спортот) да биде коректен и фер-плеј играч. Играч кој ги оговара и оцрнува своите колеги само за да постигне поени и слава, кај мене автоматски ги губи сите “симпатии“ и мојата наклонетост. За тие што не знаат (иако не верувам дека има такви
) , не сум обожавател ниту на Федерер, ниту на Новак, јас навивам за Надал, но вакви изјави се во најмала рака одвратни, посебно кога доаѓа од некој што треба да јаде фурни леб за да стигне до Ноле, Федекс и Рафа, па и ДелПо и Мареј.
Голем играч не е само оној кој има техника, туку и оној кој има карактер. Како беше она: Form is temporary, class is permanent.
Покрај веста за пивото и цигарите, ова уште дополнително ме напна.


Голем играч не е само оној кој има техника, туку и оној кој има карактер. Како беше она: Form is temporary, class is permanent.
Покрај веста за пивото и цигарите, ова уште дополнително ме напна.
