ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Надал се движи како у најдобрите денови. :cuc:
 
Ситуацијата е целосно обратна од 2015-2016, сега Надал во речиси топ форма го толчи Џокович кој е вон-форма.
 
Толчење прв сет. Вториот сет Ѓоковиќ одигра малце на поголемо ниво, ама тешко идеше, моментално е далеку од форма, а и од спротиставување на Надал.
Така да, очекуван резултат.
Честито нова титула на Надал. Одличен тенис игра.
 
Страшна партија на Рафа денес, тактички совршена и доволна за рутинска победа. Welcome back мајсторе, три години го чекам ова.
 
Која легенда беше лани шо ни се смееше, кога викавме дека Тим е меѓу топ 5 на земја?
 
Која легенда беше лани шо ни се смееше, кога викавме дека Тим е меѓу топ 5 на земја?
Има повеќе такви легенди, нивното тениско познавање не заслужува да ги именувам. :)
 
Која легенда беше лани шо ни се смееше, кога викавме дека Тим е меѓу топ 5 на земја?
Одговорот го имаш во своето излагање. Болдираниот збор доволно кажува.
Лани ни Новак ни Мареј немаше да изгубат од Тим, добро за Новак и сезонава не знаеме дали е спремен да изгуби од Тим на земја.
Мареј сезонава не е ни топ 10 на земја, можеби ни топ 15, а лани освои Мастерс и играше финале.
 
VAMOOOOOOOOOOOOOOOOS
18449353_10155377169780820_4907257718653932717_o.jpg
 
Одговорот го имаш во своето излагање. Болдираниот збор доволно кажува.
Лани ни Новак ни Мареј немаше да изгубат од Тим, добро за Новак и сезонава не знаеме дали е спремен да изгуби од Тим на земја.
Мареј сезонава не е ни топ 10 на земја, можеби ни топ 15, а лани освои Мастерс и играше финале.
Ајде наброј 5 играчи врз основа на формата од 2016 кои биле пред Тием т.ш. ќе докажеш дека тој не бил топ 5 лани.
 
Не сум баш сигурен за последниве двајца. :)
upload_2017-5-14_21-14-56.png
Со Стен нема релевантен меч на земја во 2016та, ама сериозно човекот што го освои РГ во финале со Новак во 2015та а во 2016 загуби во 4 сета од Мареј, автоматски стана полош играч на земја во 2016та?
 
Прегледај го приврзокот 170825
Со Стен нема релевантен меч на земја во 2016та, ама сериозно човекот што го освои РГ во финале со Новак во 2015та а во 2016 загуби во 4 сета од Мареј, автоматски стана полош играч на земја во 2016та?
Тием на Ролан Гарос можеше да изгуби само од Новак, од никој друг. Ако се сеќаваш добро Вавринка не покажа ништо, а стигна до полуфинале на РГ 2016 преку мртви противници, таму беше поштено исплескан од Мареј, сетот му беше поклон за роденден.
Ако не ти е јасно за што зборувам, слободно побарај го цел меч и увери се. Што се однесува до поените освоени на земјена подлога, Тием има нешто повеќе (компарација се прави на Монте Карло, Мадрид, Рим и РГ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom