ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа никој не го прати мастерс турнирот во Рим, ама денес квалификантот Santiago Giraldo(добро запамтите го името) го направи за смеење 12 носител на турнирот и поранешен број еден играч во свет Juan Carlos Ferrero за 59 минути, првиот сет го доби за само 17мин и тоа со 6-0, а во вториот беше подобар со 6-3.

Багдатис изгуби од Ернест Гулбис со 6-2;6-2 во сетови за 1 час и 10мин

ја се изненадив од коефициентот за Фереро исто така го одиграв сингл 2ка за Џиралдо и со хендикеп на тикет го имам..

Од кога ќе почне со преноси канал 5?
 
ја се изненадив од коефициентот за Фереро исто така го одиграв сингл 2ка за Џиралдо и со хендикеп на тикет го имам..

Од кога ќе почне со преноси канал 5?

Почнаа 5ка и 5+ со преноси, тие два натпревари кои ги искоментирав беа во директен пренос на 5 и 5+....иначе утре ќе има директен пренос од 13часот на 5ка(а после продолжува на 5+)

:smir:
 
Може да се отвори посебна тема за овој турнир (во Рим), но ако има некој што ке има со добар вовед, и се останато како една тема што треба да си биди и распоред и сл.
Бидејки немам време а и немам доволни информации со овој турнир.

П.С. - VAMOS RAFA!!
 
Друже нема потреба бе од посебни теми за секој турнир, сепак ова си е мастерс, а мастерси има еден куп, а тоа значи еден куп теми, на мене не ми е проблем да ја отворам темата за Рим, ама за една недела иде во Мадрид....така да само ќе се трупа на теми, ај за Гренд слемови да се отвори оправдано е, а за ова не е логично.:toe:...тоа е мое мислење, ама ти си модератор ти си знаеш како е најдобро
 
Добар е Гулбис, одлично изигра
.
 
Не кажав мора, туку кажав може ако сакаме, али нема многу љубители и гледачи така да не мора ужвајте, и оваа е тема за што може да пишаме со турнирот.

Инаку ајде од утре ваљда ке биде поинтересно некој нека пиша сите парови утре и кој термин се играат ?
Има официјална страна турнирот?
 
Еве ти официјална страна за турнирот во Рим

Код:
http://www.atpworldtour.com/Tennis/Tournaments/Rome.aspx
:smir:

а и распоред

Код:
http://www.atpworldtour.com/posting/2010/416/mds.pdf[CODE]
[/CODE]
 
Новак убедлив против Шарди со 6-1;6-1 во сетови за помалце од 1час, поточно 59минути....а најголемото изненадување го направи Ернест Гулбис кој го совлада првиот носител Федерер со 2-1 во сетови(2-6;6-1;7-5)
 
КАКОВ СРАМ !!!!

Федерер, се прави газда бе .. изиграва шеф, не иде на турнири како што беше Барселона и Монте Карло не се замара, и саа ке дојде тука и сака да го зема и овој турнир?!? Ма чекај малку, на теренот беше како збунет незнаеше, немаше контрола .. немаше горе доле ништо за да игра, сосема заслужено изгуби! И нека не се прави друг пат така да не учествува на турнири и сега нека си отпаѓе од првото коло!

Тенисер бр 1, паѓа од првото коло, абе одиии бе, да го спомнам Надал иако е трет, никогаш ама баш никогаш нема да си дозволи не само Надал и другите тенисери блиску горе до ранк листата!
Незнам, ова е жив срам, треба да се засрами!!!
 
Федерер :pop::pop:
Дали не бил доволно спремен,или пак неиграњето на турнири си го прае своето..:toe:
 
Ернесто Гулбис е младата надеж во тенисот:vozbud: Ја коа им зборев на другарите за него ми се смееа. Го памтам од Вимблдон 2008 коа имаше изгубено до финале само од него сет 7-5:smir: ЅВЕЕЕЕЕЕЕР
 
Нека дојде Гулбис да го тепа Федерер на грен слем :)

Мислам дека ова е само моментален пад на форма пред се психички, не можеш цело време да играш одлично, човекот сега е татко не можеме да не помислиме дека за него е само тенисот во животот нели,никој не може да знае што е причината! нема човек без проблеми барем не во одредени периоди од животот. Поготово сега кога е татко! Дали е срамота што загуби? воопшто не е ! 16 грен слем титули, со години на 1 место! Повеќе не треба повеќе да се зборува. Човекот е најголемиот тенисер на сите времиња, кој сме ние да го крикитуваме? немој да делувате смешно, ве молам.
 
Лазар Магнинчев го победи Ернест Гулбис во Дејвис купот,Магнинчев е подобар од Федерер :) :vozbud:

Инаку многу фанови имаше на Федерер на трибините исто како да се играше во Швајцарија во некој град,исто така Гулбис имаше 7 меч топки ако не ги искористеше отиде..

Денеска Надал од 13:00 против Филип Колшрајбер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom